Спорт
ФИФА бара технологија за автоматско одредување офсајд

По низата ВАР-контроверзии за офсајди, кои очигледно не беа тоа, ФИФА бара компанија што би развила сигурен и автоматски метод за утврдување на офсајд-ситуациите за разлика од сегашните ВАР-техники со линии и субјективна оценка.
Засега три компании се пријавија на барањето на ФИФА за да се смени начинот на одредувањето на офсајд-ситуациите, првично со користење база на податоци на досудени офсајди во минатото.
„Целта на оваа развојна фаза е да се подобрат алгоритмите на системот со бази на податоци од стотици офсајд-ситуации“, објави ФИФА.
Ова е само дел од поголемиот план на Светската фудбалска федерација за подобрување на ВАР-системот пред Светското првенство во 2022, а исто така ФИФА разгледува можности за ВАР-лајт верзија на системот, кој би бил поевтин од сегашниот и би можел да се користи и во помалку развиените земји.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Интер ја совлада Рома и му го даде првото место на Наполи „на чинија“

Интер загуби од Рома во 34. коло од Серија А на „Џузепе Меаца“ и со тоа му ја отстапи пол-позицијата на Наполи во борбата за титулата.
Избраниците на Симоне Инзаги одиграа лош натпревар и кон средината на следната недела ќе се борат за финалето во Лигата на шампионите против Барселона.
Во првото полувреме потценување е да се каже дека Рома беше подобриот противник. Сосема заслужено „Вучица“ поведе во 22. минута откако одбраната на „нероазурите“ беше летаргична. Шомуродов му додаде на Суле кој го провери Зомер.
Спорт
Марк падна, Алекс победи во Херез

Помладиот Маркез, Алекс, ја заблежа првата победа во кариерата на Големата награда на Шпанија во Херез. Возачот на Гресини Дукати, славеше пред возачите на Јамаха и Дукати, Фабио Квартараро и Франческо Бањаја.
Алекс Маркез победи во Херез и ја презеде лидерската позиција во шампионатот од свјот брат Алекс.
Марк направи голема грешка во третиот круг,излета од патеката кога го напаѓаше во тој момент лидерот Квартараро. Марк се врати во трката, на крајот го освои 12. место.
Квртараро беше на чело на колоната до 11 круг, кога Алекс си префектен маневар во првиот свиок успеа да го претекне.
Алекс во следните два круга создаде предност од една секунда, додека Квартараро седум ркуга се бореше со Бањаја, но успеа да ја освои втората позиција. За Квартараро ова е прв пласман на подиумот уште од октомври 2023 година.
Во генералниот пласман Алекс води со 140 поени, еден повеќе од Марк и 20 од Бањаја.
Спорт
Асефа постави светски рекорд на маратон

Тигст Асефа од Етиопија го собори светскиот рекорд во маратон, откако победи на 45-от Лондонски маратон со време од 2:15,50 часа. Асефа, освојувачка на сребрен медал на маратонот на Олимписките игри во Париз 2024, се одвои од Кенијката Џојсилин Џепкосгеи во последните неколку километри откако двете поставија исто темпо од самиот почеток.
Со денешниот резултат таа го подобри претходниот рекорд од 2:16,16, кој минатата година во Лондон го постави Перес Јепчирчир од Кенија. Џепкосгеи беше втора со време од 2:18,44, додека актуелната победничка на олимпискиот маратон, Сифана Хасан од Холандија, беше трета со време од 2:19,00.
Во машка конкуренција, Кениецот Себастијан Саве славеше завршувајќи ја трката со повеќе од една минута предност пред Џејкоб Киплимо од Уганда. Саве, кој го победи на маратонот во Валенсија пред четири месеци, ја помина целта по 2 часа, 2 минути и 20 секунди.
Јакоб Киплимо од Уганда, кој го собори светскиот рекорд во полумаратон во февруари, беше втор во своето деби во маратонските трки со време од 2:03,37, додека минатогодишниот победник Александар Мутисо Муњао заврши на третото место.