Спорт
Удинезе го освои Рим, „небесносините“ лоши во Серија А

Екипата на калчолигашот Удинезе, каде поради позитивен тест на коронавирус во составот го немаше македонскиот фудбалски репрезентативец, Илија Несторовски попладнево оствари значајна победа на „Олимпико“ во Рим против тимот на Лацио со 3-1 во деветтото коло на италијанската прва лига.
Се чини згуснатиот распоред среда – недела им пресуди на играчите на Симоне Инзаги, па по одличните партии во ЛШ каде на 4 меча собраа 8 бода, „небесносините“ сезонава не можат да се пофалат со многу бодови во Серија А. Тука по 9 кола имаат 2 нерешени и 3 порази, доволно само деветтата позиција.
Инаку, Удинезе поведе во 18-та минута, стрелец Арслан. На 0-2 во последните моменти од првиот дел зголеми Пусето.
Во второто полувреме високи 0-3 за гостите од Удине донесе Форестиери.
Конечните 1-3 ги постави Имобиле, од пенал, во 74 минута.
Удинезе со овој триумф собра 10 бода, доволни за 12-та позиција во моментов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Олимпијакос го потврди трансферот на Ниликина

Францускиот кошаркар Франк Ниликина, го напушти белградски Партизан и ќе ја продолжи кариерата во грчки Олимпијакос.
Сагата околу неговиот трансфер од Србија во Грција траеше со денови, но челниците на црвено-белите попуштија и решија да му платат отштета на Партизан, па Ниликина ќе стане играч на Олимпијакос.
„КК Олимпијакос објавува дека го ангажираше Франк Нтиликина. Францускиот бек потпиша двегодишен договор со нашиот клуб“.
Ниликина пристигна во Белград од Шарлот минатото лето, а зад себе има солидна сезона во црно-белиот дрес.
Во Евролигата одигра 21 натпревар, помина просек од 17 минути на паркетот и запиша 6,1 поен со одлични проценти, 55% за два и 37% за три поени.
Ниликина осми пик на НБА драфтот кога дојде од Стразбур, а Њујорк Никс го избраа во 2017 година по инструкции на генералниот менаџер Фил Џексон.
Покрај Њујорк Никс и Шарлот Хорнетс, Ниликина играше и за Далас Маверикс.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Со двајца претставници Македонија на Европското првенство во пинг-понг за играчи до 13 години

Бојана Јовевска и Јован Пармачки се двајцата претставници на Македонија на Европското првенство во Коста, Шведска. Тимот го предводи Златко Рикалоски, соопшти Пинг понгарска федерација на Северна Македонија.
Првенството започна на 24 Септември и ќе трае до 28-ми со претставници од повеќе од 30 држави.
Ова е трето Европско првенство во оваа категорија, а последното се одржа во Романија 2024 година.
Спорт
Јувентус ќе се обиде во јануари да го продаде Влаховиќ

Челниците на Јувентус немаат доверба во Душан Влаховиќ и покрај тоа што тој на пет натпревари оваа сезона, постигна четири гола. Влаховиќ е џокерот од клупата, бидејќи сезонава ниту еден гол не постигнал кога започнал во дстартната постава.
Италијанските медиуми тврдат дека Јувентус ќе се обиде да го продаде напаѓачот во зимскиот преоден рок.
Причината е што договорот на Влаховиќ истекува на крајот од оваа сезона, а вистинска аукција за таков напаѓач би можела да има во јуни. Затоа, за клубот, подобро решение е да го продаде во јануари со симболична отштета,
Јувентус сигурно сака да се ослободи од големите трошоци бидејќи е познато дека српскиот фудбалер заработува 12 милиони евра годишно оваа сезона.
Неговото заминување во јануари би значело 6 милиони евра повеќе во касата на Јувентус и плус неколку милиони евра од обесштетувањето.
Она што е јасно дури и во овој момент, Влаховиќ ќе го напушти Јувентус, без разлика дали во јуни или можеби во јануари.
Foto/ EPA