Свет
Жена со нож нападна рабин во Виена

Рабин бил нападнат под закана со нож во Виена од жена што му ја откинала кипата од главата и врескала антисемитски закани пред да избега, соопшти полицијата во австриската престолнина, пренесува ОРФ.
Инцидентот се случил вчера попладне кога жената, на возраст од 50-ина години, му пришла на рабинот и го извадила ножот од својата чанта.
Таа го клоцнала рабинот во ногата, му ја турнала шапката од главата, а потоа му ја искинала кипата. Главната еврејска организација во Виена вели дека жената врескала: „Заколете ги сите Евреи“.
Полицијата ја пребарала областа, но не успеала да ја пронајде жената.
Министерот за внатрешни работи на Австрија, Карл Нехамер, го осуди злосторството како напад врз еврејскиот живот во Виена, а случајот го презеде агенцијата што истражува екстремизам и тероризам.
„Покрај зголемената заштита на синагогите, која веќе е наредена, се преземаат сите мерки за брзо расчистување на овој очигледно антисемитски напад“, рече Нехамер. „Нема толеранција за антисемитизам, без разлика дали е политички или религиозно мотивиран“, додаде тој.
Полицијата соопшти дека рабинот дека немал физички повреди.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Зеленски пристигнува на погребот на папата

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе присуствува на погребот на папата Франциско, пренесе АФП, повикувајќи се на извор од украинскиот претседателски кабинет.
Според истиот извор, канцеларијата на Зеленски ја подготвува неговата посета на Рим за Зеленски лично да се прости од поглаварот на Католичката црква.
Како што претходно беше најавено, погребот на папата Франциско ќе се изврши во сабота, на 26 април, во 10 часот по локално време. Досега Трамп и Макрон потврдија дека ќе бидат на погребот, но се очекува на погребот да присуствуваат бројни светски лидери и стотици илјади верници.
Свет
Кој доаѓа на погребот на папата Франциско: Трамп веќе објави дека патува во Ватикан

Светските државници го најавуваат своето присуство на погребот на папата Франциско, а американскиот претседател Доналд Трамп синоќа на својата мрежа Truth Social објави дека планира да патува во Ватикан со сопругата Меланија на погребот на папата Франциско.
„Меланија и јас ќе присуствуваме на погребот на папата Франциско во Рим. Со нетрпение очекуваме да бидеме таму“, рече Трамп, пренесува лондонски Гардијан.
Францускиот претседател Емануел Макрон потврди дека ќе присуствува на погребот.
„Ќе присуствуваме на погребот на папата, како што е соодветно“, рече Макрон, разговарајќи со новинарите во Сен Дени де ла Реунион.
Според лондонскиот весник, украинскиот претседател Володимир Зеленски треба да присуствува на погребот на папата Франциско.
Се очекува дека во наредните денови списокот на светски државници кои планираат да дојдат во Рим брзо ќе се зголеми, што потенцијално ќе отвори простор за средби на маргините на погребот на папата Франциско.
Свет
(Фото) Најпознатите средби со папата Франциско

Папата Франциско почина на 88-годишна возраст, а од него сега се простуваат бројни личности од јавниот живот. Меѓу оние кои имаа можност лично да се запознаат со него беа и некои локални и меѓународни ѕвезди, меѓу кои и Анџелина Џоли, Леонардо ди Каприо, Силвестер Сталоне и многу други.
Леонардо ди Каприо
И светот на филмот и забавата покажаа голем интерес за средба со папата Франциско. Меѓу познатите личности кои имаа можност да го запознаат беше и Леонардо ди Каприо, кој се сретна со папата во 2016 година. Причината за нивната средба беше заедничката загриженост за состојбата на животната средина и климатските промени. Ди Каприо, познат по својата вклученост во областа на екологијата, разговараше со папата за важноста од зачувување на планетата.
Силвестер Сталоне
Познатиот актер Силвестер Сталоне, најпознат по улогата во франшизата Роки, го посети Ватикан во септември 2023 година, придружуван од неговото семејство. Средбата со папата Франциско беше особено срдечна, а насобраните се шегуваа и беа расположени.
Џорџ Клуни
Џорџ Клуни и неговата сопруга Амал, истакната адвокатка за човекови права, се сретнаа со папата Франциско во 2016 година за време на настан во Ватикан посветен на мировното образование.
Анџелина Џоли
Актерката Анџелина Џоли го прикажа својот филм Unbreakable во Ватикан во 2015 година, по што накратко се сретна со папата Франциско. Папата Франциско потоа и подари бројаница.
Кејти Пери и Орландо Блум
Кејти Пери и нејзиниот партнер, актерот Орландо Блум, се сретнаа со папата во 2018 година на здравствена конференција во Ватикан. Иако Блум беше присутен, средбата беше првенствено за Пери, кој го опиша моментот како длабоко духовно искуство.