Спорт
Гостински победи за Бразил и Аргентина, дебакл на Колумбија
Четвртото коло од квалификацискиот циклус за пласман на Светското првенство во Јужна Америка донесе дебакл на Колумбија, односно сигурни победи на Бразил и Аргентина. Бразилците се единствени со максимален учинок во првите четири рунди.
Уругвај не успеа да го изненади Бразил во дербито. „Кариоките“, во Монтевидео, победија со 2:0. Стрелци на головите во првото полувреме беа Артур и Ришарлисон. Играчите на Уругвај во првиот дел два пати ја погодија гредата, преку Нуњез и Годин. Домашната репрезентација мечот го заврши со ирач помалку. Директен црвен картон доби Кавани.
Еквадор ја декласира Колумбија со 6:1. Еквадорците мечот го решија во првиот дел кога стекнаа предност од 4:0. Почесниот гол за Колумбија го постигна Хамес Родригез од пенал.
Аргентина, во првите 30 минути, постигна два гола во Лима против Перу. Третиот триумф на „гаучосите“, во овие квалификации им го донесоа Гонзалес и Лаутаро Мартинез.
Првиот триумф го запиша Венецуела, а Боливија го освои првиот бод. Венецуела го изненади Чиле (2:1), а Боливија одигра 2:2 во Парагвај.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Граѓаните“ зачекорија во финалето на Лига купот
Фудбалерите на Манчестер Сити со „една нога“ се во финалето на Лига Купот на Англија, откако во првиот натпревар од полуфиналето го победија Њукасл на гостински терен со 2:0.
Херој на „граѓаните“ на „Сент Џејмс Парк“ беше Антоан Семењо, новодојденец од Борнмут кој го постигна вториот гол во вториот натпревар за Сити.
Се играше 53-та минута кога брзоногиот крилен напаѓач, на асистенција на Бернардо Силва, постигна гол и, веројатно, го реши ова полуфинале. Десет минути подоцна репрезентативецот на Гана постигна уште еден гол, истиот беше поништен од ВАр собата.
„Граѓаните“ ја потврдија победата и си обезбедија мирен реванш на домашен терен, кога Рајан Шерки постигна гол во 99-та минута.
Реваншот ќе се одигра на 4 февруари на стадионот „Итихад“ во Манчестер.
Лондонските ривали Челзи и Арсенал се среќаваат во второто полуфинале, а првиот натпревар е закажан за среда на стадионот „Стемфорд Бриџ“.
Спорт
Роџерс Мато има договор со Хартс
Фудбалерот на Вардар, Роџерс Мато, по завршувањето на сезоната ќе се пресели во челнот на Премиер лигата на Шкотска, Хартс.
Мато, во Хартс ќе се пресели како слободен играч, бидејќи договорот му истекува по завршувањето на сеозната. Трансферот на Мато го потврди шкотскиот клуб на официјалната интернет страница и социјалните мрежи.
Фудбалерот од Уганда со актуелниот лидер во Шкотска потпишал договор до јуни 2029 година.
Спорт
Мајкл Керик го презеде Манчестер Јунајтед
Неколку дена по оставката што му беше врачена на Рубен Аморим, Манчестер Јунајтед го објави неговиот наследник.
Како што беше објавено, клупата ќе ја преземе Мајкл Карик, кој ќе ги предводи „црвените ѓаволи“ во остатокот од сезоната.
„Мајкл Карик се врати. Нашиот поранешен капитен ќе биде наш главен тренер до крајот на сезоната 2025/26“, се вели во официјалното соопштение.
Карик одигра 464 натпревари за Јунајтед, освојувајќи пет титули во Премиер лигата, ФА Купот, два Лига Купа, Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Светското клупско првенство.
Тој се приклучи на првиот тим откако се пензионираше како играч во 2018 година и работеше под водство на Жозе Мурињо и Оле Гунар Солскјер.
По заминувањето на Норвежанецот, Карик го водеше тимот како вршител на должноста менаџер.
Поранешниот англиски репрезентативец последен пат беше вработен во Мидлсбро, кој го водеше две и пол години, од октомври 2022 година.
Foto/ depositphoto

