Македонија
Шахпаска во посета на шелтер-центар: Ниту еден човек, ниту една жена не смее да биде предмет на насилство

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, беше во посета на еден од шелтер-центрите за сместување и психосоцијална поддршка на жени жртви на насилство и семејно насилство.
Целта на посетата на министерката беше да им се даде безрезервна поддршка на жените кои преживеале насилство од своите партнери или друг член од семејството, но и уверување дека државата ги презема сите потребни чекори за борба против насилството врз жените.
„Ниту еден човек, ниту една жена не смее да биде предмет на насилство. Сите луѓе се еднакви и никој нема право да изврши насилство врз друго лице. Не постои никакво оправдување за таков чин“, истана министерката Шахпаска.
Таа разговараше со жените кои во моментот се наоѓаат во шелтер-центарот, за нивната моментална состојба и помошта и поддршката која ја добиваат од стручните лица, но и можностите за нивно реинтегрирање во ситемот.
Шахпаска се осврна и на законските промени кои ги носи новиот Закон за спречување и заштита од насилство врз жени и семејно насилство, кој предвидува брзо и ефикасно постапување на институциите, посебно судот во постапување и изрекувањето на итни и на привремени мерки за заштита на лицата жртви на насилство. Како и во делот дека жртвата има право да поднесе тужба пред граѓански суд за утврдување одговорност за непостапување со должно внимание од страна на надлежните институци.
Со цел заштита од насилство врз жени, чие здравје е животозагрозувачко под Министерството за труд и социјална политика, на ниво на Град Скопје функционираат три шелтер-центри, а на ниво на државата вкупно 11.
Покрај шелтер-центрите, функционираат и советувалиштата чија основна цел е зајакнување на жртвите, помош и поддршка на нивните специфични потреби и тоа преку психосоцијална интервенција и третман на жртвите на насилство, како и намалување на последиците од доживеаното насилство при што се избегнува виктимизација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Јавен обвинител бил во „Макпрогрес“ ама увидот не е почнат, пожарот уште тлее

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство од Кочани бил во фабриката „Макпрогрес“ но, како што информира Државното јавно обвинителство, увидот се уште не е почнат бидејќи пожарот не е во целост изгаснат и се уште траат активностите за обезбедување на локацијата.
– Во меѓувреме, јавниот обвинител издава наредби и насоки за други дејствија за целосно испитување на настанот, информираат од Јавното обвинителство.
Пожарот во фабриката за кондиторски производи и вафли избувна вчеравечер околу 18 часот при што беа опожарени магацински и производствени погони. Покрај пожарникарите од Виница, во гаснењето беа вклучени и пожарникари од неколку соседни општини.
Сите се во стабилан здравствена состојба. На осум лица, вработени во фабриката, им била укажана лекарска помош во Клиниката за токсикологија во Скопје. Четворица од пожарникарите кои учествуваа во гаснењето на пожарот, биле примени во Општата болница во Кочани, а една пожарникарка била хоспитализирана во Клиничката болница во Штип.
Македонија
Полициски хеликоптер и два ер трактори се борат со пожарот кај Раштак

Пожар попладнево изби над скопското село Раштак на Скопска Црна Гора. Чадот од пожарот се гледа од поголем дел од Скопје.
Дирекцијата за заштита и спасување информира дека пожарот се гасне и од воздух и дека се вклучени два „ер трактора“ и еден полициски хеликоптер.
– Во гаснењето учествуваат повеќе екипи на БППЗ Скопје, тим на ДЗС, два ер трактора на ДЗС и еден полициски хеликоптер, информира директорот на ДЗС Стојанче Ангелов.
Македонија
Сите хоспитализирани од пожарот во Виница се во стабилна здравствена состојба, соопшти МЗ

Тринаесет лица се хоспитализирани по пожарот што вчера доцна попладне избувна во фабриката за кандирани производи и вафли „Макпрогрес“ во Виница. Сите хоспитализирани се во стабилна здравствена состојба, соопштија попладнево од Министерството за здравство.
Осум лица, вработени во фабриката, биле на Клиниката за токсикологија во Скопје, една пожарникарка била хоспитализирана во Клиничката болница во Штип, а четворица пожарникари во Општата болница во Кочани.
Во гаснење на пожарот во Виница, покрај пожарникари од виничката Територијална противпожарна единица, вчера биле вклучени и пожарни единици од соседните општини.
Според последните информации од Центарот за управување со кризи, до 12 часот денеска, пожарот во фабриката е ставен под контрола.