Македонија
Социјалдемократската младина го избра новото раководство
На првата седница на Централниот одбор на Социјалдемократската младина на Македонија (СДММ), која се одржа денеска, беа избрани новите тела и органи на младината со мандат од две години.
Како што се наведува во соопштението од седницата, за Генерален секретар е избран Гордан Шутаров од ЛК СДММ Карпош, за потпретседатели се избрани: Никола Јакимовски – ЛК Крива Паланка, Марија Иванова – ЛК Струмица, Ана Манасиева – ЛК Делчево, Александар Саша Димитријевиќ – ЛК Гази Баба.

Нови членови на ИО на СДММ се Марко Спирковски – ЛК Прилеп, Фросина Мантева – ЛК Радовиш, Иво Спасевски – ЛК Охрид, Блажена Пејовска – ЛК Кичево, Давид Вељковиќ – ЛК Куманово, Jулија Малахова Геровска – ЛК Центар, Дарко Димовски – ЛК Штип, Ана Трифуновска – ЛК Битола, Јана Ханџиска – ЛК Бутел, Орданчо Данев – ЛК Кавадарци, Евгенија Јанакиевска – ЛК Кисела Вода, Велимир Арсов – ЛК Велес, Магдалена Пенова – ЛК Валандово, Роберт Николоски – ЛК Гостивар и Далила Чекиќ – ЛК Ѓорче Петров.
Денеска се одржа и првата седница на ИО на СДММ, во просториите на партијата, со почитување на сите протоколи за заштита од Ковид-19.
„СДММ се залага за родова рамноправност и во новиот состав на органите на младите на СДСМ има еднаков број на мажи и жени.
Спремни за новите предизвици, во следните две години ќе работиме активно на зајакнување на улогата на младите во рамки на СДСМ и ќе се бориме за реализирање на барањата и интересите на сите млади луѓе“, стои во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

