Спорт
Голманот Едерсон: Најдобро шутирам пенали во екипата!

Голманот на Манчестер сити, Бразилецот Едерсон, тврди дека тој е најдобриот изведувач на пенали во екипата иако стручниот штаб нема доверба во неговите способности.
„Граѓаните“ имаат голем проблем кога се работи за изведувањето пенали сезонава. Габриел Хесус, Рахим Стерлинг, Серхио Агуеро, Илкај Гундоган и Кевин де Брујне промашуваа пенали сезонава.
„Порано тренирав и слободни удари, но тоа е минато, имаме добри изведувачи во тој сегмент. Што се однесува до пеналите, тука сум јас најдобар во екипата иако не шутирам на мечевите“, рече Едерсон.
Гвардиола во 2018 рече дека Едерсон нема да шутира пенали додека тој е на кормилото на Сити.
„Тоа нема да се случи затоа што е голман. Имаме други играчи што може да го сторат тоа, а имаме и почитување за натпреварувањата и противниците“, изјави Гвардиола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Мењан во Челзи, во Милан доаѓа Милинковиќ-Савиќ

Францускиот репрезентативен голман Мајк Мењан (29) ќе ја продолжи кариерата во Челзи. „Сините“ за услугите на голманот на Милан ќе му платата 18 милиони евра отштета, објавија италијанските медиуми.
Мењан пристигна во Милан летото 2021 година од Лил, а неговиот договор важеше до јуни следната година.
Милан се согласи да го продаде бидејќи не можеше да се договори за продолжување на договорот, па овој летен преоден рок беше последна шанса да заработи нешто од неговиот трансфер.
Мењан треба да биде заменет на голот на Милан со српскиот голман Вања Милинковиќ-Савиќ (28), чиј договор со Торино истекува за една година.
Спорт
Седум играчи го засилија Алкалоид

Фото/ rkalkaloid.mk
РК Алкалоид останува на својата определба и во следната сезона да биде клуб составен во најголем дел од македонски ракометари кои ќе добијат врвни услови за тренинг, ќе работат според професионална програма и ќе имаат простор за напредок преку настапите на домашната и на европската сцена.
Неколку ракометари со голем потенцијал и за клубот и за сениорската репрезентација на Македонија доаѓаат следната сезона во клубот.
Алкалоид кој ја освои титулата во Европскиот куп, за следната сезона ангажира седум нови играчи, шестмина се Македонци, странец е само Србинот, Урош Борзаш. Покрај него нови играчи на Алкалоид се: Ненад Костески, Емилијан Ѓорговски, Михаил Аларов, Михаил Иваноски, Ѓорѓи Николовски и Давид Трајкоски,
Спорт
Пукна љубовта, Мурињо ќе го напушти Фенербахче

Жозе Мурињо и Фенербахче ќе го објават прекинот на соработката во следните неколку дена, тврдат турските медиуми.
Ова е епилогот од средбата во Лондон помеѓу познатиот тренер и Али Коч, претседателот на клубот од Истанбул. Мурињо бара 15 милиони евра за предвремен раскин на договорот.
Португалецот го презеде тимот минатото лето, но Фенербахче под негово водство не освои ниту еден трофеј. Во првенството на Турција, тие беа втори зад нивниот најголем ривал Галатасарај.
Покрај тоа, Мурињо беше во постојан конфликт, со судиите, со службените лица од другите клубови, што предизвика гнев кај навивачите и новинарите и му наштети на угледот на турскиот фудбал.