Македонија
Во Македонија се регистрирани нови 1.112 заболени и 24 починати од Ковид-19
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2553 тестирања, а регистрирани се 1112 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-321, Куманово-69, Дебар-10, Штип-38, Прилеп-77, Тетово-79, Струга-44, Велес-44, Битола-65, Охрид-36, Кавадарци-26, Гостивар-60, Гевгелија-19, Струмица-35, Крива Паланка-7, Радовиш-6, Крушево-3, Кочани-44, Пробиштип-6, Демир Хисар-5, Македонски Брод-1, Пехчево-1, Берово-23, Валандово-12, Виница-11, Делчево-13, Кратово-2, Свети Николе-5, Кичево-12, Ресен-16, Неготино-22.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 709 оздравени пациенти од: Скопје-290, Куманово-30, Штип-31, Прилеп-62, Тетово-52, Струга-17, Велес-29, Битола-20, Охрид-57, Кавадарци-15, Гостивар-11, Гевгелија-6, Струмица-14, Крива Паланка-5, Радовиш-6, Крушево-1, Кочани-18, Пробиштип-2, Демир Хисар-3, Македонски Брод-1, Пехчево-4, Берово-3, Валандово-3, Кратово-4, Свети Николе-2, Кичево-10, Ресен-5, Неготино-8.
Починати се 24 лица, четири пациенти од Скопје (76, 62, 67 и 70г), еден од Куманово (64г), еден од Штип (87г), тројца од Прилеп (69, 45 и 79г), двајца од Тетово (41 и 65г), двајца од Велес (81 и 61г), пет пациенти од Битола (70, 91, 48, 60 и 73г), еден од Охрид (89г), еден од Крива Паланка (47г), еден од Крушево (60г), еден од Кочани (41г), еден од Македонски Брод (40г) и еден пациент од Виница (66г). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 54743, бројката на оздравени пациенти е 32366, на починати е 1511, а бројот на активни случаи изнесува 20866.
Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 23935, активни 9883
• Куманово 3427, активни 961
• Дебар 431, активни 96
• Штип 2419, активни 537
• Прилеп 2598, активни 1010
• Тетово 3526, активни 1004
• Струга 1283, активни 419
• Велес 1739, активни 784
• Битола 1703, активни 849
• Охрид 1398, активни 590
• Кавадарци 1056, активни 452
• Гостивар 2107, активни 759
• Гевгелија 657, активни 231 (48 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 118 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 1550, активни 613
• Крива Паланка 388, активни 127
• Радовиш 387, активни 127
• Крушево 110, активни 70
• Кочани 1155, активни 333
• Пробиштип 319, активни 77
• Демир Хисар 173, активни 75
• Македонски Брод 145, активни 33
• Пехчево 95, активни 24
• Берово 334, активни 101
• Валандово 189, активни 73
• Виница 344, активни 181
• Делчево 393, активни 177 (105 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 144, активни 76
• Свети Николе 741, активни 233
• Кичево 1126, активни 517
• Ресен 402, активни 165
• Неготино 469, активни 289 (46 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 2553 теста се преку: ИЈЗ-1377, ЦЈЗ Скопје-46, Авицена-307, Биотек-224, МАНУ -166, Жан Митрев (Филип Втори)-0, Систина со PCR метода -251, лабораторија Лаор –79, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-60, Инфективна клиника-2, ГАК-0, Синлаб-24, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -17, УК Пулмологија со алергологија –0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 312.143 тестирања на Ковид -19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 623
• Гази Баба – 1472
• Аеродром -1424
• Карпош – 1192
• Центар – 1188
• Кисела Вода – 1205
• Ѓорче Петров – 827
• Бутел – 551
• Шуто Оризари – 183
• Студеничани – 52
• Сарај – 152
• Арачиново -34
• Илинден – 245
• Сопиште – 63
• Чучер Сандево – 104
• Петровец –125
• Зелениково -73
• Странец – 173
• Нераспределен- 197
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно време со дожд за Божик, на планините снег
Времето денес променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта.
На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h). Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16 степени, јавува УХМР.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 12 степени.
Македонија
Денеска е Божик – денот на христовото раѓање
Православните христијани во светот, во Македонија и црквите кои се раководат по Јулијанскиот календар денеска го слават Рождеството Христово – Божик. Во сите храмови на Македонската православна црква изутрината се одржуваат божикни литургии.
Божик е денот на Христовото раѓање според христијанската традиција. Тоа е втор најголем празник во христијанството, по Велигден. Денеска воедно завршува 40-дневниот пост и овој ден се прославува со богата трпеза со мрсни јадења.
Со Божик е поврзана и поговорката: „Пред Божик зад Божик кај да си, дома да си” што има двојно значење: за време на големиот празник треба да се биде во кругот на семејството и тука да се слушне и да се прослави радосната вест за раѓањето на Спасителот, но не е на одмет да се потсети дека во најстудениот период од годината, сепак најпријатно и најбезбедно е во сопствениот дом.
На Божик се оди во црква и се врши причестување со земање нафора и вино, кои ги симболизираат Исусовото тело и крв. По овој чин луѓето смеат да се омрсат. Се подготвува богата софра, на која скоро задолжително било свинското месо. На денот на Христовото раѓање, по одењето во црква луѓето се веселеле, играле и пееле среде село. Божик, според црковниот календар, се празнува три дена.
Вториот ден е Соборот на Света Богородица, а третиот е Свети Стефан првомаченик.Во некои краеви на овие празници, луѓето што го носат името Божидар, Божо, Бошко и сл. слават именден на Божик, а Стефан, Стојан, Стојче слават на Св.Стефан.
Од Божик почнуваат 12-те таканаречени некрстени или нечисти, погани денови, кои траат сè до пред Водици, денот кога Исус бил крстен. Се верува дека во овие денови се движат зли духови, караконџули, вампири, вештерки и сл. кои ги загрозуваат безбедноста и сигурноста на луѓето. Затоа од Божик до Водици, луѓето со себе носеле најразлични амајлии – апотропејски средства со кои се заштитувале од злите духови, како што се лук, пелин, сол.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.

