Свет
Бајден повика на внимателност за време на празниците

Новоизбраниот американски претседател, Џо Бајден, апелира до Американците да бидат внимателни за време на празниците.
Бајден одржа говор во кој изјави дека граѓаните се уморни од ограничувањата што ги носи епидемијата на коронавирусот, но тој сепак побара да бидат претпазливи затоа што бројот на новозаболени од ден на ден се зголемува, објави „Ројтерс“.
Тој исто така ги повика своите сонародници да се откажат од големите семејни собири што традиционално се организираат за Денот на благодарноста и вети дека веднаш ќе се справи со пандемијата штом ќе ја преземе функцијата на 20 јануари.
Бајден го обвини Трамп дека подлегнал на паника за време на кризата со американското јавно здравство.
Тој се осврна и на помилувањето на Трамп на поранешниот советник за национална безбедност, генерал Мајкл Флин, кој двапати ја призна својата вина за давање лажни искази на ФБИ и затоа беше осуден на затворска казна.
Тој оцени дека помилувањето на Трамп е „дело на тешка корупција и дрска злоупотреба на моќта“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Ученик во Франција избол ученичка и повредил уште тројца соученици

Петнаесетгодишно момче избоде до смрт ученичка и повреди уште тројца ученици во средно училиште во западниот француски град Нант пред да биде совладано од наставниците, соопшти полицијата.
Телевизијата БФМ објави дека едно девојче е убиено, а дека тројца од повредените се момчиња. Полицијата не ја потврди возраста или полот на жртвите.
🚨BREAKING: At least four students injured in stabbing at Nantes, France high school; suspect detained. pic.twitter.com/S9RTvIn90s
— World Source News 24/7 (@Worldsource24) April 24, 2025
Наставниот персонал го совладал напаѓачот во приватно католичко училиште пред да пристигне полицијата, изјави портпаролот на полицијата.
Полицијата не го именуваше осомничениот, ниту пак даде мотив за нападот, велејќи само дека нема индикации за тероризам.
Локалниот весник „Оест Франс“ напиша дека напаѓачот бил облечен во црно. Исто така, се наведува дека до неговите работи се пронајдени два ножа.
BFM и други медиуми објавија дека осомничениот напаѓач, користејќи ја својата е-пошта, испратил документ до сите ученици во училиштето во кој насликал темна слика за општеството, но не спомнал никаков налог за можен напад.
Француската телевизија „Франсинфо“ објави дека нападот со нож следел по конфликт меѓу учениците. Полицијата сè уште не ги потврдила медиумските извештаи.
Свет
Путин до неговите економисти: Искористете ги глобалните потреси и трговските војни

Рускиот претседател Владимир Путин денес ги повика водечките руски економски претставници да ги искористат можностите што се појавуваат поради турбуленциите на глобалните пазари и интензивирањето на трговските војни, објави Ројтерс.
Изјавите на Путин доаѓаат во време кога Русија се соочува со последиците од долгогодишните западни санкции поради тоталната инвазија на Украина, но во исто време не е засегната од новите американски царини што претседателот Доналд Трамп ги воведе врз голем број други земји.
„Глобалната економска ситуација станува сè посложена бидејќи пазарите на стоки и финансиски производи доживуваат значителни флуктуации поради зголемената глобална конкуренција“, рече Путин, додавајќи дека е потребно „не само да се следат овие фактори, туку да се користат за развој на домашното производство, трговските односи и извозот, со цел зајакнување на националната економија како целина“.
Ова е прв пат Путин јавно да зборува за глобалната економска ситуација откако Трамп најави царини за речиси целиот свет. Иако санкциите силно ја погодија руската трговија со ЕУ и САД, руската економија бележи поотпорен раст од очекуваниот во последните три години, но сега се соочува со пад на цените на нафтата, нејзиниот главен извозен производ, и намалување на буџетските приходи.
Средбата со економските претставници се одржа еден ден пред одлуката на руската централна банка за референтната каматна стапка, која моментално изнесува 21%, што е највисока од првите години на владеењето на Путин. И централната банка и Министерството за финансии, чии раководители беа присутни, предупредија за можните последици од глобалната нестабилност за руската економија.
Свет
Руте до членките на НАТО: Одвојте повеќе средства, вашата слобода и просперитет зависат од тоа

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес ги повика 32-те земји-членки на блокот да одвојат повеќе средства, опрема и политичка енергија за најголемиот воен сојуз, во време кога Соединетите Американски Држави се повлекуваат од својата водечка безбедносна улога во Европа.
„Во 2025 година, мора значително да ги зголемиме нашите напори за да обезбедиме НАТО да остане клучен извор на воена корист за сите наши земји. Нашата понатамошна слобода и просперитет зависат од тоа“, напиша Руте во својот годишен извештај, објавен на веб-страницата на Алијансата, пренесува АП.
Во извештајот се проценува дека 22 земји, членки на НАТО ја постигнале целта за издвојување на најмалку два проценти од БДП за воениот буџет минатата година, додека Белгија, Канада, Хрватска, Италија, Луксембург, Црна Гора, Португалија, Словенија и Шпанија не го сториле тоа.
Во извештајот, Руте исто така напиша дека поддршката на НАТО за Украина останала силна во 2024 година и дека, што се однесува до иднината, членките на НАТО се обединети во својата желба за праведен и траен мир во таа земја.
Американската агенција наведува дека НАТО е во превирања од февруари, кога министерот за одбрана Пит Хегсет предупреди дека американските безбедносни приоритети лежат на друго место – во Азија и на границите на САД, додека Европа треба да се грижи за сопствената безбедност и безбедноста на Украина во иднина, пренесува Танјуг.