Спорт
Катар очекува еден милион гледачи на СП 2022

Организаторите на Светското првенство, кое во 2022 година ќе се одржи во Катар, очекуваат најмалку 1.000.000 гледачи од целиот свет.
Катар ќе биде последно СП на кое ќе учествуваат 32 репрезентации. Од 2026 година на Мундијалот учество ќе земат 48 репрезентации.
„Имаме две години и се надеваме дека луѓето ќе можат да дојдат во Катар. Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, пред еден месец беше кај нас, уверен е дека СП ќе се одржи со присуство на публика. Очекуваме милион нанвивачи од целиот свет“, рекла вишиот менаџер на Извршниот одбор на турнирот во Катар, Фатма ал Нуами.
СП во Катар ќе се игра од 21.ноември до 18.декември 2022 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Две легенди пристигнаа во МЛС: Сон во Лос Анџелес, Милер во Ванкувер

Во ист ден, ФК Лос Анџелес го претстави јужнокорејскиот ас Сон Хјунг-мин, додека легендарниот германски фудбалер Томас Милер позираше со дресот на Ванкувер Вајткепс.
Фудбалскиот клуб од Лос Анџелес го објави трансферот на екс-капитенот на Тотенхем, Сон Хјунг-мин. Договорот со 33-годишниот Кореец важи до 2027 година. Исто така, предвидува можност за продолжување за една или две сезони.
Црно-златните официјално го претставија Сон на стадионот „БМО“, само еден ден откако слета во Соединетите Држави. ЛАФЦ за него плати 26,5 милиони долари, што е апсолутен рекорд за трансфер во МЛС.
На почетокот на август, Сон Хјунг-мин го објави своето заминување од Лондон. Тој играше за Тотенхем десет години. Почнувајќи од 2015 година, одигра вкупно 454 натпревари постигна 173 гола со 101 асистенција.
Круната на својата кариера, а воедно и најубавото збогување со Тотенхем, го доживеа на 21 мај кога го крена трофејот од Лигата на Европа со капитенската лента околу раката по победата од 1:0 над Манчестер јунајтед во финалето во Билбао.
Истиот ден, само во Канада, уште една легенда на светскиот фудбал, Томас Милер, се пресели во МЛС и официјално стана фудбалер на Ванкувер Вајткепс.
Договорот со 35-годишниот Германец беше потпишан до крајот на сезоната 2025 година со можност за продолжување за една година.
Томас Милер го напушти Баерн Минхен по 25 години, вкупно, одигра 756 натпревари, постигна 250 голови и имаше 276 асистенции.
Играјќи за Баерн, тој стана еден од најтрофејните играчи во историјата на фудбалот. Освои вкупно 33 трофеи.
Фото/ Принскрин
Спорт
(Видео) Жестока тепачка на натпреварот Комо – Бетис

Бетис и Комо вчера одиграа контролен натпревар во Кадиз, а според сцените од тепачката што се случи на теренот и споделени на социјалните мрежи, натпреварот беше се, само не беше пријателски. Голем број играчи од двата тима учествуваа во големата тепачка.
По завршувањето на првото полувреме, во кое Комо водеше со 2:0 благодарение на головите на Асане Диао и Лукас де Куња, се случи тепачка откако Пабло Форналс и Масимо Пероне разменија удари.
Во моментите на тепачката, видеото покажаува дека напаѓачот на Бетис, Кучо Ернандез, влета во толпата со намера да удри еден од играчите на италијанскиот тим, но наместо тоа успеа да го удри соиграчот Натан.
Форналс, и покрај тоа што прв удри, избегна исклучување, додека Пероне доби црвен картон на стадионот „Естадио Мунисипал де Ла Линеа де ла Консепсион“. Сепак, Бетис остана со еден играч помалку бидејќи Хектор Белерин беше исклучен.
Натпреварот заврши со победа на Комо (3:2).
Real Betis v Como in a friendly tonight 🤛 pic.twitter.com/PxH2jhZSPu
— 𝐂𝐚𝐬𝐮𝐚𝐥 𝐔𝐥𝐭𝐫𝐚 𝐎𝐟𝐟𝐢𝐜𝐢𝐚𝐥 (@thecasualultra) August 6, 2025
Спорт
„Телеграф“: Перишиќ преговара со Нови Пазар

Хрватскиот фудбалер Иван Перишиќ наводно преговара со Нови Пазар во врска со трансфер во српскиот клуб.
Како што неофицијално дознава „Телеграф“, менаџерот на фудбалерот е во напредна фаза од преговорите со Нови Пазар, каде што треба да го замени Адем Љајиќ, кој ќе ја продолжи кариерата во Сараево.
Истиот извор наведува дека Перишиќ веќе бил во Србија и дека станува збор за бизнис што вклучува повеќемилионски суми. Се додава дека работата би можела да биде завршена во наредните денови.
Перишиќ моментално е играч на ПСВ, со кого има договор до 2027 година, а зад себе има одлична сезона во Ередивизие. Претходно во текот на летото, дури беше поврзуван и со Барселона.
Дополнително, веста за неговиот трансфер во Нови Пазар звучи како фикција, но ако се случи, веројатно ќе претставува најголем трансфер во историјата на српскиот клупски фудбал. Барем кога станува збор за 21 век.
Во својата кариера, Перишиќ играл за Клуб Бриж, Борусија Дортмунд, Волфсбург, Интер, Баерн, Тотенхем, Хајдук и ПСВ.
Момчето од Сплит одигра 144 натпревари за Хрватска и постигна 36 гола.