Регион
Откажана посетата на Николиќ на Сараево

Официјалната посета на српскиот претседател Томислав Николиќ на Босна и Херцеговина (БиХ) планиран за 16 јуни одложен е, потврдено е во понеделникот од Претседателство на БиХ.
Во кусото соопштение се цитира пораката од кабинетот на Николиќ во која се наведува дека „тој ќе дојде во официјална посета на БиХ кога сите три члена на Претседателството на БиХ покажат единство и подготвеност.
На посетата на Николиќ денеска се спротивстави бошњачкиот член на Претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ кој оцени дека посетата нема смисол се додека не се реши проблемот со апсењето на воениот командант на одбраната на Сребреница, Насер Орлиќ врз основа на потерница распишана од Србија.
Спротивно мислење на ставот на Изетбеговиќ изнесе српскиот член на Претседателството на БиХ, Младен Иваниќ кој оцени дека на овој начин само ќе се влошат односите меѓу двете држави.
Хрватскиот член на Претседателството на БиХ, Драган Човиќ воопшто не се огласи, а Николиќ во таква ситуација сам ги прекина дилемите откажувајќи ја посетата на Сараево.
Освен главниот град на Бих, Николиќ требаше да ја посети и Бања Лука и да се сретне со раководството на Република Српска. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.