Регион
Захариева: За Македонија ќе има место во ЕУ кога ќе биде подготвена, во моментов не е
Бугарската дипломатија не може да си дозволи да води политика на оцрнување на друга земја, за која, за жал, гледаме дека ја води Скопје. Ние сме земја членка на Европската Унија. Ова го изјави за БНТ вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, по повод сè уште отворените прашања со Република Северна Македонија, кои се на дневен ред.
„РС Македонија ќе има место во Европската Унија кога ќе биде подготвена. Во моментов Бугарија не смета дека е подготвена“, вели Захариева.
Како што пренесува БГНЕС, Бугарија продолжува да биде поддржувач на проширувањето на членството во ЕУ. Според Захариева, властите во Скопје погрешно процениле дека Бугарија може да се „притисне“ и да се смени позицијата.
Таа ја советува земјава да не се откажува од првата тешкотија со која се соочуваат на патот – одобрувањето на Рамката за преговори. „Тешкотиите допрва следуваат, процесот не е лесен. По тој пат тргна и Бугарија“, додава Захариева.
„Потоа, кога страстите ќе стивнат, вклучително и во Бугарија, и некој ќе почне да размислува помалку емотивно, кога ќе престане да се придржува кон градење држава заснована единствено на антибугарската идеологија – тогаш тие ќе добијат многу повеќе. Од вистината не може да се избега. Захариева вели дека ќе оди во парламентот и ќе одговори на прашањата поставени од пратениците за РС Македонија, откако минатиот петок нејзиното учество беше одложено поради патување во странство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Рама објави укинување на забраната за „Тик-ток“ во Албанија
Албанскиот премиер Еди Рама објави дека социјалната мрежа „Тик-ток“ повторно ќе биде достапна во Албанија.
Рама во интервју за „Политико“ истакна дека албанската влада постигнала партнерство со претставници на социјалната мрежа и дека набргу ќе претстави нови мерки за заштита на јавноста во оваа земја.
„Задоволни сме од резултатот. Постигнавме партнерство и се надевам дека во наредните недели или месеци ќе го презентираме планот пред албанските граѓани, како што ветивме“, рече Рама.
Албанската влада го забрани „Тик-ток“ пред една година кога објавите на платформата предизвикаа тепачка меѓу млади, во која 14-годишно момче беше избодено до смрт.
Регион
Србија меѓу првите во регионот што воведува тестирање на алкохол кај летачкиот и кај кабинскиот персонал
Од 1 јануари 2026 година во Србија ќе почне систематско тестирање на летачкиот и на кабинскиот екипаж за присуство на алкохол.
Со тоа Србија станува една од првите земји во регионот што ја воведува оваа постапка во целост, објави Дирекцијата за цивилно воздухопловство на Србија.
Тестирањето ќе се спроведува на летачкиот и на кабинскиот екипаж на домашни и странски авиони што ги користат аеродромите во Србија.
Проверките ќе ги вршат специјално обучени и овластени воздухопловни инспектори на Дирекцијата.
Постои нулта толеранција за присуство на алкохол кај членовите на екипажот на авионите.
За мерење на количината алкохол ќе се користат сертифицирани и калибрирани уреди за мерење алкохол во здивот, кои имаат доказна вредност во судските постапки.
Во случај член на летачкиот или кабинскиот екипаж да го одбие тестот или тестот утврди присуство на алкохол, воздухопловниот инспектор привремено ќе му забрани да ги извршува должностите на член на екипажот и ќе го пријави тоа кај надлежните органи.
По правило тестирањето ќе се врши во кабината на авионот, а податоците за спроведените тестови ќе се внесуваат во централизирана база на податоци управувана од Агенцијата за безбедност на воздухопловството на Европската Унија (EASA).
За почетокот на примената на оваа постапка Дирекцијата навремено ги информира сите воздухопловни субјекти во Србија и EASA, која има улога да обезбеди поддршка во дефинирањето на приоритетите за тестирање и управувањето со релевантните податоци.
Фото: depositphotos
Регион
Во Хрватска во тек е јавна дебата за изградбата на првата нуклеарна централа
Во Хрватска предлог-законот за примена на нуклеарна енергија за цивилни цели, изготвен од работна група, составена од голем број експерти од областа, е пуштен на јавна дебата, што всушност е првиот сериозен правен чекор во долгорочниот и скап процес на изградба на првата нуклеарна централа на хрватска територија.
Во последните месеци, министерот за економија, Анте Шушњар, често се појавуваше во јавноста со идејата дека Хрватска треба да изгради сопствена нуклеарна централа, што во овие нови геополитички околности и трендови на напуштање на фосилните горива, како и во времето на револуцијата на вештачката интелигенција и потребата од огромни количини електрична енергија, би донело стабилност во електроенергетскиот систем на земјата и би влијаело на намалувањето на емисиите на штетни гасови, пренесува „Танјуг“.
Од нацрт-верзијата на предложениот закон е јасно дека Хрватска во иднина во голема мера ќе се потпира на нуклеарна енергија. Планот е една третина од електричната енергија до 2040 година да доаѓа од нуклеарни извори.

