Спорт
Федерер призна – најтежок противник му е Надал

Швајцарскиот тениски ас, Роџер Федерер, зборуваше за завршниот мастер во Лондон, а притоа откри и кој му е најтешкиот противник во кариерата. Се присети и на своите почетоци во 2002 година.
„Тогаш разбрав дека можам да ги победам најдобрите светски играчи. Таа година, 2003, ова е првиот турнир на кој се пробив“, вели Швајцарецот.
Федерер вели дека против Надал секогаш бил фаворит во сала.
„Секогаш постои притисок кога играм против Рафаел Надал во сала затоа што сум фаворит. Тоа се менува во зависност од тоа како течат работите, но тој секогаш беше тежок противик за мене“, додава швајцарскиот ас.
Неодамна во едно интервју го спомена и Бјорн Борг.
„Бјорн имал слична приказна како и јас. Работата е во тоа што тој многу бргу созреал, уште во тинејџерските денови. Затоа тој е заедно со Рафа, најдобриот тинејџер во светот на тенисот во историјата“, смета Федерер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Аморим по дебаклот од Гримзби: Само еден тим играше на теренот

Манчестер јунајтед доживеа уште еден нокаут, многумина ќе речат историски откако доживеа елиминација од Лига купот, од тимот од четвртата лига, Гримзби.
„Црвените ѓаволи“, лошо влегоа во сезоната, во првите две кола освоија само еден бод,а елиминцијата од Гримзби, по 13 серии пенали, под знак прашање ја ставија иднината на менаџерот Рубен Аморим.
По натпреварот, Рубен Аморим беше целосно депресивен и даде многу чудна изјава:
„Денес победи подобриот тим, единствениот тим што беше на теренот. Мислам дека тимот и играчите зборуваа многу гласно денес, тоа е тоа. Изгубивме, подобриот тим победи“, рече Аморим и продолжи криптички: „Мислам дека е многу јасно што кажаа играчите денес, па да продолжиме понатаму, мислам дека на сите им е јасно што се случи денес.“
🗣️ "The best team won. The only team that was on the pitch."
Ruben Amorim reacts to Manchester United's Carabao Cup exit after defeat to Grimsby Town on penalties. pic.twitter.com/Vgwpweyy0U
— Sky Sports Football (@SkyFootball) August 27, 2025
Спорт
Познати се сите учесници во Лигата на шампионите – Ждрепката е во четврток

По последните квалификациски натпревари, познати се сите учесници на 71-то издание на Лигата на шампионите. Наградниот фонд за Лигата на шампионите оваа сезона е 3,317 милијарди евра.
Следната сезона 2025/26 ќе биде втора по ред во новиот формат со 36 екипи, при што секој од нив ќе игра најмалку осум натпревари.
Сите екипи ќе бидат поделени во четири шешири од по девет екипи, а ждрепката ќе се одржи во четврток во 18:00 часот во Монте Карло.
Прв шешир: Пари Сен Жермен, Реал Мадрид, Манчестер сити, Баерн Минхен, Ливерпул, Интер, Челзи, Борусија Дортмунд, Барселона
Втор шешир: Арсенал, Баер Леверкузен, Атлетико Мадрид, Бенфика, Аталанта, Виљареал, Јувентус, Ајнтрахт, Клуб Бриж
Трет шешир: Тотенхем, ПСВ, Ајакс, Наполи, Спортинг Лисабон, Олимпијакос, Славија Прага, Боде/Глимт, Олимпик Марсеј
Четврти шешир: Копенхаген, Монако, Галатасарај, Унион Сен Жилоа, Карабаг, Атлетик Билбао, Њукасл, Пафос, Каират
Првото коло ќе се одигра на 16 и 17 септември, додека финалето е закажано за 30 мај во Будимпешта.
Спорт
(Видео) Клуб од Четвртата лига го елиминира Манчестер јунајтед од Лига купот

Членот на Лига 2 (четврти ранг на англискиот фудбал) Гримзби го елиминира Манчестер јунајтед во второто коло, во Лига купот. Гримзби, клуб основан пред 147 години, победи на пенали со 12:11. Натпреварот во регуларното време заврши 2:2 (2:0).
Дека на „Бландел Парк“ може да се случи една од најголемите сензации во историјата на англискиот фудбал, можеше да се насети во првото полувреме, кое Јунајтед од апсолутниот аутсајдер го загуби со 2:0.
Првиот гол го постигна Вернам во 22-та минута, а Ворен го дуплираше водството на Гримзби по половина час игра.
Манчестер јунајтед се врати во живот во последните 15 минути, со головите на Брајан Ембумо во 75-та и Хари Магваер во 89-та минута.
Бидејќи немаше победник во 90 минути се шутираа пенали. Таму се случуваше вистинска драма, се шутираа 13 серии, а трагичари беа играчите за кои Јунајтед летово издвои речиси 150 милиони евра.
Матеус Куња не успе да ја заврши работата во петтата серија кога резултатот беше 4:4, а Ембумо ја погоди гредата во 13 серија.
Фото/ Принтскрин