Македонија
УКИМ го одбележа Светскиот ден на науката
Традиционално, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ го одбележува Светскиот ден на науката со низа настани. Централниот настан се одржа денес, 10 ноември 2020, на видеоконференциската платформа „Зум“ во согласност со протоколите за справување со пандемијата.
Настанот го отвори ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, проф. д-р Никола Јанкуловски, и даде пригодно обраќање за годинешната тема на Светскиот ден на науката за мир и развој на УНЕСКО. Оваа 2020 година како година на глобални предизвици кога човештвото се соочува со пандемија од невидени размери, императив е спрегата на ефикасна примена на научните резултати во интерес на заштита на здравјето.
Темата на Светскиот ден на науката годинава е: ‘Наука ЗА и СО општеството за справување со глобалната пандемија’. Целите се да се зајакне меѓународната научна соработка, со зајакнување на отвореноста и пристапот до податоци.
Потоа, ректорот, проф. д-р Никола Јанкуловски, ги промовира најдобрите научници и уметник на Универзитетот во одделни научноистражувачки подрачја, кои постигнале врвни научноистражувачки резултати во 2019 година. За најдобри научници се промовирани: проф. д-р Зоран Гучев, Медицински факултет, проф. д-р Кирил Сотировски, Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс ем“, проф. д-р Сузана Топузовски, Природно-математички факултет, проф. д-р Трена Јорданоска, Факултет за музичка уметност, проф. д-р Николина Паламидовска-Стерјадовска, Економски факултет, и проф. м-р Љубиша Кировски, Факултет за музичка уметност (во категоријата уметник).
Потоа се одржа трибина на тема: „Отворена наука“ (Open Science), тема што е во согласност со годинешниот фокус на Светскиот ден на науката – „Наука ЗА и СО општеството“. Идејата за отворена наука е визија на Европската комисија за градење инфраструктура за европски облак на отворена наука (European Open Science Cloud(EOSC)), кој би требало да стане реалност во 2021 година како виртуелна средина за сите истражувачи да може да чуваат, управуваат, анализираат и повторно да користат податоци за истражувачки, иновативни и образовни цели.
На оваа исклучително актуелна тема УКИМ е во чекор со времето преку неколку европски проекти, активно е вклучен во активностите за отворена наука во Европа. Поканети беа инспиративни предавачи, членови на лидерските тимови за овој процес во земјата, регионот, Европа, како и на северноамериканскиот континент.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

