Свет
Полицијата во геј-бар во Брисел затекнала оргии со 25 мажи, меѓу нив и европратеник
Белгиската полиција во петокот вечерта упаднала во геј-бар во центарот на Брисел каде што затекнала несекојдневна сцена – оргии во кои учествувале 25 мажи, меѓу кои и еден европарламентарец, како и неколку дипломати.
Како што пренесува британски ТВ6, полицијата не објавила националност или идентитет на мажите, а на лице место била пронајдена и дрога, но белгиските медиуми не наведуваат каква и колку.
Британските медиуми пренесуваат дека европарламентарецот се обидел да побегне, а кога го фатиле полицајците, се повикал на имунитетот.
Рацијата била спроведена бидејќи Белгија е во локдаун, што вклучува и забрана за работа на кафулињата и рестораните во цела земја. На сила е и полициски час, а физичкиот контакт мора да биде сведен на минимум.
Поради тоа, сите кои биле затекнати во барот и кои учествувале во оргијата се казнети со парични казни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

