Спорт
Зидан: Нема да вперуваме прсти, ама нешто мора да се менува
Реал Мадрид синоќа доживеа нов кикс, на домашен терен беше поразен до 2-1 од екипата на Алавес и сега заостанува 6 бода зад лидерот Реал Сосиедад.
Тренерот Зинедин Зидан ја презема одговорноста за најверојатно најлошата изведба на својата екипа откако тој е на кормилото.
„Не бевме свои уште од почетокот на мечот, а кога така ќе тргнеш, се е покомплицирано. Не бевме концентрирани, но нема да бараме опрадувања, одигравме лош меч. Јас сум тренер и ја преземам одговорноста. Мораме да се свртиме кон идниот меч, во вторник. Нема да си вперуваме прсти, ама нешто мора да се менува, мора да се обидеме да ја промениме динамиката што не е лесно“ рече Зидан на прес-конференцијата по мечот.
Новата повреда на Еден Азар, по само 27 минути игра дополнително го разниша Реал.
„Се надевам дека добил само удар и дека нема оштетување на мускулот“ рече Зизу.
Касемиро пред крајот на мечот погоди за 2-1, ама тоа не беше доволно за бодови.
„Се боревме, дадовме се од себе, но тие подобро влегоа во мечот. Во овој клуб секогаш си присилен да победуваш“ вели тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Вилбекин трагичар, Монако избори мајсторка
Кошаркарите на Монако го совладаа Фенербахче на гости со 65:62 во четвртиот натпревар од четвртфиналната серија на плеј-офот во Евролигата и се изборија за мајсторка.
Да потсетиме, само Реал Мадрид досега се пласираше на завршниот турнир во Берлин, додека петтиот натпревар ќе го даде победникот и во сериите меѓу Барселона и Олимпијакос, односно Панатинаикос и Макаби.
Исклучително возбудлив натпревар, во кој доминираа одбраните одиграа фенер и Монако.
На крајот Монако победи со многу среќа. Малку фалеше Мајк Џејмс наместо еден од хероите на победата на Монако да биде трагичар. Американецот постигна тројка на 51 секунда до крајот, на гостите 61:57.
Во меѓувреме погодија Вилбекин и Хол, а потоа Марко Гудуриќ со својата тројка ги доведе возбудувањата до точка на вриење. Фенер на 18 секунди до крајот се доближи на 62:63.
Следуваше кулминација на истанбулската драма, Џејмс во предвидените пет секунди не успеа да ја уфрли топката во игра, па Фенер имаше речиси цел напад да ја обезбеди победата,
Вилбекин ја презеде одговорноста, имаше многу време да размисли како ќе ја нападне одбраната на Монако, се обиде да заврши со флотер и промаши.
Топката му припадна на Монако, а Хол со забивање стави точка на натпреварот.
Кај Фенербахче најефикасен беше Марко Гудуриќ со 14 поени (3/3 за три).
Ели Окобо ги предводеше гостите со 13 поени, додека Мотијеунас и Џејмс мечот го завршија со по десет поени.
Спорт
Лејкерси го отпуштија тренерот
Лос Анџелес Лејкерс му врачија отказ на тренерот Дарвин Хем. Отказот е последица на елиминацијата, во првата плеј-оф рунда од актуелните шампиони Денвер Нагетс.
За две сезони на кормилото на Лејкерс, Хем забележа 90 победи и 74 порази, минатата сезона стигна до конференциското финале и беше елиминиран од Денвер со 4:0, исто му се случи и оваа сезона, разликата беше само што Лејкерс успеаја да добијат еден натпревар.
Исто така Лејкерси со Хем го освоија турнирот кој се одржува во текот на сезоната во НБА.
Претходно Хем беше асистент во Милвоки Бакс, Атланта Хокс и ЛА Лејкерс.
Спорт
На тренерот на Будуќност му се заканиле со киднапирање на ќерката: Ќе ја фрлиме во река
Црногорскиот фудбал долго време се наоѓа при дното во Европа, но ова што се случува во изминатите два месеци нема никаква врска со фудбалот.
Во црногорскиот фудбал во последно време имаше многу скандали, дивеењето на навивачите на Сутјеска во Тиват, тепачката меѓу играчите по завршувањето на натпреварот меѓу Бокељ и Ком, потоа тепачката меѓу челниците на клубовите Арсенал и Морнар во Тиват, инцидентото што го предизвика голманот на Будуќност, Ѓорѓија Пваличиќ кога нокаутираше соиграч…
Тренерот на Будуќност, Иван Брновиќ поднесе кривична пријава против непознато лице, бидејќи добил информација дека неговата ќерка е киднапирана и дека ќе биде фрлена во река доколку не плати 20.000 евра.
Се испоставило дека неговото 13-годишно дете е безбедно, но заканата била сфатена сериозно, но без сомнение Брновиќ и целото семејство се во во страв.
Заканите биле испратени по тренингот, кога тренерот требало да има средба со навивачката група на клубот, наречена „Варвари“, но таа била откажана поради грозоморните закани.