Вести
Американец уби двајца и рани седуммина во кино во Луизијана

Вооружен маж влегол во преполна кино-сала во Лафајет, Луизијана, во четврток вечер, при што убил најмалку двајца а повредил седуммина, пред да си го одземе животот, соопшти американската полиција.
Вооружен маж влегол во преполна кино-сала во Лафајет, Луизијана, во четврток вечер, при што убил најмалку двајца а повредил седуммина, пред да си го одземе животот, соопшти американската полиција.
Пукотницата се случила во 19 часот вечерта, додека во киното се прикажувал филомот „Trainwreck”, а настанот се случува речиси три години по ист таков настан, во киното во Аурора, Колоради, кога беа убиени 12 луѓе.Според шефот на полицијата, Џим Крафт, двајца луѓе починале од курѓумите испукани во нив, а 58-годишниот напаѓач се убил себеси.Седуммина се ранети, но никој не е во животозагрозувачка состојба.Властите го знаат името на напаѓачот, но не го соопштуваат затоа што истрагата е во тек. Не е соопштен мотив за нападот.„Напаѓачот е мртов. Може никогаш да не дознаеме што е мотивот“, вели Крафт, додавајќи дека напаѓачот имал криминално минато, но пред многу години. Полицијата соопшти дека кучиња душкачи ја пребарале внатрешноста на киното и на возилото на осомничениот, при што наишле на сомнителни материјали. Робот е пуштен да го пребара автомобилот.Истрагата е преселена и во домот на напаѓачот. Неговото тело остана во киното неколку часа. Ни една од жртвите кои се на возраст од 60 години и еден тинејџер, не се идентификувани од полицијата.Според сведоците, напаѓачот станал во темнината на киното ваесетина минути по почетокот на филмот и почнал да пука.„Не рече ништо. Јас не слушнав ни некој да вреска“, вели Кејти Доминик, која била во киното со свршеникот.Две од ранетите лица се наставници, а еден од нив го вклучил алармот за пожар да алармира за ситуацијата во киното./крај/р/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.