Црна хроника
Кривична пријава за нелгално градење во Чаир
Единицата за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против С.М. (34) од Скопје поради сомнение дека сторил кривично дело бесправно градење.
Имено, пријавениот во текот на септември годинава како физичко лице во својство на инвеститор почнал градежни активности на катастарска парцела во Чаир, на парцела со вкупна површина од 11.042 м2, на која е сосопственик пријавениот со уште неколку други физички лица и Република Северна Македонија.
Градежните работи, кои се состоеле од поставување ограда, пополнување со земја на поголем дел од парцелата и поставување монтажен објект, пријавениот ги извршил без да обезбеди одобрение за градење од надлежниот орган, со што го сторил кривичното дело.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Инцидент во филијала за брзи кредити на Бит Пазар: маж со оружје се обидел за земе пари
Инцидент се случил вчера во филијала за брзи кредити на подрачјето на Бит Пазар.
Маж со закана со огнено оружје се обидел да одземе пари од вработената, но во намерата бил спречен од странка во објектот, по што го напуштил местото на настанот, информираа од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Девојчиња истепани од нивни врснички во Карпош
Две девојчиња биле нападнати вчера од малолетнички на подрачјето на Карпош.
Случајот во МВР го пријавил еден од родителите на девојчињата.
„Околу 18.00 часот, на подрачјето на Карпош, малолетно девојче и неговата другарка биле физички нападнати од две други малолетнички“, објави полицијата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Покрив и кат од семејна куќа изгореа во Струмица
Денеска околу 09:30 часот во пожар изгореа покрив и кат од семејна куќа на улицата „Спиро Захов“ во Струмица, соопштија од ТППЕ Струмица.
Пожарот го гаснеле три против пожарни возила и 10 пожарникари, кои успеале навреме да го локализираат и ликвидираат и спречиле да се прошири и да предизвика поголема штета.
Во пожарот нема повредени лица, а предизвикана е материјална штета.