Македонија
(Видео) Арсовски: Вето има зашто Заев дома ветуваше датум, а на Бугарите распродажба на идентитетот и бизниси
Клучните политики на Заев и СДСМ со кои го лажеа народот во Република Македонија се разобличени. Тоа се живот за сите и влез во ЕУ. Ниту има живот за сите, ниту влегуваме во ЕУ во блиска иднина. Треба да се биде објективен и да се признае дека виновник за ветото е Зоран Заев кој дома ветуваше датум, а на Бугарија им ветувал историја, народ, малцинство кое ќе биде дефинирано од бугарската држава. Сето ова се удира во ѕид“ изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
„ Живот за сите нема затоа што испокрадоа СДСМ се што можеа и се што можеше да се испокраде, додека пак во ЕУ не влегуваме од неколку причини. Најпрвин, проблемот кој го има Бугарија со Република Македонија, не е туку така настанат, туку настанат е заради несериозната и неискусна „патлиџан” дипломатија на СДСМ, Заев и Димитров. И оттука слободно можеме проектот на Заев, Димитров, Шекеринска за влез во ЕУ да го прогласиме за политички мртов.
Покрај несериозната дипломатија, распродавањето како на пазар на национални и свети интереси на Република Македонија и македонскиот народ, нашите информации говорат дека Зоран Заев ветувал и многу други работи, кои немаат никаква поврзаност со дипломатија и ЕУ интеграција, туку само со обичен бизнис.
Па оттука прашуваме и очекуваме одговор: Какви концесии има Зоран Заев кон бугарската Влада и поединци од таму, кои што денес се една од пречките за ЕУ интеграција на Република Македонија? Дали се работи за бизнис концесии? Кои фактури ќе треба да ги плаќаат граѓаните за шарлатанството на Зоран Заев?
Дали е точно дека Заев ветувал на одредени луѓе, дека на патот кон ЕУ, како дел од цената за обезбедување поддршка од бугарската влада ќе биде и директна продажба на одредени државни удели во државни институции коишто ги поседува Република Македонија и владата, кои треба да преминат во капитал на бугарски бизнисмени, удели за кои и најавија продажба од самата Влада на Заев?
Тука би ги потенцирал делот кој го поседува Владата во Телеком, железничкиот транспорт, ТЕЦ Неготино, Македонски пошти и уште неколку приватни компании?
Зоран Заев им го должи овој одговор на граѓаните и тоа што побрзо.
Ова се огромни пазарџиски ветувања кои според одредени информации се една од неколкуте причини за блокадата на Бугарија во однос на Македонија, покрај немањето реформи, меката кичма на Заев и лагите и лажните ветувања.
Затоа е потребна Влада за национален спас, наспроти шарлатан како премиер кој лаже кај стигне и распродава се живо. Оставки веднаш!“ вели Арсовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Капиштец повеќе од шест часа без вода, дефект кај Цветен пазар ја поплавува улицата Народен фронт
Жителите на делови од скопски Капиштец повеќе од шест часа останаа без вода за пиење.
Кај Цветен пазар вечерва е забележан багер и ископана е голема дупка, додека во близина тече вода по коловозот.
Засега е познато дека станува збор за уличен дефект, но не е соопштено кога состојбата ќе биде целосно нормализирана.
„Поради уличен дефект на водоводна цевка Ф100мм на улица Народен Фронт 5 до цветен пазар, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Васил Ѓоргов и Народен Фронт од бр.5 до бр.21“, велат од ЈП Водовод и канализација.
Од претпријатието попладнево известија дека водата кај корисниците е сопрена во 13.30 часот и ќе остане така се’ до поправка на дефектот. Жители на Капиштец за „Макфакс“ велат дека кога прашале кога ќе биде пуштена водата, од службата за известување во „Водовод“ им кажале дека нема изгледи оти ќе го поправат дефектот денес.
Македонија
Во подготовка закон за високите раководители во управата – професионализација наместо партизација
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари работна средба со Петер Ваги, виш советник во OECD/SIGMA, на која беа разгледани клучните реформски процеси во областа на јавната администрација, со посебен акцент на подготовката на Законот за високите раководители на органите на државната управа и фондовите, како и на Закон за организација и работа на органите на државната управа (ЗОРОДУ).
На средбата се дискутираше за принципите на професионализација, мерит систем, транспарентност и отчетност во именувањето и управувањето со високите раководни структури во државната управа, како и за потребата од јасно разграничување на надлежностите, унапредување на координацијата и зголемување на ефикасноста во функционирањето на институциите преку новото законско решение за организација и работа на органите на државната управа.
Министерот ја истакна важноста од континуираната експертска поддршка од страна на OECD/SIGMA во процесот на подготовка и усогласување на законските решенија со европските стандарди и добри практики.
„Реформата на јавната администрација претставува еден од нашите врвни приоритети. Со Законот за високите раководители поставуваме јасни, транспарентни и професионални критериуми за избор и одговорност на раководниот кадар. Нашата цел е администрација која работи во служба на граѓаните, заснована на знаење, интегритет и резултати“ истакна министерот.
Од страна на претставникот на OECD/SIGMA беше изразена подготвеност за натамошна поддршка, со цел обезбедување усогласеност со принципите на добро управување и европските административни стандарди.
Министерството за јавна администрација останува посветено на спроведување сеопфатни и одржливи реформи, насочени кон јакнење на институционалниот капацитет, департизација и зголемување на довербата на граѓаните во јавните институции.
Македонија
Забрана за камиони кај Стража поради снег
Од 17:00 часот е воведена забрана за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар-Стража-Кичево и обратно.
Од АМСМ информираат дека забраната е поради обилни врнежи од снег и задржување на коловозот.

