Македонија
Милошоски: Димитров ќе нè биде вето, време е за оставка!

Размазениот министер во септември 2018, кога ги манипулираше сопствените симпатизери пред референдумот, викаше од нас зависи европска Македонија. Се сликаше со премиерот во авион, лажеше дека имаме датум за ЕУ, имаме план, дека тие како влада се најдобри, ќе нè биде и во Брисел и во Софија со „добрите” договори што ги потпишале, истакна Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Но, вчера на Телма вика не чувствувам одговорност, не зависи од нас!? Владата не била одговорна што доживеавме и безброј национални понижувања, и вето за ЕУ?! А кој лажеше за датум, ако не Димитров? Кој потпишуваше штетни договори? Кој беше арогантно глув за сите забелешки на кои укажуваше опозицијата?
Затоа министре Димитров, што од кого зависи ќе видиме кога ќе ни дојдеш во Собрание на интерпелација!
Со маска, со шал, со дистанца, со сè! Интерпелацијата можеш да ја избегнеш единствено ако во меѓувреме си поднесеш оставка , но за тоа е пресудно дали ти е побитен политичкиот морал или политичката фотелја. Ти си знаеш!“ порача Милошоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Запален домот на Александар Пандов: Нема да не запрат и нема да не поколебаат

Директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов на социјалните мрежи објави дека му бил запален домот.
„Ова е данокот за нашата борба за владеење на правото без калкулации? Ова е цената за удирањето по мафијата! Домот ми беше запален, и имам основано сомневање дека станува збор за смислен атак на криминалците!
Нема да не запрат и нема да не поколебаат. Никој не е над законот! Нема враќање назад кога се бориш за правдата. И кога ќе тргнеш против криминалот, тој се брани со насилство. Но ова нема да ме запре — напротив, само не зајакнува!“, напиша Пандов.
Тој додаде дека очекува институциите да го најдат и казнат сторителот.
Македонија
Милошоски: Не помина интерпелацијата на Левица и СДСМ за Тошковски, целта им беше лична дискредирација и злоупотреба на трагедијата

„Не помина интерпелацијата на Левица и СДСМ против МВР, Панче Тошковски. Целта им беше провидна“, напиша на социјалните мрежи Антонио Милошоски.
„Прво лична дискредитација на Тошковски, а потоа злоупотреба на семејните емоции од големата трагедија во Кочани. Манипулативни намери, наместо реални предлози и поддршка“, додаде тој.
Македонија
Мицевски: Интерпелацијата за министерот Тошковски не доби поддршка

„Интерпелацијата за министерот Панче Тошковски не доби поддршка. Очекувано од неколку причини“, напиша Никола Мицевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.
„Потребна е стабилност, а не политичко дестабилизирање. Во услови кога Владата е во фаза на спроведување важни реформи, особено во безбедносниот сектор, несериозни интерпелации создаваат дополнителна нестабилност и можат да го компромитираат спроведувањето на започнатите процеси. Јавната безбедност бара стабилност, континуитет и институционално зајакнување, а не секојдневни политички турбуленции“, додаде тој.