Црна хроника
Газда на велешка фирма на дело ги фатил вработените како го крадат

Двајца камионџии автопревозници на фирмата Николчев – Груп С.К 37 годишен и десет години помладиот И.Ш. од Албанија со привремен престој во Македонија и двајца малолетници заработија кривична пријава поради основано сомневање дека сториле кражба
Двајцата осомничени со товарно возило „сканија“ требало да превезуваат бакар од Велес за Скопје. Но наместо превозот имале друга идеја,јавува порталот Лисица.Дел од вредниот метал да го задржат за себе и потоа да го продадат во откупните пунктови на отпадите за кој ќе заработат присотјна сума. Откако тргнале од Велес ,телефонски се договориле до две малолетни деца на возсраст од 15 и 17 години да земат дел од товарот. Четворицата се нашле на паркинг просторот кај селото Ветерско и започнале да истовараат вреќи со бакар.Но во тој момент таму поминал и лично ги видел сопственикот на фирмата Николчев Груп за која тие и го пренесувале товарот. Веднаш ја известил полицијата по што лицата се приведени а предметите се одземени со потврда и подоцна му се вратени на сопственикот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Жена од Илинден пријавила дека такси возач ја вознемирувал и ја допирал по телото

Вчера во Полициското одделение Петровец, 37-годишна жена од населено место во општина Илинден пријавила дека на 15 септември, 30 минути по полноќ, такси возач наместо да ја однесе до нејзиниот дом, почнал да ја допира по телото.
Откако му се спротивставила, возачот престанал и ја однел до нејзиниот дом.
Жената го пријавила инцидентот и во такси-компанијата каде што возачот бил вработен, по што тој бил отпуштен од работа.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Сведок почина во граѓанскиот суд во Скопје

Вчера во полицијата било пријавено дека во Основниот граѓански суд Скопје починал З.Д., кој бил сведок на судење.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.
Црна хроника
Пациент во Тетово нападнал лекар и полицаец во болница

Полицијата од Тетово вчера попладне го приведе М.М. (28) од селото Челопек, по пријава дека во Клиничката болница во Тетово агресивно се однесувал кон медицинскиот персонал и физички го нападнал Л.А. (31) од село Желино, лекар кој се обидувал да му укаже лекарска помош.
Според МВР, по пристигнувањето на полицијата, осомничениот продолжил со агресивното однесување и нападнал и еден од полициските службеници.
М.М. е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.