Македонија
Спасовски на онлајн-настанот „16 дена активизам против родово базирано насилство“

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска учествуваше на онлајн-настанот „16 дена активизам против родово базирано насилство“, кој има цел подигање на општествената свест и поттикнување размислување за индивидуалниот и колективниот придонес во борбата за спречување на родово базираното насилство, во организација на Министерството за труд и социјална политика.
Според Спасовски, родово базираното насилство, кое од кривично-правен аспект, но и од аспект на полициската практика, претставува преовладувачки мотив во делот на семејното насилство, е предизвик со кој сите модерни општества сериозно се занимаваат. Притоа, како што потенцира министерот за внатрешни работи, од исклучителна важност е сеопфатниот мултисекторски пристап во решавањето на овој ни малку занемарувачки проблем, што е потврдено и од фактот што ова е тема што, особено последниве две децении, е високо поставена во агендата на активности на ООН како суштествена во натамошното етаблирање и заштита на родовите права, особено на правата на жените.
„Општествената заедница во целина, ние како претставници на клучните институции надлежни за овозможување услови за практикување на сите човекови права и слободи, работиме во насока на препознавање на родово базираното насилство и насилството врз жената, негово навремено детектирање и активен однос при преземање мерки за негова превенција. Тоа е така не само поради веќе воспоставениот концепт за нулта толеранција, туку и поради повеќе од очигледниот факт дека оваа социодевијантна појава има потенцијал за крајно деструктивни рефлексии врз директните и индиректните жртви од овој вид насилство“, посочи Спасовски додавајќи дека прашањето е особено значајно во периодот на пандемија, што подразбира воведување рестриктивни мерки кои произлегуваат од кризната состојба, пред сѐ, поради ризикот проблемот да добие нагорни тенденции.
Министерот за внатрешни работи предочи дека институциите во тесна соработка со граѓанскиот сектор, континуирано работат да создадат предуслови за ефикасна превенција преку детекција и демистификација на сите причинители за појава на овој сериозен проблем. Според него, координираниот пристап на посветени институции, со воспоставени и јасни процедури за работа, продуцира ефикасен одговор на овој предизвик.
„Репресивното постапување на полицијата како легален и легитимен одговор, во согласност со законските надлежности и полициските овластувања, е извонредно значајно. Но, уште поважно е системското превентивно дејтсвување како резултат на заедничкиот координиран пристап на институциите, со цел да обезбедиме уште поголема ефикасност во спречување на родовото насилство и насилството врз жената. Впрочем, и оваа кампања, која почнува денеска, треба да ја исползуваме како еден од инструментите што ни стојат на располагање во насока на превенирање на родово базираното насилство“, нагласи министерот Спасовски во обраќањето на онлајн-настанот „16 дена активизам против родово базирано насилство“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Мицкоски e директно одговорен за состојбата во судството, вели Филипче

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во изјава за медиуми, посочи дека единствени кои што се разочарани и незадоволни од неспроведувањето на реформите во правосудството, се само граѓаните.
Филипче нагласи дека премиерот Мицкоски e директно одговорен за состојбата во судството и неспороведувањето на потребните реформи.
„Сметам дека е апсолутно недозволиво премиерот да се однесува како независен аналитичар и да ги коментира само состојбите во правосудството, кога тој е директно одговорен за спроведување на реформите. Досега не се спроведени ниту една од предвидените реформи, преку носење на реформски закони во правосудството согласно Планот за раст, рече Филипче.
За оваа година беа предвидени 12 закони од коишто седум требаше да се донесат до јуни 2025 година, укажа тој.
„Во Собранието не е поднесен ниту еден, и дополнителни 5 кои од јуни до декември 2025 година требаше да се донесат согласно Планот за раст – нешто за што е врзан одреден буџет од Европската Унија, којшто секако веќе еден дел сме изгубиле. Од тие 5 закони од Министерството за правда не е донесен ниту еден“, рече Филипче.
Како што кажа, Владата на ВМРО-ДПМНЕ има огромно мнозинство во Собранието, 58 пратеници ВМРО-ДПМНЕ скоро двотретинско мнозинство со владејачката коалиција, поради што нема ниту една причина за тоа што сега се случува со неспроведување на реформите во правосудниот систем.
Македонија
Утре сончево и топло со мала до умерена облачност и температури до 33 степени

Времето денеска сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 28 до 33 степени.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 33 степени.
Во четврток попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.
Од петок под влијание на серија влажни воздушни маси времето ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат обилни. Дневната температура значително ќе опадне, особено во деновите од викендот и почетокот на следната седмица.
Македонија
Влада: Усвоена информација за склучување на договор за соработка помеѓу Железници инфраструктура и Јавното тело на Министерството за транспорт на Обединетото Кралство

Владата на денешната 114 редовна седница ја разгледа и усвои информацијата за склучување на договор за соработка помеѓу Јавното претпријатие за железничка инфраструктура- Скопје и Јавното тело на Министерството за транспорт на Владата на Обединетото Кралство Кросрејл Интернешнал Лимитед (Crossrail International Limited (CI)).
Со овој Договор за соработка се воспоставува рамка со која страните ја потврдуваат својата подготвеност и посветеност да соработуваат преку споделување на експертиза, искуства, добра практика и научени поуки во поддршката на проектите на ЈП ЖРСМ Инфраструктура- Скопје, со посебен акцент на брзата железница, како и товарен железнички сообраќај, сигнални и контролни системи, надградба на инфраструктурата, депоата и железничкиот возен парк. Договорот за соработка е во важност од 5 години со можност за продолжување од дополнителни пет години. Овој Договор произлегува од досега воспоставената соработка помеѓу македонската Влада и Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, во врска со партнерството за реализација на приоритетни инфраструктурни проекти.
Дополнително, Владата на денешната седница ја разгледа информацијата за потребата од субвенционирање на филтри на оџаци на домаќинствата и ја задолжи Канцеларијата на Претседателот на Владата во следниот период да подготви детална анализа која ќе ги предвиди условите, времетраењето и процедурата за објавување на оглас за субвенции на филтри за оџаци на домаќинствата кои користат греење со фосилни горива односно дрва.