Свет
Демонстрантите на Тајланд бараат реформи на монархијата
Демонстрантите на Тајланд го повикаа кралот Маху Вајиралонгкорн да се откаже од контролата над кралското богатство вредно десетици милијарди долари.
Демонстрантите го прекинаа долгогодишното табу критикувајќи го кралот, а полицијата вчера повика неколку лидери на протестите да се соочат со обвиненија за навреда на владетелот поради коментарите дадени на демонстрациите одржани на 19 и 20 септември, на кои бараа реформи на монархијата. Обвинетите може да добијат до 15 години затвор, објави „Ројтерс“.
Демонстрациите, на кои присуствуваа неколку илјади луѓе, првично беа закажани кај Бирото за кралски имот, кое управува со тој имот.
Но, откако полицијата постави барикади составени од бродски контејнери и жилет-жица, демонстрантите се собраа пред седиштето на комерцијалната банка „Сијам“, во која кралот е најголем акционер со удел од 23 отсто.
Кралската палата не ги коментира протестите, но кога порано кралот беше запрашан за демонстрантите, тој рече дека тие сеедно се сакани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.

