Црна хроника
Запленети околу 140.000 штеки цигари – уапсени нема
диницата за недозволена трговија со дрога во средата навечер запленила вкупно 143.000 штеки цигари, без бандероли вредни, преку милион евра, соопштуваат од МВР. Уапсени во акцијата нема
Во средата доцна вечерта, бил извршен претрес во штала во скопско Арачиново и во товарно моторно возило паркирано во близина на шталата се пронајдени цигарите. „Пронајдени и одземени се 722 пакети цигари марка „Престиж“, 1899 пакети цигари марка „Трокадеро“, 61 пакет цигари марка „Табакера“, 6 пакети цигари марка „ЈФК“, 105 пакети цигари марка „ФМ“ и 67 пакети цигари марка „Јесмоук“ или вкупно 2860 пакети со 143.000 штеки цигари, од странско производство, без соодветни маркици-бандероли. При извршувањето на претресот не се затекнати лица“ соопштуваат од МВР.Ќе биде поднесена кривична пријава против непознат сторител кривично дело „Криумчарење“, а полицијата ќе продолжи да трага по сторителите.Од 2002 до 2006 година, МВР запленила само 106.000 штеки односно 40.000 помалку од вчера запленетите цигари. За последниве неполни пет години МВР одзеде околу 30 тони разновидни цигари, во вредност од над 2.5 милиони евра, како и над 1.6 тони дробен тутун. Последнава акција е една од најголемите заплени на цигари наменети за шверцување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

