Свет
Само осум мигранти на лет за депортација од Британија
Уште еден обид за лет за депортација во Британија заврши со фијаско кога судиите им дозволиле на 28 мигранти да го избегнат протерувањето правно оспорувајќи ја депортацијата во последен момент, пренесува „Дејли мејл“.
„Не знам чии интереси мислат дека застапуваат овие адвокати, но секако не на британскиот даночен обврзник што го почитува законот“, се пожали пратеникот Тим Лоутон, член на влијателниот Комитет за внатрешни работи.
„Несфатливо е да плаќаме луѓе да бидат во земјата кога немаат основа да бидат тука и нашето гостопримство уште повеќе се злоупотребува од страна на адвокати што користат сомнителни тактики во последен момент за да ги симнат луѓето од авионите додавајќи уште повеќе трошоци со неискористените летови“.
„Ние постапуваме правилно и ги поддржуваме вистинските баратели на азил со основа да останат во Велика Британија, но системот е премногу отворен за злоупотреба“, додаде Лоутон.
Според критичарите, рамката на судско дејствување го спречува или го намалува и така малиот број нелегални мигранти и странски прекршители, кои Министерството за внатрешни работи се обидува да ги депортира, а минатата недела беше спречено отстранување на други 37 мигранти од земјата.
Во октомври скап чартер-лет ја напушти Велика Британија со само еден патник кога сите други, околу 29 мигранти, правно го оспориле нивно отстранување.
Претходниот месец серија правни постапки во последен омент ја блокираа депортацијата на сите мигранти што треба да бидат на одреден лет за депортација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Брутално претепан познатиот албански водител Елтон Тозај, може да остане слеп
Познатиот албански водител Елтон Тозај бил нападнат и брутално претепан синоќа околу 19:30 часот на автопатот Тирана-Драч, под околности кои сè уште остануваат вознемирувачки и нејасни, објавија медиумите.
Според информациите објавени од неговото семејство, на неговиот профил на социјалните мрежи, новинарот бил брутално нападнат од неколку лица. Во насилството врз Тозај му биле нанесени сериозни физички повреди.
„Семејството објави дека Елтон Тозај моментално е во сериозна здравствена состојба и е на интензивна медицинска нега. Според нив, ситуацијата е деликатна, бидејќи новинарот се бори да не го изгуби видот, што го прави овој настан уште поалармантен“, наведуваат медиумите.
Од полицијата засега нема информација околу настанот.
Свет
Бурата Јоханес ја погоди Шведска, повеќе од 40.000 домаќинства без струја
Бурата Јоханес ја погоди Шведска носејќи силни ветрови и снежни врнежи, додека повеќе од 40.000 домаќинства останаа без електрична енергија.
Според метеоролозите, бурата се шири брзо и се очекува ветровите да се зајакнат во текот на денот.
Бурата започна ноќеска од северот на земјата, со многу силни ветрови, додека жолти и портокалови временски предупредувања беа издадени за поголемиот дел од Шведска, пренесе локалниот портал Expressen.
Свет
По рускиот напад над 2.600 станбени згради, 187 градинки, 138 училишта и 22 социјални згради се без греење во Киев
Околу 600.000 потрошувачи во Киев и околниот регион останаа без електрична енергија.
Енергетските екипи се на терен и вложуваат максимални напори за што поскоро враќање на снабдувањето, објави премиерката на Украина Јулија Свириденко на социјалните мрежи.
„Работиме на решавање на последиците од ноќниот напад врз Киев и регионот. Предупредувањето за воздушна опасност во Киев беше на сила 10 часа. Една жена почина во регионот на Киев. Во главниот град досега се повредени 32 лица“, рече Свириденко.
Службите за итни случаи се на терен, кои, заедно со медицинските екипи, ги расчистуваат урнатините и им пружаат помош на жртвите. Премиерката додаде дека во нападот се оштетени цивилни и енергетски објекти.
Во моментов, над 2.600 станбени згради, 187 градинки, 138 училишта и 22 социјални згради се без централно греење“

