Македонија
Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов и Марин се што прават е во насока на бавно труење на скопјани и аеродромци

Зимата уште не дојдена, Аеродром се гуши. Секоја вечер нивото на загаденост на воздухот е 4 – 5 пати над дозволеното, ова се податоци кои ги покажува мерната станица во Лисиче. Златко Марин и Петре Шилегов кои дојдоа на власт, јавајќи на бранот дека ќе го намалат загадувањето на воздухот и ќе го подобрат неговиот квалитет, три години ништо не направија, обвини советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.
„ Нема нови зелени површини, нема инвестиции во енергетски ефикасни објекти во ниту една општина на територија на град Скопје, како што првично беше ветувано, нема ниту еден проект за подобрување на квалитетот на воздухот.
Ситуацијата ја влошуваат дивите депонии, кои ги има на секаде, а за кои градот, иако признава дека се проблем, ништо не прави за да ги дислоцира. Шилегов и Марин се што прават е во насока на бавно труење на скопјани и аеродромци.
Шилегов и Марин стоеја позади Заев кога тој ветуваше чист воздух за Аеродром, викаше на цел глас, ајро, ајро, чист воздух за Аеродром. А сега наместо чист воздух аеродромци дишат смрт. Затоа потребна е одговорност“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Кандидатите на СДС не се реформирани туку рециклирани, Филипче пак покажа дека заевизмот е наративот по кој ја води партијата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС повторно демонстрира неспособност да понуди нешто ново. Со месеци наназад зборуваа за некоја реформација и за нови лица. Кои се и каде се тие нови лица“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Филипче откако ја презема партијата се обидува да наметне некој наратив за реформирање, а сега во прва прилика кога треба да го оправда тоа што го зборуваше, тој повторно нуди имиња на познати стари ликови. Или по логиката на СДС овие ликови би биле нереформирани.
Јавноста повторно е сведок на истите шеми на СДС. Кандидатите кои СДС ги нуди за претстојните локални избори не се ништо друго освен жив доказ дека заевизмот и понатаму е наративот по кој Филипче ја води партијата.
Изборот на кандидати е најјасната порака што една партија ја испраќа до граѓаните. СДС во овој случај испраќа порака дека прво не е реформирана партија, што значи дека повторно ги лаже граѓаните. И второ, дека овие кадри се истите оние од претходно, кадри кои се познати низ општините по скандали и уништен углед.
Кандидатите на Филипче, или на тандемот Филипче-Заев се луѓе кои ги претстаавуваат најлошите практики на локално ниво. Од нив не се очекува никаков развој, ниту пак може да има некаков бенефит за граѓаните. Од нив се очекува послушност.
За какви интелектуалци зборуваше Филипче? За интелектуалци врзани за СДС како приврзоци базирани на лична лојалност наместо компетентост, или интелектуалци кои ќе ги користат институциите за партиски цели.
СДС само покажува дека ја продолжува истата политика што граѓаните одамна ја отфрлија.
А тоа што Филипче сега е играч во кампањата, Филипче кој е симбол на здравствениот хаос и сомнителните тендери, тоа само покажува дека СДС не се реформира туку се рециклира.
Со вакви луѓе, СДС не тргнува на избори, тргнува во уште еден директен, сигурен пораз. Граѓаните веќе ги препознаваат ваквите структури на СДС, криминални мрежи маскирани во социјалдемократи“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
„40 милиони евра изгубени – дебакл на Европската агенда на сите фронтови“, велат од ДУИ

„Во сенка на големиот дебакл во Европскиот парламент поминува веста дека државата изгуби речиси 40 милиони евра од Планот за раст на Европската Унија. Овие средства не беа симболични. Тие беа наменети за поддршка на реформите што директно влијаат врз економијата, енергетиката, образованието и стандардот на граѓаните“, велат од ДУИ.
„Но, неспособноста, некоординираноста и институционалниот хаос станаа пречка дури и за повлекување на веќе одобрени фондови. Министерството за енергетика доби негативна оценка од Брисел за реформите што требаше да ги спроведе до декември 2024 година, со што државата остана без 2,1 милион евра.
Истото министерство не ги исполни ниту обврските за јуни 2025 година, со што се изгубија уште најмалку 10 милиони.
Министерството за финансии, пак, со ист таков неуспех, го загуби најголемиот дел од очекуваните 4,2 милиони евра. Три министерства, три сериозни институции, и ниту едно чувство на итност, одговорност. Северна Македонија требаше да добие 17 милиони евра за реформите до декември и уште 70 милиони за обврските до јуни. Наместо тоа, добивме празна реформска каса, изгубен кредибилитет и понижување пред европските партнери. Во време кога регионот напредува, нашата држава сама си поставува сопки, блокирајќи го патот не само кон ЕУ, туку и кон нормалноста.
Ова е дебакл на портфолиото на Министерството за европски прашања, во чија надлежност е следење, координација, контрола, подготвеност и одржување на капацитетите за апсорпцијата на странската помош, особено таа од ЕУ
Ова е модел на владеење кој произведува застој, несигурност и економска штета. Владата не ја изгуби само довербата на Брисел, таа ја губи и довербата на сопствените граѓани.
Никој не може да зборува за развој и просперитет, додека паралелно го блокира пристапот до фондови што се заслужени, не подарени.
ДУИ бара итна објаснување: кој е одговорен за оваа загуба и што ќе преземе Владата за да спречи нова катастрофа.
Зашто држава која не знае да ги искористи шансите, нема право да се жали на пречките. И додека граѓаните се соочуваат со зголемени трошоци, инфлација и институционален хаос, Владата дозволува 40 милиони евра да испарат без глас, без реакција. Тоа не е реформа. Тоа е саморазорување“, се наведува во соопштението на ДУИ.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 12.00 до 14.00 часот, корисниците од улицата Свети Наум Охридски, општина Кисела Вода.