Црна хроника
Едно жртва во сообраќајка на патот Прилеп–Македонски Брод

Едно лице загина а едно е тешко повредено во сообраќајната несреќа која се случила доцна синоќа околу 3:20 часот на регионалниот патен правец Прилеп – Македонски Брод
Сообраќајката се случила кога возило со бугарски регистерски таблици „опел тигра“ на автопатот кај мостот во близина на Институтот за тутун во Прилеп, од засега непознати причини се префрлило на левата лента, која што била предвидена за движење на возила во спротивна насока.Возилото излетало од патот низ блиските ниви и се превртело на покривот од автомобилот.Двајцата патници, излетале од возилото. Дваесет и шестгодишниот прилепчанец, кој го управувал автомобилот со тешки телесни повреди е префрлен на хируршкото одделение во прилепската болница.Сопатникот, на кого се уште не му е познат идентитетот им подлегнал на повредите на пат кон болницата. Неговото тело е предадено на обдукција.Увид на лице место извршил истражен судија и јавен обвинител и се утврдуваат точните причини за несреќата.Од почетокот на годината до денеска во сообраќајни несреќи загинале 95 лица. Во првите шест месеци на македонските патишта животот го загубиле 69 лица, во месец јули 19, а за само десетина дена од месец август на жешкиот асфалт имало 10 жртви.Човекот, неговото внимание, одговорност и култура, експертите ја посочуваат како една од фактори за сообраќајните несреќи. Тука се и неприлагодената брзина, непочитувањето на сообраќајните правила и прописи, како и употребата на алкохол.Во 99 отсто од сообраќајките невниманието на возачот е причина за сообраќајните несреќи, сметаат експертите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Штитеници во установа за згрижување деца имале сексуален однос пред 12-годишно дете

Вчера во 16:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во август 2025 година во соба во установа за згрижување на деца, 16-годишен штитеник и 15-годишна штитеничка на установата имале сексуален односи.
Според информациите од МВР, тие имале односи пред 12-годишен штитеник на установата, по што 16-годишникот му се заканил на 12-годишникот да не кажува никому.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Ограбен автомобил на паркинг во Центар

Синоќа во 00:32 часот во СВР Скопје е пријавено дека е ограбен автомобил на паркинг простор на подрачјето на Центар во Скопје.
Според информациите на МВР, од патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, одземена е актовка со пари, документи, печати и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото: илустрација
Црна хроника
Инцидент во Карпош: Му ги дупнала гумите на возилото на партнерот, а потоа и физички го нападнала

Маж од тетовско пријавил во полиција дека неговата партнерка му ги дупнала гумите на возилото, а потоа и физички го нападнала.
Доцна синоќа, во 03:20 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од тетовско пријави дека претходно околу 19:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, неговата партнерка со нејзиното возило удрила во неговото возило, а потоа со остар предмет му ги оштетила гумите на возилото и физички го нападнала.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.