Спорт
Баерн гостува во Мадрид, Ајакс во Ливерпул
Петтото коло во Лигата на шампионите, во групите А, Б, Ц и Д ќе се одигра вечерва. Дербито е во Мадрид, Атлетико ќе го пречека европскиот првак Баерн. Интересно се очекува да биде и на „Енфилд“ во дуелот на поранешните европски шампиони Ливерпул и Ајакс.
Баерн Минхен обезбеди пласман од првата позиција во групата, во осмина-финалето, додека Атлетико ќе треперат до последното коло. За разлика од Ла Лига, на „јорганџиите“, не им оди во Лигата на шампионите. Си ја компромитираа позицијата со двата нерешени резултати против Локомотив Москва.
Ливерпул, осакатен од повредите, го чека Ајакс. Поразот на Ливерпул во минатото коло, од Аталанта, ја врати неизвесноста во оваа група, каде и Аталанта има големи шанси да стигне до осмина-финалето. Во најдобра позиција засега се „црвените“, имаат два поени повеќе од Аталната и Ајакс.
Група А:
18.55 Локомотив Москва-Салцбург
21.00 Атлетико Мадрид-Баерн Минхен
Табела: Баерн 12, Атлетико 5, Локомотив 3, Салцбург 1
Група Б:
18.55 Шахтјор-Реал Мадрид
21.00 Борусија Менхенгладбах-Интер
Табела: Борусија 8, Реал 7, Шахтјор 4, Интер 2
Група Ц:
21.00 Порто-Манчестер сити
21.00 Олимпик Марсеј-Олимпијакос
Табела: Ман. сити 12, Порто 9, Олимпијакос 3, Марсеј 0
Група Д:
21.00 Ливерпул-Ајакс
21.00 Аталанта-Митјиланд
Табела: Ливерпул 9, Аталанта 7, Ајакс 7, Митјиланд 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Пакета побарал Вест Хем да ја прифати понудата од Фламенго
Играчот од средниот ред на Вест Хем, Лукас Пакета, е на пат да го напушти клубот, објави Гардијан.
Бразилецот го замолил тренерот да не го носи на натпреварот од ФА Купот бидејќи сака да се врати во Бразил. Конкретен интерес за него покажа најбогатиот клуб во Јужна Америка, Фламенго.
Од Бразил во Лондон пристигнала понуда од 40 милиони евра.
Вест Хем не сака да остане без најдобриот играч, во ситуација кога се бори за опстанок во лигата и кога за неговите услуги интерес покажале европски клубови, подготвени да понудат повеќе пари.
Сепак ставот на Пакета е јасен сака да се врати дома, во Фламенго.
Спорт
Галагер се враќа во Премиер лигата?
Конор Галагер би можел да се врати во Премиер лигата оваа зима
Како што откри Матео Морето, Астон Вила тргна во офанзива за неговиот потпис, бидејќи Англичанецот, не е во преден план кај тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне.
Галагер нема ништо против враќање во Премиер лигата, Манчестер Јунајтед и Њукасл исто така покажале интерес, но само од Астон Вила покажале конкретен интерес.
Унај Емери не го доби засилувањето што го сакаше во Харви Елиот, кој ќе се врати во Ливерпул, па затоа Шпанецот сака нов играч од средниот ред, со различен профил.
Галагер има искуство во Премиер лигата, играше за Кристал Палас и Челзи, а претходно во кариерата беше дел од Чарлтон, Свонси, Вест Бромвич Албион.
Пред да замине за Шпанија, одигра 136 натпревари во Премиер лигата.
Атлетико Мадрид пред 18 месеци на Челзи му плати 42 милиони евра за Галагер. Се претпоставува дека „јорганџиите“, за него бараат околу 40 милиони евра.
Спорт
Алушовски го презеде Еурофарм Пелистер
Еурофарм Пелистер има нов тренер. На местото на Рубе Гарабаја, екипата до крајот на сеозната ќе ја предводи, поранешниот играч на овој клуб, Стевче Алушовски.
„Нашиот нов почеток во 2026 година е поврзан со добро познато име. Стевче Алушoвски е нов тренер на Еурофарм Пелистер и ќе ја води нашата екипа до крајот на оваа сезона. 53-годишниот тренер по неколку години се враќа во својот матичен клуб, во улога на тренер на шампионот на Македонија. Алушoвски во два наврати водеше клуб од Битола – Пелистер и Еурофарм Работник, а сега го презема тимот на Еурофарм Пелистер.
Нашиот прославен репрезентативец тренерската, како и играчката кариера, ја започна во Битола. Во мак-ракометот ги водеше Вардар 1961 и Охрид, а кратко работеше и во Исланд“. објави клубот на социјалните мрежи.
Новиот тренер првиот собир го закажа за в среда (14 јануари) во 17:00 часот.
Izvor/ facebook.com/hceurofarmpelister

