Економија
Раст од 177 отсто во онлајн-трансакциите кон домашните е-трговци во Македонија
На првиот ден од годишната конференција за е-трговија, која годинава се одржува третпат, се обрати поранешната министерска за финансии и актуелен претседател на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, Нина Ангеловска, која ги презентира најновите истражувања за трендот на е-купувањето во државата.
„Сега повеќе од кога било имаме шанса да го забрзаме патот кон смарт и дигитално опшество, кое значи праведно и правично општество, општество што нуди еднакви шанси и можности за сите, кое овозможува побрз, позелен и одржлив економски развој. Северна Македонија има голем потенцијал за е-трговија, само треба што побргу да го отклучиме и да ја ставиме дигитализацијата на нашата нација во петта брзина“, посочи Ангеловска во своето поздравно обраќање.
Ковид-19 влијаел на промената на потрошувачите навики на македонските е-купувачи и 36 % од нив го зголемиле обемот на онлајн-купување.
Во однос на прогресот на е-трговијата остварен од 2017 до 2019 година, Ангеловска вели дека имаме предуслови за побрз развој на е-трговијата, а сепак се движиме со далеку послабо темпо од другите земји. Во 2019 година 36 % од населението со интернет-пристап направило онлајн-нарачка наспроти 20 % во 2017 година. Просекот во европските земји изнесува 71 %.
„Вредноста на онлајн-трансакциите што Македонците ги направиле кон домашни е-трговци во вториот квартал од 2020 бележи раст од 177 %. Позитивно е што структурата се менува и повеќе купувања/плаќања се прават кон дома“, додава поранешната министерка.
Kaj 66 % од анкетираните е-трговци продажбата на физички локации се намалила, а онлајн се зголемила, додека 29 % забележалале раст и на онлајн и на офлајн-продажбите. Најголем предизвик за е-трговците е ниското ниво на дигитални вештини на населението, а потоа наоѓањето квалификуван кадар. Ковид-19 влијаел на промена на навиките на е-купувачите од анкетираните 2.800 испитаници, 37 % значително повеќе купуваат онлајн, речиси 20 % првпат почнале да плаќаат сметки онлајн и да користат владини е-услуги. Пониската цена има најголемо влијание на одлуката за онлајн-купување.
„Иако останува неизвесно колку ефектите од овој принуден раст ќе бидат долготрајни, позитивно е што дури 76 % рекле дека ќе продолжат да купуваат со ист обем и по Ковид-19“, објасни Ангеловска.
Во спроведените прашалници посветен е и дел на нарачките преку социјалните медиуми како еден од главните канали за сива економија во е-трговија.
Како што објаснува Ангеловска, речиси половина од анкетираните (47 %) се изјасниле дека прават нарачки преку социјалните медиуми, при што 48 % од нив никогаш не добиваат фискална сметка. Иако повеќето од нив се запознаени со ризиците дека не се заштитени како потрошувачи, како и дека се учесници во сивата економија, тие велат дека ги прифаќаат ризиците и го прават тоа затоа што им е позгодно и полесно.
Од 40 % од e-трговците што кажале дека примаат вакви нарачки, 37 % од нив стравуваат дека ќе ја изгубат потенцијалната продажба ако не ги прифаќаат нарачките директно преку пораки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Македонија добива можност да учи AI од Google, Microsoft, Amazon и IBM
AIatWork од денес овозможува 14-дневен целосно бесплатен пристап до својата платформа, со цел вештачката интелигенција да стане разбирлива, применлива и достапна за поширок круг корисници во Македонија.
Со бесплатниот 14-дневен пристап, корисниците добиваат можност практично да ја испробаат платформата и да користат водечки AI модели како ChatGPT, Gemini и Claude, над 50 практични AI алатки за пишување, анализа, дизајн и автоматизација, како и онлајн курсеви во живо, водени од AI практичари со искуство во глобални технолошки гиганти како Google, Microsoft, IBM и други.

Во Македонија вештачката интелигенција сè уште често се доживува како нешто нејасно и тешко совладливо за луѓето без ИТ позадина. Исто така AI често се поистоветува со една алатка, наместо да се разбере како поширок сет на практични решенија што веќе се користат во секојдневната работа низ светот. Голем дел од популацијата би сакала да знае да користи AI, но не знае кои алатки се навистина релевантни и како AI реално може да им помогне во работата.
Токму тука AIatWork се појавува како практичен одговор, нудејќи јасна насока за практична употреба на AI во секојдневната работа.
Во видеото што е дел од објавата, тимот на AIatWork објаснува дека изминатите месеци биле посветени на унапредување на корисничкото искуство и поддршката на платформата, со јасна цел: секој нов корисник уште од првиот момент да знае точно од каде да започне со изучување на вештините и алатките на иднината.
Само овој месец, на платформата се одржуваат 12 активни AI курсеви, во соработка со експерти и компании како Boeing, Google и Salesforce.
Во време кога AI станува составен дел од работата ширум светот, за земји како Македонија таа претставува можност за побрза дигитална трансформација и зголемена конкурентност. Бесплатниот пристап им овозможува на корисниците самите да проверат како AI може да им помогне во секојдневната работа, без ризик и без обврска.
Прашањето повеќе не е дали AI ќе стане дел од работата, туку дали ќе бидете подготвени кога тоа ќе се случи.
Пробајте AIatWork бесплатно – 14 дена, без обврска.
(ПР)

