Економија
Горивата поскапуваат
Од ноќеска на полноќ горивата поскапуваат за 1 и за 1,5 денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Од вечерва на полноќ малопродажната цена на бензинот еуросупер БС-98 се зголемува за 1 денар, додека малопродажните цени на бензинот еуросупер БС-95, еуридизел(Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,5 денар за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,384 денари.
Од 17.11.2020 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин еуросупер БС – 95 60,00 (денари/литар)
Моторен бензин еуросупер БС -98 61,50 (денари/литар)
Дизел гориво еуродизел БС (Д-Е V) 51,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 51,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 27,580 (денари/килограм)
Претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, кажа дека неколку причини, односно информации, влијаат врз зголемување на цената на нафтата.
„Најавите од ОПЕК за разгледување на можноста од значително намалување на производството на нафта и во 2021 година, како резултат на дополнителните ограничувања на движења, наметнати поради пандемијата во Европа е една од причините што придонесоа за пораст на цената на нафтата. Се проценува дека со ваквиот пристап ќе се овозможи да настане умерен пад на глобалните залихи, кој се очекува да се забрза со средината на 2021 година. Во исто време како ценовно чувствителна се рефлектираше објавената информација на фармацевската компанија Pfizer, дека вакцините за Ковид-19, се покажале како ефикасни во 90% кај случаевите кои се испитуваа во доцна фаза. Реакцијата на оваа вест во нафтениот сектор предизвика скок на цената на нафтата за повеќе од 10%, што покажува колку се важни позитивните вести поврзани со пандемијата. Растот на цената на нафтата исто така реагирала овој период и на падот на доларот и победата на Бајден, со која се најавува завршување на трговската војна која со Кина и ЕУ ја отвори Трамп“, оцени Бислимоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Илон Маск го сруши сопствениот рекорд на богатство, има 347,8 милијарди долари
Богатството на американскиот тајкун Илон Маск достигна рекордни 347,8 милијарди долари во петокот, поттикнато од континуираните добивки во акциите на „Тесла“ и новата рунда на финансирање откако неговиот стартап со вештачка интелигенција беше проценет на 50 милијарди долари.
Многу компании на Маск забележаа пораст на нивната вредност откако изборната победа на Доналд Трамп го круниса со политичко внимание.
Акциите на Тесла пораснале за 3,8 отсто во петокот, продолжувајќи да го поттикнува оптимизмот дека плановите на тимот на Трамп за автономни возила и субвенции за електрични возила ќе и дадат предност на компанијата на Маск пред конкуренцијата.
Маск, најбогатиот човек на светот, сега го собори сопствениот рекорд од 340,4 милијарди долари поставен во ноември 2021 година, според индексот на милијардери на „Блумберг“.
Економија
BLACK FRIDAY во СЕТЕК со попусти и до 70 отсто
Акцијата BLACK FRIDAY во СЕТЕК ги носи најголемите попусти и до 70 проценти.
На едно место бирајте сè што ви е потребно од најпознатите светски брендови за бела техника, телевизори, ИТ, мобилни уреди, апарати за домаќинство и уште многу други останати производи за домот и деловниот простор.
Искористете ја можноста да купите најмногу техника со најниски цени за BLACK FRIDAY во сите салони на Сетек и онлајн на www.setec.mk .
Сетек и оваа година, со радост ве очекува во сите салони полни со вашите омилени производи и уникатно шопинг искуство.
Акцијата трае oд 25 ноември до 2 декември 2024.
Има зошто сите купуваат во СЕТЕК.
Сетек – сè од техника е помеѓу водечките во трговијата со техника.
Не пропуштајте, сè што е најдобро – сега е и достапно: бела техника, апарати за домаќинство, уреди за ладење и греење, телевизори, мобилни телефони, гејминг опрема и ИТ уреди.
Сетек континуирано, повеќе од 30 години ја развива својата мрежа и стратегија за блискост со купувачите. Со застапеност на 32 различни локации и модерни салони, вклучувајќи ја и онлајн продавницата, Сетек е достапен до секој миленик на современата техника.
Воедно Компанијата нуди и и многу помошни улуги како лојална програма, кешбек, премиум достава, можности за кредитирање, рати без камата и многу експертски услуги за правилен избор и корисна употреба.
(ПР текст)
Економија
Грин Машинс на БРАКО на клучен европски саем за зелена и циркуларна економија во Италија
Електричните и водородните возила на Грин Машинс на БРАКО учествуваа на еден од најзначајните европски настани, ECOMONDO во Римини, Италија, кој претставува еден од најзначајните саеми и конференции во Европа, и кој ги обединува и системизира клучните елементи кои ги дефинираат развојните стратегии на политиката за животна средина на Европската унија.
На овогодинешниот настан, Грин Машис го претстави 500H2, најсовремен чистач на улици со погон на водород, заедно со целосно електричните 500ze и 400ze.
Дилерот на Грин Машинс во Италија, Грин Форсес, известува за голема заинтересираност за македонските возила не само на саемот, туку и на италијанскиот пазар воопшто, во конкуренција со производители на возила за чистење од Европа, САД и други делови на светот.
Македонските возила имаат предност на светскиот пазар поради нивниот квалитет, ефикасност и современ дизајн, како и различите модели, кои се достапни на електричен, хидрогенски и класичен погон.
(ПР)