Црна хроника
21-годишник обвинет за пет кражби, меѓу украдените предмети 29 таблет-уреди и 15 литри зејтин

Против 21-годишен скопјанец е поднесено обвинение за сторени четири кривични дела тешка кражба, како и едно кривично дело кражба.
Како што информираат од Обвинителството, разбојникот на 17 октомври насилно провалил во просториите на невладина организација на улицата Вашингтонска, од каде што одзел 28 таблети, еден лаптоп, еден панел за греење, две греалки, електричен бокал и три пакети со прехранбени производи, во вкупна вредност од 232.200 денари.
Во временскиот период меѓу 20 и 22 октомври насилно, отворајќи го прозорецот од бањата, провалил во куќа на еден оштетен на улицата Црноок и одзел четири теписи, 15 литри зејтин и еден фен за коса, во вкупна вредност од 27.400 денари.
На 28 октомври на сличен начин обвинетиот влегол во куќа на улицата Вашингтонска, од каде што одзел телевизор вреден 15.000 денари.
На 30 октомври од друга куќа на истата улица одзел таблет – смарт пад, вреден 6.000 денари, и избегал.
Обвинетиот на 3 ноември го искористил невниманието на еден оштетен, кој бил во фризерски салон на улицата Индира Ганди, па од дворот на фризерницата му го украл електричниот тротинет вреден 30.000 денари.
Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен 70-годишен Германец на Табановце: пронајдена е марихуана во возилото кое го управувал

Вчера во 12:31 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници гo лишија од слобода 70-годишниот Р.Е.Р.Л. од Сојузна Република Германија.
При гранични проверки и контрола во возило „фиат” – кампер со германска национална ознака, кое го управувал, пронајдена и одземена е марихуана.
Лицето е задржано во полициска станица и во координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
Го удирал со дрвена ногарка по главата, а потоа легнал да спие и го оставил брата си да лежи во крв: 37-годишник осомничен за обид за убиство

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице за кое постои сомнение дека се обидело да изврши кривично дело – Убиство предвидено во член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 од Кривичниот законик.
На 18 октомври, во семејниот дом во Марино, осомничениот се обидел да го лиши од живот сопствениот брат, удирајќи го со дрвена ногарка по главата и по целото тело. Од ударите, оштетениот започнал да крвари од главата и изгубил свест, а осомничениот наместо да му помогне, си легнал да спие.
Следниот ден, кога се разбудил, видел дека брат му лежи во крв и без свест, но повторно го оставил и повикал медицинска помош дури речиси три часа подоцна.
Имајќи ги предвид сите околности, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
Црна хроника
Изгоре куќа во Драчево, нема повредени

Вчера во 21:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во населба Драчево во Скопје настанал пожар во куќа, сопственост на Г.Д.(69) и Д.П.(71), двајцата од Скопје.
Пожарот е изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема.
Извршен е увид.