Црна хроника
Oбвинение за 70-годишен маж кој се обидел да силува 10-годишно девојче во Скопје
																								
												
												
											Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице на возраст од 70 години, кое се товари за кривично дело полов напад врз дете помало од 14 години.
„Обвинетиот, на 7 октомври, на улицата Индира Ганди во Скопје, се обидел да изврши полово дејство врз 10-годишно девојче. Во тој момент бил забележан од друго лице, кое го турнало обвинетиот на земјата, па тој веднаш избегал од местото.
По настанот, лицето извесен период не беше достапно на органите на прогонот, но на 29 октомври бил уапсен и почнал да ја издржува определената мерка притвор од судијата на претходна постапка. Со обвинителниот акт надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје поднесе и предлог за продолжување на притворската мерка поради опасност од бегство и можност да го повтори делото што му се става на товар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
																	
																															Топ
Уапсен е возачот кој денеска со „пасат“ усмрти велосипедист на булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје и побегна од местото
														Денеска (03.11.2025) во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Х.К.(37) од Скопје.
Тој околу 12:30 часот на бул. „Гоце Делчев“ во Скопје со патничко возило „пасат“ со скопски регистерски ознаки, удрил во велосипед управуван од Ј.Ќ.(78) од Скопје, кој од здобиените повреди починал на местото на настанот.
По несреќата, возачот на возилото „пасат“ го оставил возилото и заминал од местото на настанот, но по преземени мерки од страна на полициски службеници, тој е пронајден и лишен од слобода, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
Црна хроника
Маж од Охридско агресивно се однесувал кон неговиот татко
														Во СВР Охрид, вчера во 17:10 часот е пријавено дека Ж.Ш. од охридско село, во семејниот дом агресивно се однесувал кон неговиот татко.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Ја малтретирале малолетната ќерка: кривична пријава за две лица од Дебар
														ОВР Дебар поднесе кривична пријава против В.Б.(21) и Б.Б.(19), двајцата од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање дете“.
На 13.10.2025 на улица „Јусуф Грвала“ во Дебар, полициски службеници од ОВР Дебар ја затекнаа В.Б. како со нејзината малолетна ќерка вршат питачење, а во нивна близина бил Б.Б..
Двајцата беа лишени од слобода и задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот поднесена им е пријавата, соопшти полицијата.

