Македонија
(Видео) Пендаровски: Пандемијата покажа дека домот не е најбезбедно место за многу жени и деца
Претседателот на државата, Стево Пендаровски, се вклучи во глобалната кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“ на Обединетите нации, чија цел е подигање на свеста за заштита и спречување насилство врз жени и девојчиња и родово базираното насилство.
Пендаровски во пораката истакна дека е нужно секој од нас да има нулта толеранција на сите форми на родово базирано насилство, во секоја сфера – во семејствата, во училиштата, во институциите, на работните места, на интернет, во медиумите, на јавните простори.
Во знак на поддршка на кампањата, Кабинетот на претседателот во „Вила Водно“ е осветлен во портокалова боја.
„Пандемијата нè потсети дека домот не е најбезбедно место за многу жени и деца, жртви на семејно и родово базирано насилство, затоа што бројките покажуваат алармантен број на вакви случаи и кај нас и во светот. Зголемените бројки се последниот сигнал дека ни е потребен зајакнат одговор од институциите и сеопфатна стратегија и поддршка на жртвите на насилство.
Со ратификувањето на Истанбулската конвенција и акцискиот план за нејзино спроведување направивме значаен исчекор во подобрување на институционалните механизми за превенција и заштита од родово базираното насилство.
Меѓутоа, за подобри резултати потребни се буџетска поддршка, посветеност и соработка меѓу институциите и на национално и на локално ниво. Потребен е системски пристап во едукацијата за препознавање на сите форми на родово базирано насилство, како и заштита, спречување, пријавување на насилството, сослушување и поддршката на жртвите.
Потребно е секој од нас да преземе одговорност. Секогаш кога сме сведоци на насилство врз жени и девојчиња или семејно насилство, наша должност, пред сè, како луѓе да пријавиме и да им дадеме поддршка и помош на жртвите. Побарајте помош и пријавете насилство во полиција, во центрите за социјална работа, на СОС-линиите, кај граѓанските организации, информирајте ги вашите блиски пријатели или роднини.
Нужно е секој од нас да има нулта толеранција на сите форми на родово базирано насилство, во секоја сфера – во семејствата, во училиштата, во институциите, на работните места, на интернет, во медиумите, на јавните простори.
Ако сакаме општество на слободни и достоинствени граѓани, мора да им овозможиме на сите да имаат свое место во заедницата во која ќе се чувствуваат безбедни и сигурни.
Да се бориме против насилството врз жените и девојчињата и против сите форми на родово базирано насилство, секој ден, сите заедно!“, порача Пендаровски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

