Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче станува гробар на својот народ, 30 мртви за еден ден, оставка веднаш
Гробарот Венко Филипче денеска закопа 30 граѓани. Триесет семејства завиени во црно. Само Филипче може да постигне вакви црни рекорди! Знае ли Филипче дека по Втората светска војна до денес Македонија не памети толку големи човечки загуби, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Македонија се соочува со најголема смртност предизвикана од корона затоа што Филипче здравствениот систем го стави на колена. Филипче како да не знае дека е на функцијата министер за здравство. Филипче како да не знае дека зема плата од пари од народот за да се грижи за здравјето на токму тој народ.
Филипче треба да си даде оставка затоа што здравствениот систем е парализиран. Затоа што болниците не се подготвени за корона-кризата. Затоа што Филипче ги остави пациентите без потребните лекови. Затоа што болниците немаат возила за итна медицинска помош. Затоа што докторите и медицинскиот персонал не се задоволни.
Затоа што додека короната убива, власта тера бизнис и тендери. Филипче е најнеспособниот министер за здравство од создавањето на нашата држава. Затоа, Филипче оставка – веднаш!“ додаваат од партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Влен“: Партијата Левица е „сламката за спас“ на Ахмети, Села и Таравари
„По секој пораз доаѓа нервоза, а тоа најдобро се виде кај Али Ахмети. Симнат од тронот, излезе да ги навреди Албанците. Почна со „загари“, заврши со „Газиместан“. Ова е вистинскиот Али Ахмети без филтерот на пропагандата и без телепромптерот на Груби“, велат од „Влен“.
„Победите на ВЛЕН во Чаир, Сарај, Арачиново, Желино и Теарце, како и водството во Тетово, Боговиње, Дебар, Струга, Брвеница и Долнени, целосно го разобличија лажниот патриотизам на тројката во агонија – Ахмети, Таравари и Села.
И ете каде завршија во прегратка со проруската и анти-НАТО партија Левица. Тоа е „сламката за спас“ на Али Ахмети, Зијадин Села и Арбен Таравари.
Кандидатот на НАИ, Арсим Далипи, кој ветуваше повлекување доколку има само еден глас помалку од Менди Ќура, а потоа јавно излажа, денес е во отворена коалиција со партијата на Апасиев.
ВЛЕН одамна укажа на состанокот меѓу емисарот на Али Ахмети, Кренар Лога, и Димитар Апасиев, како дел од планот за нанесување штета на независниот кандидат поддржан од ВЛЕН во првиот круг. Денес сè е на виделина.
Арсим Далипи, со „референдумот“ во рака и со „националната кауза“ во уста, заедно со „патриотите“ Таравари и Села, најдобро докажуваат дека нивната кауза никогаш не била албанска, затоа што оној што се здружува со Левица, ѝ го врти грбот на НАТО, на Западот и на самите Албанци“, соопштуваат од „Влен“.
Македонија
Димитриевски: Ќе воведеме втора целосно бесплатна паркинг зона во МЗ Панче Пешев и БС Гојчо за сите резиденти на овие месни заедници
Дождот не ги спречи граѓаните да присуствуваат во голем број на локалниот граѓански собир кој се одржа на булеварот Октомвриска Револуција во Куманово, при што сите заедно упатија силна порака: Во недела на избори повторно ќе победат граѓаните на Куманово, а градоначалник ќе биде Максим Димитриевски, бидејќи Куманово заслужува дела, визија и континуитет во развојот на градот, известуваат од ЗНАМ.
На собирот Димитриевски ги информираше граѓаните дека во месната зедница Панче Пешев и БС Гојчо ќе биде воведена втора зона за паркирање која ќе биде во целост бесплатна за паркирање за сите резиденти во тие месни заедници. Воедно ќе се обезбедат повеќе паркинг места и истите ќе бидат уредно обележани и уредени.
Тој упати порака до граѓаните дека на локалитет Табакана ќе бидат тргнати сите времени објекти, и тука нема да се гради зграда како што некој предвидел претходно во урбанистичкиот план. Тука ќе се гради детско катче, нов паркинг простор и дополнителни зелени површини.

Димитриевски ги отфрли шпекулациите дека на локалитет во близина на „СкараКајЖмара“ ќе се гради нова зграда, и информираше дека тоа нема да го дозволи, туку и на таа локација ќе биде изграден спортско рекреативен комплекс со детско катче.
По однос на локацијата кај комплексот згради К4 на бул. Октомвриска Револуција, Димитриевски ги повтори своите ставови дека тука нема да се дозволи изградба на нови згради, и нема да се пробива нова улица, туку ќе се работи на проширување и уредување на паркинг просторот и дополнително целосна реконструкција на детското катче, со нова урбана опрема и други содржини за спорт и рекреација.
Димитриевски ги информираше граѓаните кои живеат по должина на бул. Октомвриска Револуција дека пристапот околу зградите ќе биде партерно уреден и поплочен секаде каде што за тоа постои можност со цел да се уреди и обнови овој дел каде што гравитираат голем број на граѓани.
Продолжувањето на иницијативите на Димитриевски за заштита на централниот дел на градот од непланско и интензивно градење на згради, беа одлично прифатени од сите граѓани, се додава во соопштението на ЗНАМ.
Македонија
(Фото) Општина Центар: Се отстрануваат паднатите дрвја кај училиштето „Киро Глигоров“
Општина Центар информира дека во моментов екипите на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и ЈП „Паркови и зеленило“ работат на отстранување на двете паднати дрвја во близина на ООУ „Киро Глигоров“.

Улицата е непроодна за возила додека не завршат активностите, а се очекува дрвјата да бидат целосно отстранети во рок од еден час.





