Спорт
Лампард пред 1.000-тиот меч на Абрамович: Тој е човек кој ги завршува работите
Менаџерот на Челси, Френк Лампард признава дека односите со сопственикот на клубот, рускиот милијардер Роман Абрамович не се „најблиски“ и дека тој работи со неговата десна рака, Марина Грановскаја пред мечот број 1.000 под негова сопственост.
Повеќе од 17 години откако Абрамович го презеде клубот и направи апсолутна трансформација од тим кој се бореше за средина на теренот до вечен кандидат за титула, Лампард, еден од столбовите на неговиот прв „моќен тим“ ќе го води тимот во дуелот со Тотенхем, иронично предводен од Жозе Мурињо, тренерот кој им ја донесе првата титула во Премиер лигата.
„Првото сеќавање од Роман во живо ми беше кога тој пристигна во нашиот стар тренинг-центар во близината на Хитроу и држеше состанок со нас додека хеликоптерот уште му се ‘смируваше’. Тоа беше нереално. Првото што го кажа, преку преведувач беше: ‘Па, треба да го подобриме тренинг-центарот’. Веднаш се виде дека стандардите на клубот целосно се сменија. Во првата сезона се засиливме и дојде најуспешниот дел во клупската историја и тоа не можевме да го оствариме без него. Постојано освојување трофеи, нов тренинг-центар, нови фудбалери, брендирање на Челси…“, вели Лампард во разговор со Алан Ширер.

Меѓу 13-те трофеи кои Лампард ги освои во златните години од 2004 до 2013 вклучуваа три трофеи од Лигата на шампионите и трофеј од ЛШ, но Абрамович речиси секогаш стоеше зад сцената. Истото се случи и кога го донесоа Лампард за тренер од Дерби каунти во 2019, кога со него разговарала најважниот партнер на Абрамович, директорката на клубот, Марина Грановскаја.
„Марина прво контактираше со Дерби, а потоа со мене. Го видов Роман на меч од предсезоната лани и беше насмеан. Оттогаш немаме некои блиски односи, и работите ги кажуваме преку Марина. Јас сум супер-задоволен“, вели Лампард.
И треба да биде задоволен – Абрамович во текот на летото ги купи Каи Хаверц, Тимо Вернер, Хаким Зијеш, Бен Чилвел, Тијаго Силва, секако, со амбиции да се врати златната ера. Ќе видиме дали Лампард е човекот кој ќе го оствари тоа.
Our game this weekend is a very special landmark – the 1000th game since Roman Abramovich became Chelsea owner. So far, our record is:
999 games played
608 wins
215 draws
176 defeats
61% win percentageLong may his ownership continue ? pic.twitter.com/EcNNHpuWWr
— LDN (@LDNFootbalI) November 26, 2020
Roman Abramovich deserves massive credit for the transformation of Chelsea. But he deserves more credit for his investment into Chelsea's Academy & Women's Football Team.
He's been a great owner & fans should always be grateful for what he's done for Chelsea???#CFC @ChelseaFC pic.twitter.com/P7E0FvEzlY
— ChelseaFCBlogs (@ChelseaFCBlogs_) November 27, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Рој Кин го отпиша Ливерпул од борбата за титулата
Рој Кин го отпиша актуелниот шампион Ливерпул од трката за титулата во Премиер лигата. Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, тврди дека тимот на Арне Слот е во криза по тешкиот пораз од 3.0 кај Манчестер Сити.
„Граѓаните“, му го честитаа големиот јубилеј на менаџерот Пеп Гвардиола, со убедлива победа, во која стрелци беа Ерлинг Халанд, Нико Гонзалез и Жереми Доку.
Ливерпул, по овој пораз има осум бода помалку од лидерот Арсенал, ова беше нивниот четврти последователен пораз на гостински терен во лигата, што не им се случило од 2012 година.
„Не можете да го сметате Ливерпул за претендент за титулата. Сити ме потсети на стариот Манчестер Сити. Тие беа извонредни. Се вратија во трката за титулата“, рече Кин во анализата за „Скај Спортс“.
„Ливерпул е во криза. Во ред е да се изгуби од клуб како Манчестер Сити, тоа е тежок натпревар на гостински терен. Но, да се изгубат седум од десет натпревари, со веќе пет порази во лигата, тоа мора да е криза за клуб како Ливерпул. Ливерпул изгледаше како слаб тим.
Тренерот рече дека е задоволен од второто полувреме, кога натпреварот беше решен. Лесно е да се игра добро кога играш за ништо. Сити изгледаше посилен, технички подобар и физички помоќен од Ливерпул. Немаше интензитет и енергија во играта на ливерпул. Замените беа слаби.“
Спорт
Барселона го отпушти Пењароа
Џоан Пењароа и Барселона ја прекинаа соработката, потврди каталонскиот клуб.
Крајот на соработката меѓу тренерот и кошаркарскиот гигант од Барселона дојде по уште еден неуспех во шпанската лига.
Барселона доживеа понижувачки пораз од Џирона (96:78), откако претходно загуби од Реал во евролигата и Мурсија во првенството.
„Тренерот на кошаркарскиот клуб Барселона, Џоан Пењароа, ја напушти позицијата прв тренер. Барселона му се заблагодари на Пењароа за неговиот професионализам и му посака многу успех во понатамошната кариера. Каталонецот го презеде тимот на почетокот на сезоната 2024/25, а привремено ќе биде заменет од помошникот тренер Оскар Орелана“, се вели во соопштението на Барселона.
Шпанските медиуми наведуваат дека долгогодишниот тренер на Зенит, Чави Пасквал е главен фаворит да го наследи Пењароа. Пасквал ја водеше Барселона од 2008 до 2016 година.
Спорт
ФИФА ги менува правилата за ждрепката за Светското првенство
Светската фудбалска федерација (ФИФА) би можела изврши промени во системот на одредување на „шеширите“ за Светското првенство во 2026 година.
Промената би се однесувала на позициите во ждрепката што ги заземаат екипите од дополнителните квалификации.
Кога станува збор за Светското првенство во 2022 година, екипите од дополнителните квалификации автоматски беа сместени во четвртиот шешир, без оглед на нивните коефициенти.
Причината за ова е што во времето на ждрепката не беа одиграни дополнителни квалификациски натпревари.
Истото ќе се случи и овој пат бидејќи ждрепката се одржува во декември, додека дополнителните квалификациски натпревари се играат во март.
Сепак, ФИФА подготвува промена според која репрезентациите од дополнителните квалификации повеќе нема да одат во последниот шешир, туку ќе бидат сместени во шеширот што според коефициентот ѝ припаѓа на најдобрата репрезентација од нивниот пат во дополнителните квалификации.
🚨 BREAKING!
💥 We have strong indication that FIFA will CHANGE the seeding principle for teams that will qualify for WC 2026 via Play-offs!
🔙 At WC 2022 in Qatar, all PO teams were automatically placed into Pot 4, regardless of their FIFA pts.
🆕 But for WC 2026, FIFA is… pic.twitter.com/tcRsk9DOwK
— Football Meets Data (@fmeetsdata) November 9, 2025

