Спорт
Барса ќе му плати 33 милиони евра на Меси за „лојалност“ дури и тој да замине!

Барселона ќе мора да му исплати на Лионел Меси дури 33 милиони евра во бонус за лојалност следното лето дури и тој да реши да замине како слободен играч, тврди „ЕСПН“.
Аргентинскиот ас шокантно се обиде да замине во текот на летото од „Ноу Камп“, но откако клубот потврди дека ќе бара да се плати огромната оштета за него, тој се согласи да го исполни договорот и да остане уште една година во клубот во кој ја игра целата професионална кариера.
Сега, Меси ќе може бесплатно да замине во јуни, а клубовите веќе во јануари ќе може да преговараат со него. Манчестер сити се фаворити за неговиот потпис поради финансиската моќ и Пеп Гвардиола на клупата, но се споменуваат и Пари Сен-Жермен и Интер.
Сепак, според „ЕСПН“, Барселона ќе му должат на 33-годишниот Аргентинец 33 милиони евра како бонус за лојалност, како дел од договорот кој го потпиша во 2017 година. Меси веќе добил половина од бонусот од 66 милиони евра во февруари и треба да ја добие втората „рата“ кога ќе му заврши договорот. Доколку си заминеше во текот на летото, Барселона немаше да треба да му го исплати бонусот.
Ова не е првпат Барселона да се најдат во ваква ситуација – Нејмар подолго време е на суд со каталонскиот гигант токму за ваквиот „бонус за лојалност“ од 8 милиони евра, кој Барса сметаше дека не треба да го исплати откако Пари Сен-Жермен го откупи договорот на Бразилецот за 222 милиони евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Џака се сели на „Сан Сиро“

Фудбалскиот клуб Милан е блиску да го реализира трансферот на Гранит Џака. За трансферот Милан ќе издвои 10 милиони евра.
Џака, пристигнува на „Сан Сиро“ по две успешни години во тимот на Баер Леверкузен, каде што забележа одлични резултати.
Швајцарскиот репрезентативец се согласи на тригодишен договор вреден 4.000.000 евра нето по сезона.
Џака, Џака е четвртиот играч што го напушта тимот на Баер Леверкузен по Флоријан Вирц, Џереми Фримпонг и Џонатан Та.
Исто така Леверкузен го напушти и тренерот Чаби Алонсо отиде во Реал Мадрид.
Спорт
Бублик го освои Хале, Акараз победи во Квинс

Карлос Алкарас ја освои титулата во Квинс, а Александар Бублик во Хале. Алкараз во финалето го победи Киржи Лехечка, а Бублик славеше во дуелот со Данил Медведев.
Алкараз го победи Лихечка со 7:5, 6:7, 6:2, втор пат во кариерата го освои турнирот од серијата 500 во Квинс.
Алкараз ја освои 21. титула во кариерата, четврта на тревната подлога. На овој вид подлога Алкараз во кариерата има скор 29 победи и три порази.
Александар Бублик, втор пат во последните три сезони го освои турнирот во Хале. Казахстанецот славеше со 2:0 (6:3, 7:6).
Бублик со солзи го прослави освојувањето на петтиот трофеј во кариерата.
"I was close to calling it quits after Wimbledon"
This win means everything for Bublik 💛#TWO25 pic.twitter.com/9KXjawL8Xi
— Tennis TV (@TennisTV) June 22, 2025
Спорт
Кевин Дурент во Хјустон Рокетс

Американскиот кошаркар Кевин Дурант е разменет Феникс Санс во Хјустон Рокетс.
Ова го објави добро познатиот НБА инсајдер Шамс Чаранија.
Дјурант, двократен МВП на финалето е разменет за Џејлен Грин, Дилон Брукс, десеттиот избор на овогодинешниот драфт и пет избори од втората рунда.
Дурент замина откако Санс останаа без место во плејофот минатата сезона, и покрај тоа што имаа еден од најскапите состави во историјата на кошарката и плаќаа висок данок на луксуз.
Феникс беше блиску до тоа да го испрати Дурант во Мајами, но на крајот постигнаа конечен договор со Рокетс, кои со овој потег очигледно имаат намера да ја нападнат титулата следната сезона.
Оваа размена нема да биде официјализирана барем до 6 јули поради клаузула во новиот договор на Џејлен Грин, но целата работа може да се смета за завршена поради доверливоста на информациите со кои располага Чаранија.