Црна хроника
Кривична пријава за припадникот на АРМ – ограбувач
Припадникот на АРМ, кој вчера се обиде да ограби бутик за долна облека во центарот на Куманово, доби кривична пријава, соопшти МВР
Триесет итригодишниот жител од кумановското село Режановце вчера околу 15:30 часот маскиран со капа и под дејство на алкохол влегол во бутикот и со гасен пиштол почнал да и се заканува на вработената, при што од вратот и скинал златно синџирче со приврзок.Додека вработената се обидувала да избега од бутикот, разбојникот ја фатил и се заканил со нож. Вработената продолжила да дава отпор, но разбојникот почнал да ја стега за вратот и и нанел тешки повреди на лицето.Таа сепак успеала да се јави на телефон и да ја алармира полицијата, која за многу кратко време дошла и го уапсила разбојникот.Сега се преземаат мерки за утврдување на евентуална негова инволвираност во извршувањето на други вакви дела.Ова не е првпат припадник на АРМ да се најде во улога на ограбувач. Пред само неколку дена припадник на АРМ, заедно со уште еден скопјанец, ограбија обложувалница во центарот на Скопје.Алфите го уапсија едниот од разбојниците, а по припадникот на АРМ сè уште се трага.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен маж од Валандовско: управувал возило под дејство на алкохол
Вчера во 13:06 часот во село Јосифово, валандовско, полициски службеници од ОВР Валандово го лишија од слобода 46-годишниот Г.К. од село Јосифово.
При сообраќајна контрола во село Јосифово е сопрено патничко возило „фолксваген пасат“ со валандовски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,28 промили алкохол во крвта.
За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Црна хроника
Кривична против маж од Врапчиште: со закана изнудил 5000 евра од негова роднина
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(84) од село во општина Врапчиште поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда’’.
Во текот на јули 2025 година, пријавениот со закана побарал и добил 5000 евра од едно женско лице – негова роднина, а откако таа побарала да ѝ ги врати парите ја прекинал комуникацијата со неа.
Црна хроника
Инцидент во болница во Ѓорче Петров: Пациент физички нападнал вработена
Вчера во 11:00 часот во СВР Скопје, 56-годишната Д.Ѓ. од Скопје пријави дека околу 04:00 часот на работното место во здравствена установа на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од едно лице, кое се лекувало во установата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

