Македонија
Димитров: Македонската суштина е бесмртен вирус против кој залудно се бара вакцина

Идејата на договорот за добрососедство беше историјата да им се остави на историчарите за ние да се занимаваме со сегашноста и иднината, порача на социјалните мрежи вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, во однос на преговорите со источниот сосед.
Тој повикува билатералните прашања да се решаваат без тие да бидат пречка на патот кон ЕУ.
Идејата на договорот беше историјата да им се остави на историчарите, за ние да се занимаваме со сегашноста и со…
Posted by Никола Димитров – Nikola Dimitrov on Четврток, 26 ноември 2020
„Македонскиот јазик и самоопределување, државотворноста и идентитетот, ниту може да бидат пречка за интеграција со Унија, која почитува културни и јазични различности како темелна вредност, ниту може да бидат пречка за вистинско пријателство бидејќи тоа секогаш се базира на заемна почит“, нагласува Димитров во својата објава.
Според него, ова е битка не само за македонската суштина, туку и за сржта на европските вредности, од кои, како што вели, нема отстапување.
„Ова е бесмртниот вирус на идеали против кој залудно се бара вакцина“, порачува вицепремиерот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Големи колони на границата со Грција пред празникот

Големи колони на возила можат да се забележат вечерва на граниниот премин „Богородица“ кон Грција.
Со оглед на тоа што утре е неработен ден, 1. Мај, голем број грѓани се упатија кон туристичките места.
Како што може да се забележи на видео камерите, на останатите гранични премини нема големи задржувања.
Македонија
Поддршка од министерот за правда за Пандов чијашто куќа беше запалена: „Случајот бара одлучна акција“

Министерот за правда Игор Филков најостро го осудува палењето на куќата на директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов и бара одлучна акција во која ќе се утврдат причините и најстрого казнат можните сторители.
„Најостро го осудувам палењето на куќата на директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов. Му давам целосна поддршка во неговата истрајност и борба против криминалот и корупцијата. Овој случај како и неколкуте други случаи поврзани со лицата вработени во УИС и затворите, бараат одлучна акција во која ќе се утврдат причините и најстрого ќе се казнат можните сторители“, вели Филков.
Директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов, претходно, на социјалните мрежи објави дека му бил запален домот. Нема да не запрат и нема да не поколебаат, напиша тој.
Македонија
Кирков: Вработените во ЗОО последно земале февруарска плата

До Стефан Кирков, којшто е член на Советот на Град Скопје, пристигнала молба од вработените во скопската Зоолошка градина и барање за реакција и помош. Го известиле дека последна плата која ја земале е фебруарската плата и одтогаш немаат никакво примање.
„Веќе сме мај, а овие вработени се оставени без примања и навистина сум запрепастен до каде ќе се оди со непрофесионалноста во ова раководство на Градот и кадрите кој ги поставува?! Вработените од утре ќе бидат и без здравствено осигурување !!! Поминаа празници како 8ми Март, Рамазан Бајрам , Велигден на праг е и 1ви Мај а вработените се оставени и заборавени замислете да им се исплати плата !!! Цели фамилии страдаат од нечија непрофесионалност!“, напиша Кирков на социјалните мрежи.
Тој ги проѕва Град Скопје , Данела Арсовска и Зоран Попов сигнализирајќи и дека состојбата може да доведе до протести.