Свет
Мадуро е подготвен да се повлече ако опозицијата победи на парламентарните избори

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, рече дека е подготвен да се повлече ако опозициските сили на земјата победат на парламентарните избори на 6 декември, пренесува ТАСС.
„Ако победиме, продолжуваме понатаму, но исто така треба да кажам дека мојата судбина е во ваши раце. Ако победи опозицијата, јас ќе се повлечам од функцијата претседател“, рече Мадуро во телевизискиот говор.
Тој додаде дека неговата судбина треба да ја реши народот на Венецуела.
„Ако опозицијата победи на изборите, јас повеќе нема да останам овде, мојата судбина е во рацете на венецуелскиот народ“, рече Мадуро.
Изборите за еднодомниот парламент на Венецуела ќе се одржат в недела, а за места ќе се борат 107 политички партии и здруженија. Опозицискиот блок, во кој се наоѓа партијата на опозицискиот политички Хуан Гваидо, одлучи да ги бојкотира изборите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Зеленски: Русија изврши 46 воздушни удари и 900 гранатирања за еден ден

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, соопшти дека Русија извршила сериозни напади врз украинска територија, прекршувајќи го велигденскиот прекин на огнот. Според податоците на врховниот командант на украинската армија, Олександр Сирски, руските сили до 16 часот по локално време извршиле 46 воздушни напади и 900 артилериски гранатирања.
„Денеска руските сили употребија 400 дронови за напади врз различни делови од Украина“, објави Зеленски на социјалните мрежи.
Според него, дел од нападите биле насочени и кон регионот Доњецк, токму за време на прекинот на огнот по повод православниот Велигден. Напади биле регистрирани и во областа Курск во Русија.
Украинскиот претседател остро ја осуди агресијата, оценувајќи дека Москва повторно демонстрира целосно непочитување кон верските празници и обидите за деескалација на конфликтот.
Регион
Додик: Британски специјалци се дојдени во Република Српска да ме убијат

Милорад Додик, претседателот на Република Српска и осуден бегалец кој е наведен како бегалец во Федерацијата на Босна и Херцеговина, во интервју за Новости упати сериозни обвинувања.
Тој тврди дека „тројца претседатели на европски земји и еден премиер“ му кажале дека во Босна и Херцеговина е префрлена британска воена единица со многу специфична задача – негова ликвидација.
„Тоа не е класична единица. Станува збор за четириесет војници кои пристигнаа со јасна наредба – не да ме уапсат, туку да ме убијат. И тоа под изговор дека давам отпор. Мафијашки принцип – ако отстраните човек, го отстранивте проблемот. Лидерите од Европа ми го потврдија тоа. Тие не се откажаа, но засега молчат“, вели Додик.
Тој во интервјуто нагласува дека не живее во страв и дека слободно се движи, отфрлајќи ги тврдењата дека е изолиран.
„Никогаш нема да бидам скршен од политичките процеси. Нема да се откажам од борбата за Република Српска“, вели тој.
Додик открива и дека официјални лица од Брисел наводно го советувале да се засолни.
Регион
Сестри си размениле пцости, па тупаници за имотот на нивниот татко

Две сестри се степале за имотот на нивниот покоен татко! Сè експлодирало во двор во Цазин (БиХ) кога жените, откако си размениле остри зборови, почнале да си разменуваат удари. Соседите зачудено гледале како драматичниот конфликт ги вознемирува локалните жители, принудувајќи ја полицијата да интервенира.
„Прво дошло до жестока расправија во дворот од куќата на нивниот покоен татко, а потоа сето тоа прераснало во физичка пресметка“, вели еден од соседите, кој сакал да остане анонимен.
Според него, спорот настанал околу поделбата на имотот на нивниот татко – земјиште и стара рурална станбена зграда.
„Беше страшно да се гледаат две сестри како се тепаат пред луѓе кои со години ги познаваат како мирни и резервирани луѓе“, додава сосед.