Македонија
Филипче: Зголемен е бројот на брзите тестови и на термините за тестирање

Министерот за здравство, Венко Филипче, рече дека граѓаните немаат потреба да стравуваат бидејќи има набавено доволна количина на брзи тестови и секој кој има симтоми може да се јави или на пунктовите или во болниците и да биде тестиран.
„Она што го правиме во изминатиот период е зголемување на бројот на тестови, особено на брзите тестови кои имаат посебна индикација. Пристигнати се 13 илјади брзи тестови, ние сме во постапка на набавка. Значајна количина на тестови ќе стигне во сите центри и согласно индикацијата и потребата сите граѓани ќе може да бидат тестирани“ рече Филипче во однос на набавката на брзи тестови за откривање на коронавирусот.
Тој додава дека термините постојано се зголемуваат и менуваат согласно епидемиолошката слика, односно зголемениот број на луѓе треба да се тестираат.
„Се зголемуваат секојдневно термините и во постојните лабаратории и на пунктовите на Центарот за јавно здравје и на клиниката во Козле. Секој кој има клиничка слика било каква , во било која од болничките установи на интерните клиники, на Инфективната, во болницата „8- ми септември“ секаде се поделени тие тестови“, рече Филипче.
Тој уште еднаш потенцираше дека целиот здравствен систем е ставен во услови справување со ковид пандемиијата при што интерените клиниките се прилагодени и подготвени да примат пацинети заболени од коронавирусот, а направени се и тимови од лекари специјалисти за таа намена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДС е партија чиј премиер Ковачевски даваше земја за фотоволтаици на сопствената сопруга, и Заев кој даваше лиценци на брат му

„СДС да каже кој закон е прекршен, со набавката во Министерството за дигитализација? Дали вработениот кој го посочуваат е некој функционер или член на комисија која одлучува во однос на набавките? Наместо да манипулираат СДС треба да ја прифатат реалноста дека не се работи како до сега“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Да потсетиме дека премиерот од СДС, Ковачевски даваше земјиште за фотоволтаици на својата сопруга, и тоа со одлука на владата со која тој управуваше. Премиерот на СДС, Заев, даваше тендери и лиценци на фирмите на братот, братучедот и роднините“, посочувааат од партијата и додаваат:
„СДС е партија чии претседатели делеа бизниси на своите семејства“.
Претходно Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ рече дека постои нов скандал во министерството на Андоновски и дека тендер добиле родители на негов вработен.
Скопје
Скопјанец нашол граната на Водно и ја земал со себе

Вчера во 14.11 часот во СВР Скопје, З.Н.(71) од Скопје пријавил дека на 29.03.2025 околу 12.30 часот, додека се движел по падините на Водно, пронашол граната, по што истата ја зел со себе.
Утврдено е дека гранатата е со калибар 75 мм, од Втората светска војна и била земена за понатамошна постапка
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: И по 10 месеци СДС не сфати зошто рејтингот им е непрепознатлив а Филипче неприфатен од народот

И по 10 месеци не научи ниту една лекција зошто народот не ги прифаќа. Знаеме дека СДС најсреќни би биле да нема проекти, да нема ленти и да нема развој, но за нивна жал и за среќа на граѓаните тоа нема да се случи, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Го советуваме прескапо платениот Спасов и агенцијата Рејтинг да си ја сменат ПР стратегијата“, посочуваат од партијата и додаваат:
„И наместо да очајуваат зошто Владата работи, треба да излезат и да ги пофалат проектите кои се од корист за граѓаните. За 10 месеци се направи повеќе од 7 години власт, Филипче, Заев и Ковачевски“.