Спорт
Ето ја советува Барса да ги потпише Мбапе и Мукоко
Поранешниот напаѓач на Барселона, Самуел Ето, го советува својот поранешен тим, наредното лето да се обиде да донесе двајца играчи кои би биле замена за Лионел Меси.
Ето смета дека Барселона треба по секоја цена да го донесе Килијан Мбапе од ПСЖ и покрај него и тинејџерот од Борусија Дортмунд, Јусуфа Мукоко. Овој млад играч, во саботата стана најмладиот фудбалер кој настапил на натпревар во Бундес лигата.
Ето смета дека Меси се ближи кон крајот на кариерата и дека поради тоа клубот мора да донесе вистински замени за него.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Тонали повторно е казнет поради обложување
Фудбалерот на Њукасл, Сандро Тонали (23), повторно е казнет за нелегално обложување.
Фудбалската асоцијација на Англија (ФА), го казни со двомесечна суспензија условно и 20.000 фунти поради кршење на правилата поврзани со забраната за обложување во Англија.
Оваа казна значи дека Тонали ќе може да се врати на терените откако ќе му истече 10-месечната забрана што му ја изрече Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) на 27 октомври минатата година, со услов да не направи нов прекршок.
Минатата есен, ФИГЦ го казни Тонали за обложување на натпревари во Италија, а поради тоа овој талентиран играч за врска нема да може да игра на Европското првенство во Германија, каде Италија ќе ја брани шампионската титула.
Тонали на почетокот на оваа сезона се пресели од Милан во Њукасл за 70 милиони фунти и веднаш покажа дека ќе биде големо засилување за „страчките“.
Сепак, набрзо следеше суспензијата на ФИГЦ, па младиот Италијанец забележа само осум настапи, на кои постигна еден гол во дресот на Њукасл.
Спорт
Уште еден голем пријател на Меси пред трансфер во Интер
Уште еден пријател на Лионел Меси наскоро би можел да пристигне во Интер Мајами. Како што пренесува ЕСПН, Анхел Ди Марија ги започнал преговорите со Дејвид Бекам.
„Ди Марија сериозно преговара со Мајами и можеби тој ќе стане челн на тимот веќе во јули. Таа опција му се допаѓа на Фидео (прекар Ди Марија)”.
На Анхел Ди Марија договорот со Бенфика му истекува на крајот од сезоната.
Ди Марија и Меси долги години се соиграчи во репрезентацијата на Аргентина, со која го освоија Светското првенство во 2022 година.
Интересно е тоа што Ди Марија отсекогаш имал голема желба да игра со Меси, а уште додека играше во Реал Мадрид заедно со Кристијано Роналдо велеше дека Меси е најдобриот фудбалер на светот.
Спорт
(Видео) Шоу на Ел Каби против Астон Вила, Фиорентина во 91.минута го скрши Бриж
Во првите полуфинални натпревари на Конференциската лига, Олимпијакос победи со 4:2 против Астон Вила во Бирмингем, додека Фиорентина го совлада Клуб Бриж со 3:2. Реваншите се за седум дена во Грција и Белгија.
Олимпијакос одигра сензационално против Астон Вила, среде Бирмингем имаше двојно помал посед на топката, помалку шанси и помалку удари кон голот на противникот, но успеа да постигне четири гола.
Вистински херој е напаѓачот Ел Каби кој постигна хет-трик.
Ел Каби погоди во 16. минута, па во 29. минута, но впечатокот грчкиот тим го распиа во финишот на првиот дел, во 46.минута кога Воткинс го намали резултатот.
Тој гол донесе офанзива на Вила на почетокот на вториот дел, која ја материјализираше Дијаби.
Вториот гол на Вила не ги поремени играчите на Олимпијакос, набргу Ел Јаби од пенал во 56. минута погоди за 3:2, а Хезе иа ја врти предноста од два гола на црвено-белите од Пиреа.
Вила имаше шанса да го намали резултатот, но во 84. минута Даглас Луиз од пенал ја погоди стативата.
Фиорентина двапати имаше предност против Бриж. Сотил беше стрелец во петтата минута од играта, а израмни Ванакен од пенал во 17. минута. Белоти повторно и го врати водството на Фиорентина во 37. минута. Во продолжение Бриж остана со играч помалку во 61.минута, кога за само три минути Оњедика доби два жолти каротн.
Две минути по црвениот картон на Оњедика, Игор Тиаго го изедначи резултатот.
На крајот, сепак, Фиорентина сепак успеа да забележи победа. Голот за 3:2 го постигна Нзола во 91.минута.