Спорт
„Играчите до смрт ќе бидат со Зидан“

Реал Мадрид и оваа сезона ќе се бори за трофеите во сите натпреварувања во кои настапува, тврди десниот бек на овој клуб, Дани Карвахал.
„Кралскиот клуб“ се наоѓа на четвртото место во Ла Лига, а во Лигата на шампионите во првите три натпревари освои четири бода.
„Тешко е, распоредот е напорен, натпревари се играат секои три дена. Не барам оправдување, но така стојат работите. Покрај тоа, сè повеќе имам повредени играчи. Но, ние имаме добар тим, ќе се обидеме да победиме во секој натпревар, ќе се бориме за сите трофеи оваа сезона. Немојте да се сомневате во нас“, рекол Карвахал.
По поразот во Валенсија, а претходно и по поразите од Кадиз и Шахтјор, медиумите најмногу го критикуваат тренерот Зинедин Зидан.
„До смрт ќе бидеме со тренерот. Неговата филозофија е јасна, сите сме заедно во оваа игра, што значи дека сите заедно се движиме во ист правец. Тоа е она што со години го правиме“, заклучил Карвахал, кој поради повреда, еден месец не може да им помогне на соиграчите.
Според прогнозите, Карвахал на тимот ќе им се приклучи до крајот на месецот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Погачар: Не се гледам себеси во професионалниот велосипедизам уште долго

Словенечкиот велосипедски ас Тадеј Погачар по четвртиот триумф на Тур Д’ Франс предизвика вистински шок во јавноста со своите изјави за „Лекип“. Иако има само 25 години, тој веќе сериозно размислува да се збогува со спортот.
„Нема да се пензионирам веднаш, но не се гледам себеси во професионалниот велосипедизам уште долго. Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година се мојата голема цел, а по нив сериозно ќе размислувам за пензионирање“, откри Погачар.
Тој се осврна и на историски момент за Словенија – почетокот на Тур Д’ Франс доаѓа во нивната земја во 2029 година. Сепак, Погачар јасно стави до знаење дека тогаш, речиси сигурно, повеќе нема да се натпреварува:
„За мене е неверојатно што Турот ќе започне во Словенија во 2029 година. Ќе бидам таму, тоа е сигурно, дури и да не се натпреварувам“, објасни тој.
Спорт
Џака се врати во Премиер лигата

Швајцарскиот фудбалер Гранит Џака се враќа во Премиер лигата, поточно во Сандерленд.
Ова го објави речиси непогрешливиот фубалски инсајдер Фабрицио Романо.
Романо изјави дека Сандерленд, клубот кој се врати во Премиер лигата минатата сезона, постигнал договор со Леверкузен за трансфер вреден 20 милиони евра.
Џака ќе потпише договор до летото 2027 година.
32-годишниот играч од средниот ред на тој начин ќе се врати во Премиер лигата, каде што претходно играше за Арсенал од 2016 до 2023 година.
Спорт
Капитенот на Рома го напушта клубот

Лоренцо Пелегрини, капитенот на Рома би можел да го напушти кубот до крајот на преодниот рок.
„Калчомеркато“, тврди дека капитенот на „волчицата“ добил зелено светло од тренерот Џанпјеро Гасперини за трансферот.
Милан, Интер и Наполи се заинтересирани за услугите на 29-годишниот фудбалер. Според обложувалниците најголем фаворит за потписот на Пелегрини е Милан.
Пелегрини е дете на Рома. Тој е во клубот од почетокот на својата кариера.
Досега, на 316 натпревари за првиот тим на Рома, постигна 55 голови и забележа 59 асистенции.
Фото/ Принскрин