Контакт

Вести

Ослободени заложниците во Сиднеј

Објавено пред

Сиднејската полиција соопшти дека во напад на специјалците врз кафулето каде што беа држени заложници, сите се ослободени, а во локалот работат пиротехничари, објави весникот SMH на својот акаунт на Twitterе.

dobivaj vesti na viber

На социјалните мрежи се појави и информацијата дека грабнувачот е застрелан, меѓутоа полицијата не ја потврди таквата информација.

На својот акаунт на Twitter телевизијата CNN објави дека при земањето на заложниците загинале две лица, но ниту таа информација не е потврдена.

Истовремено се појавија спротиставени информации за бројот на ранетите. Според некои медиуми настрадале околу пет лица, од кои три се наоѓаат во критична состојба. Според локалните медиуми, меѓу жртвите е и еден полицаец.

Извршниот директор на компанијата „Lindt Australia“ изјави дека во локалот во времето на нападот работеле околу 10 лица од постојаниот персоналот на кафулето и најверојатно триесетина гости

Неколку десетици тешко вооружени полицајци го држea во опсада локалот на Мартин Плејс, во центарот на Сиднеј, каде што се наоѓа и седиштето на Австралиската централна банка, филијали на познати комерцијални банки, а во близина е и парламентот на сојузната држава Нов Јужен Велс.

Напаѓачот речиси 17 часа држеше заложници во кафуле во центарот на Сиднеј. Според телевизијата ABC News, откако полицијата го нападнала локалот, во кафулето влегле медицински лица со носилки. Според каналот Sky News, пак, најмалку четири лица настрадале во полициската акција. Засега нема официјални потврди на овие информации.

Вооружениот маж кој држeше во заложништво сé уште неутврден број заложници во кафуле во центарот на австралиски Сиднеј, е бегалец од Иран осуден за сексуално злосторство, а познато е дека испраќал писма на семејствата на австралиските војници загинати во борбени операции во странство, објави претходно австралиската полиција.

Ман Харон Монис, бегалец од мнозински шиитски Иран и самонаречен сунитски шеик, беше забарикадиран заедно со заложниците откако во 10 часот по локално време во понеделникот наутро упаднал во кафулето во центарот на Сиднеј. „Нема причини да не му го објавиме името“, изјавил за Reuters неименуван полициски функционер.

Во текот на денот официјално беше потврдено дека пет лица успеале да избегаат од кафулето, каде што вооружениот напаѓач ги држи во заложништво лицата чиј број се проценува над 30. Австралиските власти стравуваат дека инцидентот кој досега го водеа како вооружен напад, има поврзаност со организиран тероризам, бидејќи напаѓачот во излогот на кафулето го истакнал знамето на сунитската џихадистичка организација Исламска држава.

Во текот на заложничката криза којашто траеше 17 часови, две жени и двајца мажи во униформи на персоналот успеале да побегнат низ влезната врата, додека уште еден маж со престилка кој на полициските специјалци им довикувал да не пукаат, побегнал преку противпожарниот излез, јави австралиската телевизија ABC.

Грабнувачот во излогот на локалот го постави црното џихдистичко знаме на коешто наводно пишува „Нема друг Господ освен Алах, а Мухамед е негов пророк“. Телевизиските снимки прикажаа двајца заложници како во излогот на „Lindt Cafe“, на истоимениот швајцарски производител на чоколада и слатки, го држат црното знаме, а во јавувањата до медиумите заложниците ја пренесоа пораката на напаѓачот дека сака да разговара со премиерот Тони Абот. Грабнувачот, според заложниците, поставил четири бомби, две во кафулето и две на други места во градот, пренесува телевизијата Channel 10 TV.

Австралиската полиција засега се воздржува инцидентот да го квалификува како терористички акт, кусо соопштувајќи дека додека траат преговорите се разгледуваат сите опции. „Полициските преговарачи воспоставија контакт (со грабнувачот) и го одржуваат“, изјави заменичката началник на полицијата на австралиската сојузна држава Нов Јужен Веле, Катрин Барн.

Премиерот Абот дозволува можноста заложничката криза да има политичка мотивираност, но истовремено повикува на толеранција. „Австралија е мирно, отворено и великодушно општество и никогаш тоа не смееме да го промениме“, порача премиерот Абот.

Во Австралија има повеќе од 40 муслимански организации кои го осудија земањето заложници велејќи дека тоа е акт достоен за презир. „Го отфрламе секој обид да се одземат човечки животи на кое и да е човечко суштество, како и предизвикување страв и ужас во срцата“, се истакнува во заедничкото соопштение на муслиманските организации. „Тој чин достоен за презир им служи само на целите на оние коишто сакаат да ја уништат добрата волја на австралискиот народ и да му наштетат уште повеќе на исламот и на австралиските муслимани во земјата“, додаваат муслиманските организации изразувајќи надеж дека случајот ќе биде решен брзо и на мирен начин./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Светна новогодишната елка! Отворен и Божиќниот маркет во Скопје

Во Скопје вечерва светна новогодишната елка и официјално беше отворен Божиќниот маркет, со што симболично беше означен почетокот на празничната...

Свет6 часа

Зеленски: Не е постигнат компромис за територијалното прашање за време на преговорите во Берлин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека позициите на САД и Украина за поделбата на териториите сè уште се разликуваат. Тој...

Свет8 часа

Херојот Ахмед од Сиднеј би можел да ја загуби раката: „Сè би повторил“

Ахмед ал Ахмед, случаен минувач кој вчера херојски совлада и разоружа еден од напаѓачите на плажата Бонди, порача дека и...

Свет9 часа

(Фото) Фудбалер на македонскиот клуб „Рокдејл Илинден“ меѓу жртвите во нападот на плажата Бонди во Австралија

Меѓу убиените во вчерашниот терористички напад на плажата Бонди е и фудбалер на Рокдејл Илинден – клуб на македонската дијаспора...

Економија11 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија13 часа

(Видео) Мицевски: Поднесовме Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со пратеници од коалицијата ВРЕДИ и ЗНАМ, ја поднесовме „Резолуцијата за осуда на манипулациите на...

Македонија14 часа

(Видео) Крај на мигранти во Македонија се става само ако се потпише резолуцијата на СДСМ, рече Кузеска

„Со договорени мигранти за пари ДПМНЕ ја предаде Македонија, ја продаде за пари, за скапи кредит врз грбот на народот....

Свет15 часа

(Фото) 10-годишно девојче, двајца рабини и маж што го преживеал холокаустот: познати жртвите од Сиднеј

Во терористичкиот напад на плажата Бонди вчера беа убиени најмалку 15 цивили, од кои многумина го славеа првиот ден од...

Свет17 часа

(Видео) Татко и син убија 15 луѓе во Сиднеј: „Се заколнале на верност на ИСИС“

Таткото и синот кои убија 15 лица на еврејски фестивал на плажата Бонди во Сиднеј во неделата можеби имале врски...

Европа18 часа

(Видео) Снимено уривањето на огромен руски воен транспортен авион, се преполови во воздухот

Рускиот канал на Телеграм „Маш“ објави снимка од падот на рускиот воен транспортен авион Ан-22 во регионот Иваново. Снимката го...

Македонија18 часа

Земјотрес почувствуван во Македонија

Утрово во 7.20 часот беше почувствуван земјотрес на територијата на Македонија, објави ЕМСЦ. Според ЕМСЦ земјотресот бил со јачина од...

Свет19 часа

(Видео) Нападот врз Бонди е чин на чисто зло, вели австралискиот премиер

Австралискиот премиер Ентони Албанез и началниците на полицијата одржаа прес-конференција во Сиднеј. „Она што го видовме вчера беше чин на...

Свет19 часа

(Видео) Преживеан од холокаустот загина штитејќи ја сопругата на плажата Бонди

Една од жртвите на терористичкиот напад во неделата за време на прославата на Ханука во Австралија беше Алекс Клајтман, преживеан...

Свет19 часа

(Видео) Американски режисер и неговата сопруга пронајдени мртви: полицијата се сомнева дека е убиство

Полицијата на Лос Анџелес истражува нешто што го опишува како очигледно убиство откога две тела беа пронајдени во домот на...

Македонија1 ден

Неправилности и проблеми со „Безбеден град“ ќе се пријавуваат преку специјален пункт или на интернет

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, е задоволен од резултатите од тест-периодот на проектот „Безбеден град“. Тошковски вели дека граѓаните...

Економија1 ден

Мицкоски: Буџетот е ликвиден, трезорот нема да се затвори на 15 декември

Премиерот Мицкоски изјави дека Буџетот е ликвиден и сите обврски се извршуваат тековно. Како што појасни Мицкоски, 15 декември не...

Македонија2 дена

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ предлага Резолуција за осуда на дезинформациите за мигранти

ВМРО-ДПМНЕ денеска претстави „Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција“. „Во изминатите...

Македонија2 дена

(Видео) Димитријевиќ: Власта носи мигранти за пари

„Во буџетот нема пари. За првпат во историјата, утре – 15 декември – се затвора Трезорот. Државата доцни со сите...

Топ2 дена

Oбвинителство: За насилство во училиште во Сарај, побарана судска постапка спрема пет деца

Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за деца при Основниот кривичен суд Скопје поднесе Барање за поведување подготвителна постапка за...

Македонија2 дена

АХВ: Спречен увоз на над 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спречија увоз на над 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил...