Македонија
ВМРО-ДПМНЕ предлага амандман за изградба и уредување на кејот во Охрид
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ предлага амандман за изградба и уредување на кејот во Охрид.
Кирил Пецаков, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, изјави дека СДСМ нема концепт за развој на туризмот и развојот на Охрид и унапредување на заштитата на Охридското Езеро, а тоа се гледа и од предлог-буџетот за 2021. Според него, СДСМ на чело со премиерот Зоран Заев со ништо не ги помага ниту туристичките работници, кои беа најмногу погодени од пандемијата од Ковид-19.
ВМРО-ДПМНЕ преку амандмани на буџетот за 2021 година предлага низа мерки за кои смета дека се потребни за Охрид и Охридско, но и за туризмот. Во таа насока предложена е изградба/уредување на градскиот кеј во Охрид; Отворање на дневни центри за деца и лица со пречки во развојот во Охрид; Креирање на специјалистички едногодишни студии за работа во култура за туристички цели: археологија, етнологија, историја на уметност, историја, реторика, етика и сл. На тој начин, вели Пецаков, би се вратил интересот за овие научни гранки, а туризмот би се збогатил со луѓе кои се компетентни во овие научни теми.
Понатаму, предложена е набавка на специјален пловен објект за превенција и интервенирање при итни ситуации во медицинска, противпожарна, спасувачка цел по охридското крабрежје; Развој на мобилна апликација Brаnd Macedonia, поддршка на патувања низ Македонија. Изработка на информациски систем е-визиторс и дигитализација на царинската управа. Субвенционирање на угостителски капацитети кои би добиле статус зелени хотели/зелени ѕвездички; Евидентирање и промоција на еколошки зони (екотуризам); Евидентирање и промоција на верски објекти; Изградба на патно поврзување на селото Куратица со Општина Дебарца; Формирање на посебен развоен фонд за туризмот и угостителството; Изградба на катна гаража во Охрид; Реконструкција со надградба и доградба на објектот на НУ Центар за култура Григор Прличев, со цел обезбедување на нов објект наменет за Македонски народен театар; Изградба на велосипедска патека Охрид-Свети Стефан; Изградба на откупно-дистрибутивен центар за земјоделски производи во Охрид; Изградба на станови за млади кадри во планските региони (со посебен акцент на инженери) за потребите на извозно ориентираните компании; Формирање на централно тело за јавни набавки; Формирање на посебна Туристичка инспекција или полиција.
Пецаков ги повикува пратениците од владејачкото мнозинство да ги поддржат нивните амандмани и да покажат дека искрено работат и се грижат за потребите на граѓаните. Во спротивно, вели тој, власта ќе докаже дека воопшто не ги интересираат потребите на граѓаните туку само нивните теснопартиски интереси и бизниси.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден и од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот корисниците од ул 27 Белимбегово (општина Илинден)
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот корисниците од дел од улица 2 во село Кадино, кон Црквата СВ.Илија (општина Илинден)
· во периодот од 11.00 до 14.00 часот дел од корисниците на ул.Љубљанска (општина Карпош)
Македонија
Непречен сообраќај по претежно суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Од 22 часот вчера, патниот сообраќај на стариот регионален пат Р-1101 Прилеп – Битола е пуштен во двата правци. Претходно беше во прекиин поради сообраќајна несреќа, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
(Фото) Втора вечер на Новогодишниот базар во Чаир
Вчера се одржа втората вечер на Новогодишниот базар во Чаир, на Плоштад Скендербег, продолжувајќи ја празничната атмосфера што го одбележува овој настан. Плоштадот беше исполнет со бројни граѓани кои уживаа во декоративните светилки, празничните штандови и новогодишниот дух, велат од општина Чаир.

Вечерта започна со детска музичка програма, со песни и празнични настапи за најмладите, по што атмосферата продолжи со музика од DJ Едмир, создавајќи жив и пријатен амбиент за сите генерации.

Новогодишниот базар во Чаир продолжува и во наредните вечери, носејќи дополнителни содржини и празнична живост во пресрет на новата година.





