Спорт
Луд меч во Истанбул – Турција и Хрватска со трилер на пријателски меч

Турција и Хрватска го одиграа најинтересниот пријателски меч денеска, откако на стадионот на Бешикташ во Истанбул по многу пресврти мечот заврши 3:3.
Турција поведе во 23. минута од мечот со голот на Ченк Тосун од пенал, но Хрватите се вратија девет минути подоцна преку напаѓачот на Осасуна, Анте Будимир, пред во 41. минута, Турција повторно да поведе преку Дениз Туруч.
Стартот на второто полувреме беше „лудачки“ – Хрватска успеа да направи пресврт, прво израмнувајќи преку Марио Пашалиќ во 53. минута, за две минути подоцна Јосип Брекало да донесе 2:3 водство за „коцкестите“. Радоста не траеше долго – Ченгиз Ундер две минути подоцна постигна гол за 3:3.
ПРИЈАТЕЛСКИ МЕЧЕВИ
Црна Гора – Казахстан 0:0
Литванија – Фарски Острови 2:1
Малта – Лихтенштајн 3:0
Романија – Белорусија 5:3
Сан Марино – Летонија 0:3
Бугарија – Гибралтар 3:0
Турција – Хрватска 3:3
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Откриено е зошто Тадиќ не се пресели во Атлетико Мадрид

Српскиот фудбалер Душан Тадиќ неодамна беше на прагот да се пресели во Атлетико Мадрид, но договорот пропадна во последен момент.
Тадиќ пристигна во шпанската престолнина на завршните преговори, но договор не беше постигнат.
Според „Телеграф“, „јорганџиите“ во меѓувреме ја смениле својата понуда и му понудиле на Тадиќ помалку пари од договореното.
Атлетико ја намалил сумата која требала да му биде исплатена преку бонусите, во зависност од настапие, головите, асистенциите, освоените трофеи….
Откако не успеа да се договори со Тадиќ, Атлетико го ангажираше Тијаго Алмада од Ботафого, кој игра токму на позицијата на Душан, а цената на трансферот беше 21 милион евра.
Тадиќ го напушти Фенербахче на крајот од минатата сезона, Црвена звезда и Војводина се распрашуваа за него, но постојат големи шанси тој да ја продолжи кариерата во странство.
Спорт
Ливерпул подготвува рекорден трансфер

Фудбалскоот клуб Ливерпул подогтвил понуда за Александер Исак, со која ќе го сруши британскиот трансфер рекорд.
„Ливерпул е подготвен да понуди голема сума за Александар Исак откако ќе се заврши продажбата на Луис Дијаз. Исак е заинтересиран за трансфер и воопшто не преговара со клубови од Саудиска Арабија. Тој е фокусиран исклучиво на Ливерпул. Сега сè е насочено кон Њукасл, додека Ливерпул чека, но тој е подготвен да влезе во преговори со својата рекордна понуда“, пишува Фабрицио Романо.
Деталите за понудата што Ливерпул ќе ја испрати до Њукасл за Александар Исак ги откри ннсајдерот Саша Таволиери.
Според неговите информации, станува збор за фиксна сума од 120 милиони фунти (малку повеќе од 138 милиони евра), а на тоа се додаваат и можни бонуси.
Тоа би бил најскапиот трансфер во историјата на Ливерпул и Англија и трет најскап во историјата на фудбалот. Само ПСЖ плати повеќе за Нејмар (222 милиони) и Килијан Мбапе (180 милиони).
Фото/ Принтскрин
Спорт
Погачар: Не се гледам себеси во професионалниот велосипедизам уште долго

Словенечкиот велосипедски ас Тадеј Погачар по четвртиот триумф на Тур Д’ Франс предизвика вистински шок во јавноста со своите изјави за „Лекип“. Иако има само 25 години, тој веќе сериозно размислува да се збогува со спортот.
„Нема да се пензионирам веднаш, но не се гледам себеси во професионалниот велосипедизам уште долго. Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година се мојата голема цел, а по нив сериозно ќе размислувам за пензионирање“, откри Погачар.
Тој се осврна и на историски момент за Словенија – почетокот на Тур Д’ Франс доаѓа во нивната земја во 2029 година. Сепак, Погачар јасно стави до знаење дека тогаш, речиси сигурно, повеќе нема да се натпреварува:
„За мене е неверојатно што Турот ќе започне во Словенија во 2029 година. Ќе бидам таму, тоа е сигурно, дури и да не се натпреварувам“, објасни тој.