Црна хроника
Семејна масовна тепачка во Рашче
Уште една масовна, семејна тепачка се случи вчера, овој пат во скопското село Рашче, соопштуваат од МВР
Татко, мајка и син се степале со братучед и братучетка на таткото. Прво почнале да се расправаат жените, жената и братучетката. За да ја одбрани својата сопруга, мажот зел чекан и ја удрил братучетката по глава. Во тепачката се вклучил и братот на повредената, зел мотика и го удрил нивниот син. Но, тој не му останал должен, извадил нож и го повредил својот чичко во левата рака.Сите, со телесни повреди се пренесени во Градската болница, а на понатамошно лекување е задржана братучетката, која е повредена со чекан по главата. Полицијата го расветлува случајот и подготвува соодветни пријави за сите кои биле вклучени во тепачката. Минатата недела се случи иста ваква масовна тепачка меѓу две семејства во скопското село Батинци. Две раскарани семејства го решаваа имотниот спор исто така со чекан. Во тепачката учествуваа 11 лица, а деветмина беа повредени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Украдено црквено sвоно од бронза од црквата „Св. Спас“ во с. Орман
Во СВР Скопје вчера во 08:45 часот Љ.Д.(64) од с.Орман, скопско, пријавил дека на 01/02.12.2025 било одземено црквено sвоно од бронза од црквата „Св.Спас“ во с.Орман.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со повреди и опекотини по телото двегодишно дете задржано во штипската болница: повредите ги забележала тетка му
Синоќа во 19:11 часот во СВР Штип, Ј.Д.(28) од Штип пријавила дека на нејзиното двегодишно внуче од брат забележала повреди и опекотини на телото.
Детето било задржано на Детското одделение во Клиничка болница Штип за укажување лекарска помош.
За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат надлежните.
Црна хроника
Со багер ископал коски, кои личеле на човечки, во кругот на студенстки дом во Скопје
Вчера во 12:03 часот во СВР Скопје, Г.Ј.(39) од Пехчево пријавил дека при извршување работни задачи – ископ со работна машина багер, во близина на стари гробишта во кругот на Студентски дом „Стив Наумов“, на подрачјето на Гази Баба, пронашол коски кои наликувале на човечки.
Полицијата соопшти дека по насоки на јавен обвинител коските биле предадени на вештачење.

