Забава
Мајк Тајсон призна дека користел урина од бебето и сопругата за да помине на допинг-тест
Боксерската икона Мајк Тајсон во понеделникот призна дека во текот на неговата боксерска кариера подметнувал урина од своето бебе за да помине на допинг-тест.

Во поткастот „Хотбоксинг“ тој изјави дека користел протетички вештачки пенис наречен „визинатор“ за да ги измами антидопинг-делегатите.
Челичниот Тајсон (54) откри дека повеќепати ги лажирал резултатите на допинг-тест пред неговите мечеви.
„Беше супер, човеку; Ја ставив урината од моето бебе“, рече поранешниот светски шампион во тешка категорија додека разговараше со официјалниот претставник за допинг во УФЦ, Џеф Новицки, кој му беше гостин во поткастот.

„А понекогаш така правев и со примерок од сопругата и таа ми велеше: „Бејб, да не се надеваш дека тестот ќе покаже бременост или нешто слично“.
Њујорчанецот рече дека направил приспособувања затоа што се плашел од казните доколку се открие неговата измама.

Тајсон не појасни кои од неговите деца или сопруги биле вклучени во неговиот трик. Тој е во брак со Лакиха Спајсер од 2009 година, а претходно беше во брак со Моника Тарнер од 1997 до 2003 година и со Робин Гивенс од 1988 до 1989 година.
Челичниот Тајсон се враќа во рингот по 15 години и првин ќе ги одмери силите со поранешениот американски олимпиец Рој Џоунс Јуниор. Ревијалниот спектакл е закажан за 28 ноември со името „Лига само за легенди“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Сите гледаат во долгите нозе на познатата манекенка: кралицата на модната писта воодушеви со изгледот
Познатата манекенка Наоми Кемпбел се појави во Лондон на посебна забава за Ноќта на вештерките. Популарната „црна пантерка“ како што е инаку наречена, ги воодушеви сите со својот аутфит.
Не е тајна дека Наоми е сè уште непобедлива, а тоа често го покажува на секој настан на кој се појавува. Овој пат, таа не сакаше да работи на костим за да биде непрепознатлива, но дефинитивно сакаше да биде впечатлива.

Црно-бел моден аутфит во комбинација со штикли од ист дезен и луксузно кратко крзнено палто беше доволно за да доминира во Лондон.
Долгите нозе на познатата манекенка повторно беа во преден план, а за промена, имаше и насмевка.

Многумина често коментираат дека Наоми Кемпбел е ледена кралица, таа ретко се насмевнува на некого и се смета за строга и не толку пријатна личност. Се чини дека сега решила да работи на тој имиџ, па затоа се смееше на фотографиите.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Мајката и ќерката измамија воздишки на црвениот тепих
Познатата манекенка Синди Крафорд и нејзината ќерка Каја Гербер се појавија заедно на галата LACMA Art+Film, престижен настан што се одржува во Лос Анџелес, кој традиционално ги собира сите најголеми светски ѕвезди.
Славните убавици блескаа во креации од модната куќа Гучи, а за нивната убавина може да се зборува со денови без престан.

Синди избра златен фустан покриен со светки и реси во златна боја. Спуштените прерамки ја нагласуваа женственоста, но и деколтето кое беше во преден план. Познатата манекенка сè надополни со црни салонки и препознатлива брановидна коса.
Каја Гербер, исто така, изненади. Мајката и ќерката буквално ги оставија сите без здив, и дури сега сите сфатија колку всушност си личат една на друга.

Каја избра огнено црвен фустан за овој настан што ја следи линијата на телото и има малку подлабоко деколте. Нејзината креација беше исто така целосно покриена со светки, а исто како и нејзината позната мајка, Каја се одлучи за црни салонки и брановидна коса.

Синди Крофорд е дел од златната генерација модели кои одамна го освоија светот, а Каја е очигледно нејзина достојна наследничка, чија убавина повторно ги остави сите без зборови.
фото: принтскрин
Забава
(Видео) Кира Најтли со години одела на терапија: едвај се извлекла од постпородилна депресија
Кира Најтли неодамна се појави во подкастот „Happy Mum Happy Baby“, каде што даде искрен и детален опис на своето искуство со постпородилната депресија. Таа призна дека имала хормонален дисбаланс поради кој морала да оди на терапија.
„Се сеќавам на целосен хормонален пад. Бев на врвот, моите хормони беснееја, а потоа се сруши. Мислам дека постпородилната депресија дојде после тоа“, се присети таа.

„Одев на терапија, од прилика една година, а можеби неколку години подоцна, за да научам како да се справам со тоа“, рече таа, додавајќи дека не спиела нормално три години.
„Бебето беше добро. Јас бев добро. Сè беше во ред, а сепак, и покрај тоа што сè беше сосема во ред, се случи ова големо нешто што ми го промени животот.“
Таа, исто така, размислуваше за својот физички изглед по породувањето, како и за прашањата што ги добиваше за тоа.
„Отсекогаш имав тело кое не бараше многу физичка активност, имав едно од оние слаби тела, знаете, се врати, но бев изненадена што не се врати веднаш.“
Прашањата на јавноста за нејзиниот изглед беа сè друго освен пријатни, вели актерката.
„Во тој момент, чувствував дека јавниот разговор за тоа беше ужасен“, вели таа. „’Можеш ли да носиш стари фармерки?’ постојано ме прашуваа. Чувствував како да нема разговор, дека никој не се грижи за тоа како сум, само: ‘Кога ќе носиш стари фармерки?’“
Кира Најтли и нејзиниот сопруг Џејмс Рајтон имаат две ќерки – Делајла (6) и Еди (10), а неодамна изјави за BBC Radio дека социјалните медиуми се забранети во нејзиниот дом.

