Свет
Трамп преку судови се обидува да ја спречи победата на Бајден, но губи тужба по тужба
Американскиот претседател, Доналд Трамп, и неговите сојузници изгубија три пресуди во обид да го спречат демократот Џо Бајден да прогласи победа на изборите.
Судија во Џорџија, назначен од самиот Трамп, го одби барањето на конзервативниот адвокат Лин Вуд да се спречи потврдувањето на победата на Бајден во таа држава. Во тужбата се тврди дека изборните службеници таму неправилно го смениле процесот на пребројување на гласачките ливчиња на отсутни гласачи.
„Запирањето на прогласот во последен момент би предизвикало збунетост и обесправување, што нема основа во фактитге и законот“, рече судијата во Атланта, Стивен Гримберг, за време на изрекувањето на пресудата.
Правниот тим на Трамп, предводен од неговиот личен застапник, поранешниот градоначалник на Њујорк, Руди Џулијани, во средата одржа прес-конференција на која нагласи дека Трамп е победник на изборите. Тој изнесе низа обвинувања за изборни нерегуларности, но најавено е дека ова е само почеток на долг процес и дека подоцна ќе презентира докази.
Стратегијата на Трамп да остане на власт сè повеќе е насочена кон убедување на републиканските законодавци да интервенираат во негово име во клучните држави каде што победи Бајден, изјавија три извори за „Ројтерс“.
Набргу по соопштението до медиумите во средата, судот во Пенсилванија го отфрли обидот на стожерот на Трамп да поништи 2,2 илјади гласа во округот Бакс, во близина на Филаделфија, Пенсилванија, поради наводни неправилности.
Судот во Аризона во меѓувреме ја отфрли тужбата, која повика на спречување на официјалните претставници на Феникс да ја потврдат победата на Бајден.
Републиканската партија во Аризона побара од судијата да нареди нова проверка на гласовите во округот Марикопа, каде што живеат мнозинството жители на таа држава тврдејќи дека гласовите таму биле незаконски преброени.
Судијата сè уште не објасни зошто го отфрли случајот, но најави дека ќе објави подетаљно толкување подоцна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Апокалиптични сцени од Турција: силен ветер уништи објекти
Силни ветрови ја погодија северозападната турска провинција Коџаели предизвикајќи значителна материјална штета, при што на повеќе објекти им биле целосно откорнати покривите, јавуваат локалните медиуми.
На снимките објавени од локалниот портал „Коџаели Гундем“ се гледа моментот кога силен ветер подигнува покрив од зграда во населбата Диловаси и го носи од објектот. На друга снимка, објавена подоцна, покривот може да се види речиси неоштетен како лежи на земја.
A massive storm hits #Istanbul, #Turkey. pic.twitter.com/YOzRNoToE4
— Siraj Noorani (@sirajnoorani) January 8, 2026
Дополнителни видеа од местото Хереке прикажуваат куќа што останала без покрив, а предмети од внатрешноста се расфрлани по просториите поради силните налети на ветерот.
Од Кабинетот на гувернерот на провинцијата Коџаели уште во средата било издадено предупредување дека се очекуваат олујни ветрови со брзина од 50 до 70 километри на час, додека во повисоките предели ударите можеле да достигнат и до 80–90 километри на час.
Фото: pexels
Свет
Шефот на гренландска рударска компанија: САД сакаат инвестиции во минерали, преговорите се во тек
САД разгледуваат можност за инвестиции во ископување стратешки минерали на Гренланд, потврди извршниот директор на рударската компанија Аморок, Елдур Олафсон, во изјава за Си-Ен-Би-Си.
Компанијата работи во јужниот дел на Гренланд, каде што се занимава со ископување и истражување на злато, бакар, германиум, галиум и други стратешки минерали. Олафсон наведе дека се водат разговори со американски владини институции за можни инвестиции, но дека договорите сè уште не се финализирани.
Според него, потенцијалната соработка би можела да вклучува договори за откуп, инфраструктурна поддршка и кредитни линии, без да прецизира за кои проекти станува збор.
Портпарол на Стејт департментот изјави дека САД сакаат да изградат долгорочни комерцијални односи кои ќе им користат и на Американците и на народот на Гренланд, додавајќи дека претседателот Доналд Трамп ја истакнал важноста на Гренланд за одбраната на САД.
Интересот на Вашингтон се засилува во период кога Трамп повторно ја нагласува идејата за купување на Гренланд, кој го смета за клучен за националната безбедност. Следната недела американскиот државен секретар Марко Рубио треба да разговара со дански претставници за иднината на островот.
Белата куќа ги гледа богатите минерални ресурси на Гренланд како можност за намалување на кинеската доминација на пазарот на стратешки минерали.
Фото: pexels
Свет
(Видео) Експлозија на гас разнесе станбена зграда во Германија
Три лица, меѓу кои и шестгодишно дете, загинаа во силна експлозија на гас што рано утринава целосно уништи станбена зграда во германскиот град Албштат. Уривањето се случило околу 5 часот наутро во градската населба Тајлфинген, а полицијата потврди дека загинатите се членови на исто семејство на возраст од 33, 30 и 6 години, пренесе Билд.
На местото на несреќата се ангажирани повеќе од 200 припадници на итните служби. Откако семејството првично се водело како исчезнато, спасувачите подоцна ги пронашле нивните тела во урнатините.
Детонацијата била исклучително силна и го вознемирила целото соседство. Еден од станарите изјавил за Шварцвелдер Ботен дека околу 5 часот наутро целата куќа му се затресла, предмети паѓале од полици, а стаклото на влезната врата пукнало. Друга соседка помислила дека станува збор за земјотрес.
Според полицијата, во експлозијата не била уништена само погодената куќа, туку и неколку околни згради биле сериозно оштетени. Соседите биле евакуирани и никој од нив не е повреден. Итните служби им укажале помош, а многумина биле во состојба на шок.
Од безбедносни причини, дотокот на гас во целата улица бил прекинат. Градоначалникот Тралмер изјавил дека нема опасност од нови експлозии и дека се очекува снабдувањето со гас за околните куќи повторно да биде воспоставено во текот на денот.
Фото: pexels

