Економија
„Некстсенс“ добитник на престижната глобална награда WITSA за ИКТ-заслуги и извонредност
На светскиот конгрес за ИКТ, кој се одржa вчера, 19 ноември 2020, во Пенонг Малезија, на кој учествуваат визионери и деловни лидери од целиот свет, компанијата „Некстсенс“, во конкуренција на огромен број компании и иновативни решенија од над 80 земји, ја доби престижната глобална награда за заслуги во областа на ИКТ-иновативноста – Virtual WITSA Global ICT Excellence Merit Award 2020 за своето решение Nextsense Contact Tracing Technology и мобилните апликации „СтопКорона!“ и „ВирусРадар“.
Листа на номинирани компании и решенија: https://witsa.org/2020-witsa-global-ict-excellence-awards-nominees/.
Оваа најголема ИКТ награда на интернационално ниво ја доделува Светската алијанса за информатичка технологија и услуги (WITSA) за исклучителни достигнувања во областа на информатичка и комуникациска технологија. Технологијата на Некстсенс за следење на изложеноста на Ковид 19 – Nextsense Contact Tracing Technology беше номинирана за WITSA награда од страна на МАСИТ.
Наградата, доделена на Светскиот конгрес за ИКТ претставува потврда за исклучителните достигнувањата на Некстсенс во развој на врвна технологија и признание за високото ниво на стручност и посветеност на тимот на Некстсенс, кој своето знаење го стави во функција на поддршка на заедницата во борбата против Ковид-19. На церемонијата на доделување на наградите што се одржа во Малезија, Васко Кроневски, Главен извршен директор на Некстсенс истакна:„Глобалната криза предизвикана од пандемијата ја предизвика отпорноста на нашите општества и нè мобилизира сите да дадеме придонес кон заедницата за општо добро.
Благодарни сме на МАСИТ за номинирањето на нашето решение. Ни претставува особена чест што реномираната WITSA ги потврди вредноста и значењето на Nextsense Contact Tracing Technology и го награди нашето решение со глобална награда за ИКТ заслуги.
Со несебичен придонес на нашите вработени, клиенти и партнери во Северна Македонија, Унгарија и Хрватска кои ја дадоа својата креативна енергија и своите ИКТ вештини, развивме алатка што ќе го зајакне општеството во борбата против Ковид-19.
Навистина беше голема радост да се работи со тим од вистински мотивирани професионалци.“
Доделувањето на наградите може да го проследите на следниот линк: https://youtu.be/wBBKmuep6iU
Награденото решение на Некстсенс – пример во светски размери
Вредноста на решението на Некстсенс за детекција на изложеноста на Ковид-19 произлегува од врвната технологија имплементирана во мобилните апликации СтопКорона и ВирусРадар, која целосно ја гарантира приватноста на корисниците, обезбедува високи стандарди на безбедност и заштита и притоа нуди едноставно корисничко искуство, разменувајќи сигурни анонимизирани податоци.
Ова решение претставува пример во светски размери како технологијата, комбинирана со супериорно техничко знаење, тимска работа и силна посветеност кон помагање на заедницата, може да придонесе во борбата против светската пандемија. Некстсенс со ова решение постави високи стандарди и позитивна практика со која се мотивираат и другите компании во светот да ја користат технологија во функција на заедницата.
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
БРАКО на АНАНАС: медицинскиот мебел на БРАКО отсега и со онлајн продажба на Ананас
Дел од програмата на медицински мебел на БРАКО отсега ќе може да се купи на сајтот за онлајн тргување Ананас. На сајтот се изложени производи кои се од домашно македонско производство и кои досега беа достапни за купување директно oд капацитетите во фабриката во Велес.
На овој начин, со партнерството со популарниот сајт за онлајн продажба Ананас, се излегува во пресрет на приватни лица и помали правни субјекти од областа на здравството и козметологијата да можат набават опрема за лично користење и за обавување на својата дејност, на начин кој е во тек со светските трендови на купување.
На сајтот се достапни кревет за медицински преглед, столчиња за медицински преглед, медицински паравани, рефлектори, сталаци, отомани за физиотерапија и масажа, сервисни колички и други производи.
Палетата на БРАКО која ќе биде достапна на Ананас во иднина ќе се проширува и ќе биде од корист особено за постари лица и лица кои се соочуваат со одредени физички здравствени попречености и на кои им се потребни помагала за олеснување на секојдневното функционирање, дома и надвор од домот.
Сите големи нарачки на медицински мебел и натаму се возможни во директен контакт со производителот БРАКО.
(ПР)
Економија
Македонските вина се продаваат во 40 држави во светот, Владата најавува зголемено производство и извоз
Македонија денес се претставува на „Винскa визија на Отворен Балкан“ во Белград.
Оваа година 80 винарски визби се претставуваат на овој саем од кои што 68 се мали семејни винарии и 12 винарски визби кои што се дел од здружението „Wines of Macedonia“, а за првпат имаме и изложувачи на квалитетна македонска традиционална храна.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, рече дека ова е одлична можност македонските квалитетни вина да бидат промовирани на саемот.
Тој посочи дека е зголемена продажбата на македонското вино надвор од границите на државата.
„Република Македонија е на 22 место во светот по производство на вино, а се наоѓа на 29-то место по извоз на вино во светот“, заклучи министерот.
Трипуновски додаде дека Владата има за цел да се зголеми производството на вино во државата со што ќе се зголеми и извозот на истото во светот. Девизен прилив од извоз на вино за 2023-та година изнесуваше над 57 милиони евра.
„Нашите вина се продаваат во преку 40 држави во светот. А, најголем дел се пласира овде во регионот, односно на Балканот“, истакна тој.
„Како Влада продолжуваме посветено да работиме во делот на секторот винарство бидејќи е втора најзначајна гранка во Република Македонија по извоз и девизен прилив“, нагласи министерот Трипуновски.
Економија
Илон Маск го сруши сопствениот рекорд на богатство, има 347,8 милијарди долари
Богатството на американскиот тајкун Илон Маск достигна рекордни 347,8 милијарди долари во петокот, поттикнато од континуираните добивки во акциите на „Тесла“ и новата рунда на финансирање откако неговиот стартап со вештачка интелигенција беше проценет на 50 милијарди долари.
Многу компании на Маск забележаа пораст на нивната вредност откако изборната победа на Доналд Трамп го круниса со политичко внимание.
Акциите на Тесла пораснале за 3,8 отсто во петокот, продолжувајќи да го поттикнува оптимизмот дека плановите на тимот на Трамп за автономни возила и субвенции за електрични возила ќе и дадат предност на компанијата на Маск пред конкуренцијата.
Маск, најбогатиот човек на светот, сега го собори сопствениот рекорд од 340,4 милијарди долари поставен во ноември 2021 година, според индексот на милијардери на „Блумберг“.