Економија
(Видео) Битиќи: Очекуваме враќање на преткризното ниво на БДП во втората половина на 2022
Со буџетот за 2021 година и со наредните очекуваме да се вратиме на преткризното ниво на БДП веќе во втората половина на 2022 година, а веќе во 2025 година нашата економија да расте со стапка од 5,9 %, изјави вицеремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.
Недвосмислено, додаде тој, потребни се повисоки стапки на раст, кои ќе значат и поголем обем на производство, создавање производи со повисока додадена вредност, иновативни решенија, а сето тоа ќе резултира и со повисок животен стандард на граѓаните.
Битиќи рече дека буџетот е проектиран на 247,5 милијарди денари или околу 4 милијарди евра. Тоа се 2,1-процентни поени помалку од буџетот за 2020 година. Воедно, рече Битиќи, очекуваме значително зголемување на приходите за речиси 8,3 %, кои се очекува да бидат 212,6 милијарди денари или 3,45 милијарди евра, со што буџетскиот дефицит од 8,5 %, колку што ќе биде во 2020 година, ќе падне на 4,9 % од БДП.
Тој рече дека се планира во наредните пет години, односно во 2025 година, буџетскиот дефицит да биде спуштен до 2,5 % од БДП.
„Буџетот за 2021 година има три главни цели: да обезбеди поддршка и понатамошно унапредување на здравствениот сектор, што останува врвен приоритет, пред сè, за заштита на здравјето и на животот на сите наши граѓани; да го поддржи економското заздравување, односно да се помогнат сите оние микро, мали, средни и големи компании, кои како последица на пандемијата ќе имаат потреба од подадена рака за да се исправат, но и да се стимулираат компаниите што работат со успех понатаму да се развиваат, прошируваат, зголемуваат производство и извоз и на тој начин да го забрзаме економскиот раст и да ги одржиме и унапредиме основните функции на државатта и да овозможиме ефикасно спроведување на потребните реформи за евро-атлантските интеграции, со особен фокус на реформите во правосудството“, рече Битиќи.
Доколку сè се одвива по зацртаните проекции, додаде тој, очекуваме со овој буџет да се обезбеди раст на домашниот бруто-производ од 4,1 %, да се стимулира извозот, кој очекуваме да порасне 14,4 %, воедно да пораснат и бруто-инвестициите 8,4 %.
„Како една од поважните компоненти во формирањето на БДП е приватната потрошувачка за која имаме проекција за раст од 3,8 %, а раздвижувањето на економската активност сметаме дека ќе доведе и до зголемување на бројот на вработени речиси 2 %“, рече вицепремиерот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО
Декември е месец на посакување, полн со желби за исполнување – време кога празничните моменти нѐ зближуваат, кога малите гестови добиваат големо значење, а топлината ја чувствуваме во вниманието што си го подаруваме едни на други. Ова е период кога блискоста станува најубавата празнична приказна, затоа што среќата е најголема кога се споделува – и секогаш оди рака под рака со подарувањето.
Оваа година, СЕТЕК го бои декември во сино. Со кампањата BLUE DECEMBER, празничниот дух се преточува во месец исполнет со инспирација, идеи и среќни моменти – поддржани од најголемиот избор на техника, по најповолни цени. За нас, декември е време кога желбите полесно се исполнуваат, а радоста стигнува побрзо од кога било.
Во рамките на BLUE DECEMBER ќе оживеат низа празнични активности.
На Сетекнувало, кому секогаш нешто му текнува, ќе му доаѓаат нови идеи за исполнување желби.
Santa Blue ќе го разбуди празничниот дух кај секого, а Синиот караван, кој ќе патува низ салоните на СЕТЕК, ќе ја шири празничната атмосфера каде и да се појави.
Во салоните ќе ве пречека и посебно уредено Сино празнично катче, место каде што инспирацијата се раѓа сама од себе, а идеалниот подарок е секогаш на дофат. Ве покануваме да ја откриете вашата сина празнична приказна во СЕТЕК – место каде што желбите природно се спојуваат со радоста, создавајќи ја вистинската магија на празниците.
BLUE DECEMBER има една едноставна мисија: да донесе повеќе радост во секој дом.
Следете нè за повеќе информации.
Facebook:@setec.com.mk
Instagram: @setec.se.od.tehnika
(ПР)
Економија
Одржана редовната седница на Советот на Народната банка
Советот на Народната банка, на 5 декември 2025 година, ја усвои Програмата за работа за 2026 година, со којашто се утврдија клучните активности за спроведување на законските надлежности и стратегиските области дефинирани со Стратегискиот план 2025 – 2027 година. Во 2026 година ќе се спроведат 179 програмски активности, од кои 113 се редовни, а останатите се насочени кон модернизација на работењето, унапредување на регулативата, јакнење на безбедноста и поддршка на финансиската стабилност.
Монетарната политика и понатаму останува сосредоточена на одржувањето на ценовната стабилност како основна цел и предуслов за одржлив економски раст и стабилен финансиски систем. Во таа насока, Банката ќе работи на унапредување на моделите за макроекономско прогнозирање, модернизација на монетарните инструменти, оптимизирање на ликвидносното управување и подобрување на функционирањето на девизниот пазар и ефикасно спроведување на монетарните операции. Народната банка ќе продолжи со транспарентноста и навременото објавување на одлуките со цел јакнење на довербата и кредибилитетот на монетарната политика. Управувањето со девизните резерви ќе продолжи да се спроведува согласно принципите на сигурност, ликвидност и профитабилност, преку оптимално инвестирање во рамки на дефинираните лимити за валутниот, кредитниот, ликвидносниот и каматниот ризик.
Во доменот на финансиската стабилност, супервизијата и решавањето банки, предвидени се активности за континуирано следење на ризиците во банкарскиот систем, со особен акцент на климатските и на ИТ-ризиците, унапредувањето на супервизорските методологии и процеси, зголемената заштита на потрошувачите преку зајакнати интерни прописи и контроли, како и подготовката за примената на новата рамка за решавање банки во 2026 година.
Во делот на платните системи и платежните услуги, ќе продолжи унапредувањето на ефикасноста, сигурноста и стабилноста на националната инфраструктура. Во 2026 година ќе се примени современа интегрирана платформа за управување со готовината, со цел воспоставување модерен систем за снабдување и обработка на книжните и кованите пари. Истовремено ќе се спроведуваат и активности за модернизација на платната инфраструктура заради целосно функционирање на прекуграничните плаќања во рамки на СЕПА-шемите и за спроведување на проектот за воведување систем за инстант плаќања – клон на ТИПС, кој ќе придонесе за регионално поврзување и понатамошна интеграција со инфраструктурата на Европската Унија.
Во областа на статистиката и економските истражувања, Народната банка, како што информираат од таму, ќе ги продолжи редовните аналитички активности и подготовката на краткорочните проекции, ќе воведува современи алатки и техники за машинско учење и ќе ги унапредува статистичките податоци согласно новите меѓународни стандарди. Како дел од дигиталната трансформација, ќе продолжи спроведувањето на клучните проекти – интегрираниот систем за статистичко и супервизорско известување (ИСИДОРА) и воспоставување централен податочен склад.
Банката останува посветена на јакнење на транспарентноста, доброто управување, етичките стандарди, меѓународната и на меѓуинституционалната соработка преку непречено остварување на функциите на поддршка и примена на најдобрите практики во корпоративното управување, со цел обезбедување законито, ефикасно, правично и навремено носење одлуки во интерес на јавноста и сите сегменти од работењето. Следејќи ги современите ризици и технолошки промени, ќе продолжи да работи на зајакнување на институционалната отпорност, сигурноста на системите и на ефективното управување со ризиците, со цел обезбедување непрекинато функционирање на клучните процеси.
Програмата за работа за 2026 година ја потврдува заложбата на Народната банка за одржување ценовна и финансиска стабилност, како основа за долгорочен економски развој, доверба во институцијата и заштита на јавниот интерес.
Во насока на натамошно унапредување на ефективноста на монетарната политика, на седницата на Советот беа усвоени регулаторни измени за премин на Народната банка кон нова оперативна поставеност на монетарните инструменти. Примената на новата оперативна монетарна рамка ќе започне од 24 декември 2026 година. Со измените се врши модернизација на оперативната поставеност на монетарната политика согласно најдобрите практики на централните банки. Се очекува овие промени да придонесат за засилување на сигналниот механизам на основниот инструмент на монетарната политика – благајничките записи, а со тоа и на монетарната трансмисија. Благајничките записи и натаму остануваат основен инструмент на монетарната политика, при што нивната рочност се намалува на седум дена, а воедно се преминува кон примена на пазарни принципи на аукцирање. Инструментот расположлив депозит на седум дена кај Народната банка се укинува, а за оптимално ликвидносно управување на дневна основа банките и штедилниците и натаму ќе може да го користат расположливиот депозит преку ноќ. Во новата оперативна рамка, каматната стапка на расположливиот депозит преку ноќ се врзува за каматната стапка на благајничките записи, на ниво пониско за 50 базични поени и ќе се менува согласно промената на каматната стапка на основниот инструмент на ист начин како што се менува каматната стапка на расположливиот кредит преку ноќ. Со тоа, се формира симетричен коридор од каматните стапки на расположливиот депозит и на кредитот преку ноќ во однос на основната каматна стапка на Народната банка.
Економија
„Нетфликс“ го купува „Ворнер брос“ за 72 милијарди долари
„Нетфликс“ го купува филмскиот и стриминг-бизнис на „Ворнер брос дискавери“ за 72 милијарди долари, пишува Би-би-си.
„Ворнер брос“ поседува франшизи, како „Хари Потер“ и „Игра на тронови“, како и стриминг-услугата „Ејч-би-о макс“.
Ова преземање треба да доведе до радикална трансформација на американската филмска и медиумска индустрија, но аналитичарите предупредуваат дека може да наиде на отпор од регулаторните органи за заштита на пазарната конкуренција.
Том Харингтон, раководител на телевизискиот оддел во Enders Analysis, верува дека договорот, доколку добие регулаторно одобрение, ќе има огромно влијание врз филмската индустрија.
„Ако се реализира, тоа ќе го преобликува Холивуд, при што стримерот ќе преземе бизнис што во голема мера е егзистенцијална контрадикција. ‘Нетфликс’ отсекогаш имал ограничена употреба на кино, но генерално неговата понуда го поткопува тоа“, рече тој.
Харингтон предвидува големи намалувања на телевизиската и на филмската продукција во рамките на комбинираниот ентитет, што би можело да предизвика отпор од холивудските синдикати.
За потрошувачите, спојувањето веројатно би значело повисоки цени, рече тој.
„’Нетфликс’ би станал поскап, па дури и ако ‘Ејч-би-о макс’ биде затворен/стане неважен, поголемата пенетрација на ‘Нетфликс’ во домаќинствата веројатно би значела зголемување на вкупните приходи од претплати“.

